Google, Microsoft и Huawei на српскиот самит за вештачка интелигенција.

Трета година по ред, „Wonderland AI Summit“, овој пат преку Интернет, на 21 и 22 октомври, ќе ги собере најголемите светски имиња во областа на вештачката интелигенција. Се очекуваат повеќе од 2.000 учесници и околу 100 светски предавачи.

Самитот за вештачка интелигенција„ Во земјата на чудата“ ќе има четири онлајн фази кои ќе ја соберат глобална заедница на вештачка интелигенција околу иновациите, идеите и решенијата создадени во оваа област. Инженерскиот менаџер Јован Стојановиќ, основач на Самитот за вештачка интелигенција, за српските медиуми најави дека на онлајн настанот ќе бидат учесници и некои звучни имиња. Huawei, Google, и Samsung се меѓу учесниците и предавачите кои своите знаења и информации ќе ги разменат во текот на двата дена од настанот со другите.

Бренд ИТ компании ќе ги презентираат најновите производи


Според Стојановиќ, самиот настан на овие компании ќе им овозможи да ги претстават своите иновативни нови производи, алгоритми, услуги базирани на машинско учење или вештачка интелигенција. А, од друга страна, самиот настан ќе им овозможи тие едноставно да запознаат луѓе кои се заинтересирани да ја користат таа технологија, кои сакаат да дознаат повеќе за тоа.

Преку настанот, тие ќе имаат можност да видат како изгледа екосистемот на Европа, да ја позиционираат Србија и регионот на едно посебно место, кога зборуваме за технологија која е фундаментално една од најважните во човечката историја.

Домаќин на инвестициски фовндови


Стојановиќ нагласува дека за прв пат, настанот ќе биде домаќин на инвестициски фондови кои инвестираат во стартапи, каде што инвеститорите ќе имаат можност да видат разни производи, кои се произведуваат во регионот.

Оваа година на Самитот за вештачка интелигенција ќе има преку 50 компании кои ќе имаат свои виртуелни штандови и над 30 старт-ап компании кои ќе имаат можност да ја претстават својата иновативна технологија.

Стојановиќ објаснува дека во Србија има напредок во областа на хардверот и во областа на финансиите. -Додека, земјоделството е домен каде што имаме многу знаење и експертиза, но можам да кажам дека поради сите активности што започнаа пред четири или пет години во контекст на градење на заедницата, успеавме да ја позиционираме Србија меѓу водечките земји или екосистеми во светот, каде не е во прашање само Србија, туку се собра целиот регион. Преку него се акумулира повеќе интелектуален капитал, односно се соберани сите интересни иницијативи кои се занимаваат со развој на вештачка интелигенција.“

Вештачката интелигенција -алатка за прогресивни индустрии


Според него вештачката интилигенција е доста интересна област. Пред се како тема за разни медиуми, филмови, кои се појавија претходните години, каде што се потенцираат некои апокалиптични сценарија во тој контекст.

-Она што треба да го разбереме, нагласува Стојановиќ,- е дека, во основа, вештачката интелигенција е алатка која треба да им овозможи на луѓето да не прават здодевни и автоматизирани работи.  Таа технологија може да ни помогне наместо да чекаме десет дена да добиеме информации дали некое лице има рак или не, ние може да го добиеме за неколку минути и каде што всушност можеме да спасиме многу повеќе животи на тој начин.

Исто така да се отворат некои нови индустриски гранки и да се создаде некоја нова вредност каде што човечкиот капитал е всушност во контекст на иновацијата. Тоа е нешто што треба да се истакне кога станува збор за вештачката интелигенција како прва голема вредност што доаѓа од таму.

Google, Microsoft и Huawei на српскиот самит за вештачка интелигенција

Се разбира дека постојат ризици, но ние сме тие што самите ги креираме алгоритмите, самите системи и морам да кажам дека во оваа фаза сме далеку од тие апокалиптични наслови или сценарија, што може да доведе до целосна замена на човек во однос на одредени активности.

Самитот - онлајн со виртуелни тезги


Самитот, кој се организира на 21 и 22 октомври, овојпат е онлајн поради здравствената криза во целиот свет, но се очекува на него да се слушне за најновите трендови во овој сегмент.

- Заедница ќе има можност да слушне за најновите достигнувања на „Ауди“, „Гугл“, „ИБМ“, „Хуавеи“, „Мајкрософт“. Постојат десетици различни алатки на кои се базираат и кои можат да автоматизираат одредени процеси десетици пати побрзо. Ќе биде интересно да се видат кои се тие апликации, од различни индустрии, од земјоделство до финансирање или индустрија за чипови, како еден од носителите, ако можам да го кажам тоа, во однос на развојот на самиот екосистем.