Патувањето до грчкиот остров Тасос, не е толку тешко поради должината на патот (околу 440 км сосе морскиот пат што се вози со траект), туку поради границата. Лезетот на поминување на границите без застој и чекање, граѓаните со македонски пасош уште го немаат почувствувано, а веќе 21. век се ближи кон својата средина.

Границата одзема многу време, нерви и ве исцедува на жештината, иако климата ви е вклучена. Во таа навалица, секогаш се наоѓаат мангупи што се префрлаат од една лента во друга, небаре ќе стигнат побрзо. Всушност, бројот на возила што чекаат на премин на македонско-грчката граница зависи и од денот на кој сте тргнале, ако е некој празник споен со викендот, не ви се пишува добро.  

Кога ќе ја преминете границата ве чека нов ред и чекање на првата наплатна рампа на грчката територија.

Патиштата во Грција не се на германско ниво, но патот од Солун кон Кавала е автопар, се вози во одделни патишта во два правца, па можеме да речеме дека е солиден.

На пристаништето во Кавала, на кое се чека тракт за местото Принос на Тасос, може да се случи траектот да го чекате и 2 часа затоа што од ова пристаниште траектите се поретки. Цената за 2 возрасни лица, едно дете од 5 години и колата чини 45 евра во еден правец.

По возењето по морскиот пат, се истоварате во пристаништето Принос и продолжувате кон Потос – 35-40 км. Влегувате во сосем обично гратче со една главна улица и ако претходно не сте го нашле на интернет вашиот пансион, односно вила, можете долго време да ја барате и никој да не знае каде е, затоа што има многу слични вили, а на некои имињата им се скриени со крпи за на плажа.

Потос е мало гратче со една главна улица, всушност тоа е  магистралата што поминува низ центарот на гратчето. Архитекртурата е од новото време, нема некоја старина, патина и романтика.

Сликата на контејнерите е иста како и кај нас.

Трвовијата се одвивиа во центарот на гратчето, и во чаршијата во која има разни сувенири и реквизити за на плажа, но не е пешачка зона. Низ таа толпа луѓе дозволен е сообракај, па постојано морате да се потргувате за да помине некое возило.

Цените се нешто поскапи од нашите, но тоа е разирливо во турисичко место во среде сезоната.

 

Најблиската плажа ви е во самиот град – Гратската плажа, која ги задоволува потребите и вкусовите на тие што не может или не сакаат многу да истражуваат .

Но, лево и десно од гратчето има прекрасни плажи кои наликуваат на некои познати светски дестинации со чиста вода, со песок и со незаборавни пејсажи.

Сепак, овој туризам не е туризам од висока класа. Всушност, на местата во Грција, на кои оди балканскиот просечен турист, се речиси исти и со сличен стандард на сместување:  мала соба, мала бања, интересно е тоа што на островите употребата на клима-уредот се плаќа дополбнително (6,5 евра на ден), туристичката такса се наплаќа на примитивен и сомнителен начин. Имено, доаѓа човек, кого прв пат го гледате, и ви бара 10 евра за некаква такса (нека е туристичка такса), но не ви остава никаква белешка за тоа. Оваа информација не ви ја дава агенцијата преку која го имате резервирано сместувањето.   

Враќањето од Потос преку пристаништето Принос треба добро да го испалнирате, затоа што траектитие не се толку чести, првиот е во 7,15 наутро, по грчко време, а тоа е 1 час понапред од нашето.

И внимавајте, од Кавала до Солун на автопатот нема ниедна бензиска пумпа, затоа водете сметка за нивото на горивото во вашиот резервоар.