Вештачката интелигенција (AI) е приказната што ги движи пазарите со месеци, подигнувајќи ги вреднувањата на компаниите, додека инвеститорите беа силно фокусирани на сè што е поврзано со идниот развој на AI. Како што се одвива сезоната на заработки, фокусот е се повеќе на тоа дали бројките го оправдуваат ентузијазмот, а помалку на големите ветувања за потенцијален раст.

Google и Amazon неодамна ги објавија своите најнови резултати, давајќи дополнителни индиции за тоа како се покажуваат две огромни технолошки компании и колку се добро позиционирани да профитираат.
Солидните заработки ја одржуваат еуфоријата
Околу 60 проценти од компаниите што досега ги објавиле резултатите, дури 76 отсто прикажаа заработка подобра од очекуваната. Со други зборови, сезоната на заработки е солидна. Растот на заработката кај компаниите од S&P 500 изнесува 13 отсто — петти квартал по ред со двоцифрен раст на заработката. Технолошкиот сектор повторно ја предводи динамиката, при што акциите од IT секторот имаат најголемо зголемување на растот на заработката овој квартал.
(На македонскиот пазар најголем раст не само последниот квартал, речиси во континуитет има банкарскиот сектор.) Реакцијата на пазарот е генерално позитивна, но нестабилна. Сезоната на заработки започна кога S&P 500 беше на историски максимум, а оттогаш предизвика зголемена волатилност на пазарот.
И со добри резултати- пазарна претпазливост
Google и Amazon ги објавија резултатите во средината на сезоната на заработки, веднаш откако големи имиња како Microsoft и Apple ги објавија своите. Двете компании прикажаа резултати подобри од очекуваното.
Двете истакнаа успех во дигиталното рекламирање и многу силна побарувачка за cloud услугите, што ги зголеми приходите. Но, и покрај позитивните резултати, акциите на Google и Amazon паднаа на пазарот, а причината во голема мера беше иста: загриженост поради големите планирани трошоци за AI.
Google, Amazon, Microsoft и други компании во моментов се вклучени во еден вид „трка во вооружување“ за доминација во развојот на AI. Од една страна, пазарите го гледаат ова како позитивно, но од друга, останува прашањето дали овие трошоци може да ги надминат потенцијалните приходи од AI производите. Ова е една од главните причини за претпазливоста / волатилноста кај акциите поврзани со AI во последните недели.
Дали нервозата на пазарот е оправдана?
Факт е дека дел од пазарните набљудувачи уште минатата година предвидуваа привремено повлекување кај акциите поврзани со AI. Тие тврдеа дека AI акциите пораснале премногу, многу брзо и дека ќе има корекција во првата половина на 2026 година. Не е невообичаено „bearish“ трговци да тврдат дека цените на акциите се преценети во кој било период, но кога се повлекуваат паралели со dot-com балонот — кој заврши со пад на технолошките акции по две години силен раст — скептиците сугерираат дека нешто слично може да се случи и со AI. Сепак, иако повеќето аналитичари веруваат дека AI ќе остане, постојат загрижености за високите вреднувања. Во последните недели, помала технолошка компанија, Anthropic, почна да објавува AI алатки што се поевтини и се ривалски на постојните производи од Microsoft. Минатата година, NVIDIA падна за одреден период откако кинеска компанија постигна слични резултати со сопствени AI чипови по многу пониска цена. Стравот е дека помала, поагилна компанија би можела да произведе слични AI производи без масовни трошоци и да преземе дел од пазарот.
Што значи ова за AI акциите на AMAZON И GOOGLE?
На краток рок, а можеби и на долг рок, изгледа малку веројатно дека која било од компаниите би била сериозно загрозена од нови конкуренти, иако волатилните движења на цените — особено под администрацијата на претседателот Трамп — изгледаат неизбежни.
За Google, рекламирањето останува во срцето на успехот. Резултатите покажаа дека пребарувањето и дигиталното рекламирање се покажале добро, што ги намали стравувањата дека AI засега може да го промени однесувањето при пребарување. Google не сака луѓето да користат chatbots за да ја заменат таа услуга. И Amazon и Google се насочуваат кон нови извори на приходи и одржливи профити. Профитабилниот AWS сегмент на Amazon исто така останува стабилен. Се чини дека стратегијата за доминација во AI делумно има цел да спречи AI да ги поткопа постојните извори на приходи.
Двете компании остануваат добро позиционирани во центарот на AI економијата. Иако постојат прашања — заеднички за поширокиот технолошки сектор — што би можеле да предизвикаат ценовни осцилации во наредниот период, веројатно е дека тие имаат стратегии за решавање на предизвиците. Нови производи и софтвери ќе продолжат да се создаваат, а среднорочната перспектива е позитивна поради континуираната побарувачка за AI производите. Приказната за растот на AI е далеку од завршена.