
Колку и да се фалиме со успесите „достигнати“ со некои мерки, сепак Македонија, како и целиот свет, се наоѓа во тешка економска криза. Многумина тоа би го нарекле пред буквално глобална експлозија, која ќе предизвика невидено назадување на светската економија, особено назадување на малите земји во кои економските процеси се движат стихијно и во кои се реагира од денеска за утре, а не системски, конзистентно и доследно.
Граѓаните со право се плашат за утрешнината кога секој ден се соочуваат, не само со високите цени во маркетите, туку и со недостиг на голем број од нив, меѓу кои и на некои што порано се сметаа за неопхпдни за нормална исхрана или употреба. Така, најголем број од македонските граѓани се откажуваат постепено од некои навики, односно од некои производи што ги практикувале редовно.
Засега нема оптимизам дека работите воопшто ќе тргант на добро, а камоли брзо. Последиците од вакви светски кризи не се одразуваат веднаш, туку по два, три, па и шест месеци, поради залихите на компаниите и поради првичните мерки на владите, но кога ќе почнат да се чувствуваат остануваат со години, па и децении, многу подолго отколку што може еден лаик да си претпостави. На пример, некои економисти велат дека светот не е уште опоравен од големата хипотекарна криза од 2008 година што се затркала од Америка. Потоа, закрепнувањето го поткопа пандемијата на ковидот, па на тоа се надоврза војната во Украина, па конфликтот во Газа, па сегашниот во Иран и околу Иран.
Во најновиот извештај на ММФ се тврди дека светската економија ќе достигне раст од најмногу 3 проценти, а трошоците за живот ќе се зголемат за 4,4 отсто. Ако Иранската криза се оддолжи, трошоците можат да се згоемат за 5.4%.
Што се однесува до Макеоднија, ММФ во најновиот извештај прогнозира побавен раст и повисока инфлација од претходно предвидената - тоа 4,5%, а растот на БДП ќе изнесува 3,1%.
Речиси иста инфалција ќе има и во Босна и Херцеговина.
Во регионов, највиосока инфлација се очекува да има во Србија - 5,2%.
ММФ предупредува дека, ако продолжи конфликтот околу Ормутскиот теснец, најпогодени ќе бидат земјите што увезуваат енергија, не само нафта и деривати, туку и електрична.
„За да го одржат кредибилитетот на нивната фискална политика, креаторите на мерките треба да воспостават внимателна рамнотежа помеѓу заштитата на фискалната одржливост и заштитата на најтешко погодените и имаат што најмал капацитет да одговорат. Добрата вест е што многу земји досега избегнуваа намалувања на даноците, субвенции за енергија и контрола на цените. Нетолку добрата вест е дека гледаме како некои земји воведуваат нецелни мерки, контрола на извозот или широко распространети намалувања на даноците. Иако намерата зад овие мерки може да биде добра - тоа е да се заштитат луѓето од шокот - ваквите нецелни акции само ќе ја продолжат болката од високите цени.“, изјави Кристалина Георгиева, шеф на ММФ.
ММФ сугерира помошта од растечките цени да биде насочена само за најранливите категории граѓани.
„Нашиот централен совет е да се заштитат најранливите, а воедно да се зачуваат ценовните сигнали за да им се помогне на економистите да се прилагодат. Високите субвенции за енергија или намалувањата на акцизите не се најдобрата алатка. Тие ги искривуваат ценовните сигнали, се фискално скапи, регресивни и тешко се ублажуваат. Плус, како што ќе илустрирам за момент, тие создаваат меѓународни прелевања. Трето, кога е потребна поддршка, таа треба да биде привремена и насочена кон најранливите. И треба да биде во согласност со фискалната рамка и одржливоста на земјите“, изјави Родриго Валдез, директор за фискални прашања.
ММФ е подготвен да поддржи одредени земји со заем од 20 до 50 милијарди долари.
На Народната банка ММФ и препорачува да ја зголеми референтната каматна стапка и, ако е потребно, да ја зголеми задолжителната резерва.
Фискалните отстапувања , особено од „ад хок“ зголемувањата на платите во јавниот сектор и пензиите, заедно со надминувањето на трошоците за големите инфраструктурни проекти, можат да ја попречат фискалната консолидација и да ја еродираат довербата на пазарот., пишува ММФ. Неопходни се и реформи во судстсвото, пазарот на труд, контрола во тековсните трошоци и намалување на трошоците за данокот на ДДВ, препорачува Фондот.
Многумина ќе помислат дека Извештајот на ММФ е пишуван специјално за Македонија, иако тој е зивештај за целиот свет или за поголемиот дел од светот. Се’ што е негативно наведено во документот се наоѓа на територијата на нашава земја. Но, главна причина за стагнацијата и за ниските проценти на напредок е корупцијата и политичката некултура, нетрпеливост, осветољубивост, необразованост и неодговорност, недопирливоста на високиот криминал и бавноста на правдата или нејзино отсуство.
И во вакви околности, колку и да постои антиевропско расположение, не само кај нас, туку и во дриги европски змеји, сепак тие што ја сфаќаат припадноста и можноста за заштита од безбедносен и од економски аспект се’ повеќе се доближуваат до европското јадро, само тие што немаат долгорочен поглед на иднината велугваат во центрифугалната машина од која може лесно да се испадне, без можност за враќање назад.
Мерките за животниот стандард се добредојдени, но тие не можат да важат вечно, затоа што тие мерки се контрапродуктивни за фискалната полтика, ако ги намалите даноците, приливот во буџетот се намалува.
Затоа, економската политика мора да има долгорочна стратегија, и цврсти определби за иднната на своите граѓани. Таму кај што се стремат сите што и припаѓаат на европската цивилизација на која и од тлото на нашата земја има добиено големи придобивки.