Загадувањето на воздухот нема да се реши ни идните 30- тина години. Проблемот е многу стар за да може да се реши токлку бргу, зашто за прочистување на атмосферата 30 години се како 3 секунди во нашите животи. Некои „екологисти“ тврдеа дека превидувањата за опасност од загадување на атмосферата се само теории на заговор, бидејќи земјата божем „си имала свој одбрамбен систем“, однсоно природата сама можела да се исчисти“, но се покажа дека, како што човекот сам може да си наштети, природата не може да го стаса со чистењето, па така киматските промени во голем дел од планетава го доведоа човековиот опстанок во прашање. Земјата се суши, родните полиња ги снемува по обилните порои, опстанокот на пчелите е загрозен, што претставува голема закана за општиот опстанок, цените на храната растат – трпезата се тенчи.
Човештвото прави напори да се спаси, претајќи као давеник во некоја брза река, но тоа не оди така лесно. Речиси сите проекти за намалување на загаденоста, или за користење на обновливите извори на енергија, или чинат скапо, или носат загадување на свој начин. Со оглед на поскапувањето на цената на струјата, ем поради сушите, поради ограничувањето на користењето на јагленот, поради затворањето на бројни нуклеарни централи (Германија на пример), војната во Украина , односно санкциите кон Русија, ја дигнаа цената на електричната енергија, па така тоа се одразува и на електричните автомобили, што ги измисли човештвото токму за заштитата на животната средина.
Откако почна да поскапува струјата, се појави и проблемот со цената на полнењето на тие автомобили со струја, кое на почетокот беше бесплатно. Но, сега, компаниите што нудеа бесплатно полнење на електричние автомобили, се почесто ја наплаќаат таа услуга.
Електричните возила со години се сметаа за поекономична верзија за транспорот за купувачите во однос на обичните автомобили со мотор со внатрешно согорување, дизелашите и бензинците.
Високата цена на електирчните автомобили на почетокот беше балансирана со бесплатно полнење, што значи „бесплатно гориво“. Многу земји нудеа бесплатни полначи на патиштата и на паркинзите за да ги намамат потенцијалните купувачи да се решат за возила кои се рекламирани како спас за човековата околина.
Дури и таа повисока цена на електирчните автомобили на големо беше компензирана со разни субвенции и стимулации кои ценовната разлика ја чинеа помала, па беше поелсно купувачите да се убедат да се решат да преминат на автомобили на батерии.
Но, со растот на цените на енергенсите, исплатливоста на електричните возила е се помала. Тие што имаат можност своите возила да ги полнат, сега плаќаат осетно повисоки сметки за струја поради скокот на електирчната енергија на пазарот. Истовремено, бројните бесплатни јавни полнилници почнаа да ја наплаќаат услугата. Дури и големите продавници, кои на купувачите им овозможуваа бесплатно да си ги полнат возилата додека купуваат во нивните пордвници, почнаа да ја наплатуваат потрошената струја.
Последиците од скокот на цената на струјата се видливи и во Словенија и во Хрватска.
Дополнителн удар за електирлчните возила претставува одлуката на многу змеји да ги намалат или сосем да ги укинат субвенциите и стимулациите за купувњње нови видови коли, што ја става под огромен прашалник иднината на електричниот транспорт.
Друг проблем, за кој можеби купувачите на размислуваат пред да ја донесат одклуката, е местото на живеење. Имено, тие што живет на повисоките катови во зградите се прашуваат: како би ги полнеле своите љубимци.
Предупредувањата за последиците од растот на цената на електричната енергија врз цената на електиричните возила веќе ги имаат изнесено автомобилските стручњаци во Германија.
Растот на цената на електричната енергија, како и цената на достапноста на суровините, постојаниот недостиг на делови и сеприсутното намалување на стандардот на граѓаните при растечка инфлација имаат значително влијание на производството и на продажбата на автомобилите. Стручњаците предупредуваат дека, ако продолжи ваквиот тренд, посоти опасност од промена на ставовите на инвеститорите кои нема да имаат мотив за изградба на уреди за полнење што ќе ги направи електричните автомобили помалку привлечни затоа што ќе бидат непрактични за возење.
Стручњаците за економијата на автомибилската индустрија, растот на цената на електричната енергија, покрај се почестото наплаќање на полнењето на патиштата и во разни други објекти, во кои досега тоа беше бесплатно, ја доведуваат во прашање иднината на електричните автомобили.
Експлозијата на цената на струјата би можела да се претвори во акутна опасност за транзицијата на транспортот и на возилата, ако поскапат електричните автомобили, па може да се случи продажбата на ови коли да се сведе на минимум, а нешто што е минимум значи дека не е исплатнливо за производство. Па така електричните автомобли го губат својот шарм.
Инвеститорите во производство на електричните автомобили ја повикуваат германската влада да ја држи цената на струјата под цената на бензинот за која велат дека е клучна за иднината на електричните автомобили.
Дополнителен проблем за иднината на електричните автомобили претставува и постепеното укинување на стимулациите за нивно купување.
Аналитичарите на автомобилскиот пазар тврдат дека производителите на електрични автомобили ги продавеле своите возила по полна цена, а дека државите продажбата ја субвенционирале со разни стимулации, но тоа завршува преку грбот на тие што не возат електричен автомобил.
Сите возачи на другите автомобили преку разни давачки и даноци ги плаќаат тие стимулации од што исклучително добро профитираат сопственците на електричните автомобили. За бензинците и дизелаштие, па дури и за колите на плин, кои се исклучително еколошки прифатливи, немаше субвенции. Дури, едно време, мораа да се плаќаат додатни придонеси за возилата на плин (хомологација, тестови итн.)
Во стимулациите спаѓаат и бесплатен сервис, посебна гаранција на батеријата, дополнителан гаранција, помош на пат итн. Искусните купувачи знаат дека штом некој толку „дава“ нешто се крие зад грмушката!
Па така, граѓаните го плаќаат полнењето на бесплатните полнилници, зашто сметката мора некој да ја плати. Економијата функциониреа според „домино системот“, ако едно падне на почетокот – мора да падне и последното“.
Така е со сите субвенции, сите плаќаат во корист на некоја целна група. Но, тоа ако мора – нека мора, само парите да не одат на погрешми места и во приватни џебови.
Ако ги немало тие стимулации, барем во нашиот регион ќе се продавале барен 50% помалку современи автомофили, на кои моторот не му се слуша, бидејќи го нема, батериите ја вршат работата.
Сигурно дека електричните автомобили во годините пред нас ќе бидат присутни на улиците, зашто тоа се нови возила, платени доста скапо, во прашање е и угледот на сопственикот, а и надежта дека нивното оддржување, односно полнење, ќе се врати на првобитниот бесплатен начин.
Што се однесува на еколошката оправданост за производство и ставање во сообраќај на овие возила, нивниот еколошки придонес е едно големо прашање (за кое пишувавме) со кое се занимава науката, која има тешка задача да го реши. Истражувањата покажуваат дека при ископување на рудата, транспортот, производството и одлагањето на искористените батерии има големо загадување.
Некои велат дека струјата не е добро еколошко решение и во наредните децении нема да биде, додека не се реши проблемот со батериите што се користат сега! Додека не се измислат поефикасни, „чисти“ батерии, нема смисла да се зборува за еколошко решение со користењето на сегашните електрични возила. За опстанок на електричните коли, без оглед на растот на цената, ќе влијае и фактот што нема алтернатива за нивното напојување. На прием, автомобилот на бензин можете да го прилагодите на плин (поевтино гориво). Електричниот автомобил нема алтернатива, нему му требаат струја и батерија и ништо друго!
Купецот што купил електричен автомобил и за него издвоил 30-30-40-50 илјади евра е присилен да остане на тој сиситем, зашто нема алтернатива.
Многу земји веќе почнуваат да воведуваат забрани за коситење на моторите со внатрешно согорување, што ќе оди во прилог на продажбата на електричните автомобили. Но, тешко е да се очекува дека политичарите, кои со години се залагаа за забрана на бензинците и дизелите, да ја сменат одлуката и да ги укинат најавените забрани, па така, во овие околности, може да се претпостави дека електричните автомобили, сепак, ќе се продаваат.
Ако се стимулира купувањето на пр. со ослободување од патарина ,паркирање или нешто сл. како во многу држави, да се обезбеди поволни услови со ослободување од царини и други давачки за половни ел. возила, веројатно продажбата ќе се зголеми.
Во Македонија пред само четири години, во 2019, продажбата на електрчни возила изнесуваше само 1.6% од сите нови возила. Само 4 години подоцна уделот на електрични автомобили е веќе 10.1%. Тоа е покачување од 630% ‼! На пазарот има и половни електрични возила, но цената е висока. Друг проблем е бројот на станиците за полнење. Во земјава има 50-тина такви станици, од кои само 2 се опремени со брзи полначи. Повеќето полначи се сопственост на ЕВН на кои полнењето е бесплатно. Македонските продавачите велат дека бројот на полначите треба да биде 10 пати поголем, и тоа брзи поланчи, како една од мерките за стимул за купување на овие возила. Продавачите велат дека цената на чинење во процесот на употребата на возилото е 6-8 пати поевтино во споредба со возилата со мотор на внатрешно согорување и 3-4 пати за одржување при помината 100 – 150 илјади километри. Тие немаат потреба за оддржување и сервисирање. Се што треба да се менува е гуми бришачи и течности. Немаат ремени, вентили, масло итн.
Македоските граѓани се уште немаат можност да добијат субвенции за електирчни или за хибридни возила. Во буџетот за оваа година не е предвидена директна парична поддршка за набавка на возилата што користат поевтин и поеколошки погон, иако субвенциите беа најавувани неколку пати. Едностано, Министерството за финансии го нема одобрено таковиот предлог на Министерството за економија.
Во Србија, граѓаните што сакаат да купат електрично возило, можат да сметаат на државна поддршка од 2500 - 5000 евра. Слични се износите за субвенционирање и во соседните земји.
Во Макекдонија лани биле увезени вкупно над 33 илјади возила, од кои околу 9 илјади биле нови, а над 23 илјади биле половни. Од увезените 81 возило било на електричен погон од кои 38 биле нови, а 43 половни. Бројот на увезени со хибриден е 524 автомобили. Од нив 476 биле нови, а 48 биле половни. Со мотор со внатрешно согорување лани биле увезени над 31 илјада и 500 возила
Најголем проблем од сето ова е желбата и можноститие. За нашиот македонски стандард овие возила се многу скапи. Продавачите и познавачите на состојбите, пак, очекуваат дека сепак бројот на електричните возила што ќе се возат со постепено ќе се зголемува.