На Фестивалот на европскиот филм на Палиќ, својата српска премиера ја имаше третиот филм на македонскиот режисер Игор Иванов Изи – “Čisto ljudski” – оригинално насловен „ХОМО“.

Филмската публика Изи го знае по неговите претходни остварувања – „Соба со пијано“, но и по „Upside Down“, за кој освои награда во Валенсија, како и по дебитанското остварување „Бубачки“, со кој беше во селекција на Берлинале, а освои „Златен леопард“ во Локран.
Роден е 1973 година...

Според Игор Иванов, фестивалот на Палиќ е „најрелевантниот фестивал во Србија“:

- Тој е ориентиран кон Европа и има избор што е во согласност со времето во кое живееме. Палиќ е конвергентна точка. Луѓето се собираат тука само од една причина - затоа што го сакаат филмот - вели режисерот за српските медиуми.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=mq4zbHBqDTQ&t=1s[/embed]


За реализација на „ХОМО“, тој имаше српски копродуцент, куќата „Art & Popcorn“, која му ја обезбеди директорка на фотографија Марија Радошевиќ, со која имаше одлична соработка, како и со актерите Јелена Михајловиќ, Горан Шушљик…
- Најлошото нешто за режисерот е вештачка копродукција, кога треба да го смените сценариото или да измислите зошто некој треба да зборува фламански ... Или некој да ви донесе директор на фотографија или сценограф кој нема никаква врска со милје што сакате да го покажете. Мојот филм го прикажува Западен Балкан и ги третира проблемите што ги мачат, луѓето од поранешна Југославија, а можеби и пошироко. Како што Скандинавците природно се поврзуваат во копродукции, така и ние Балканците природно се поврзуваме. И тоа секако е поприродна врска од Македонија - Исланд. Кога снимате филм кој ја третира вашата генерација, нејзините проблеми, околината, тогаш е подобро да работите со луѓе што го знаат тоа - објаснува Иванов.

Филмот „Хомо“ носи не многу убава слика за македонското општество, во која владее невработеност, незадоволство, вознемиреност, грубост...
- Филмот е секогаш селектирана реалност. Многу луѓе ми замерија дека овој филм е доста мрачен и не е соодветен за времето во кое живееме, особено поради пандемијата. Апсолутно не се согласувам со тоа. Мислам дека филмот воопшто не е мрачен, само е реален. Не ми е цел да навредам некого, ниту да го изигрвам балканскиот Гаспар Ноу. Како и сите луѓе кои се занимаваат со естетика, така и убавината е примарна категорија во мојот живот. Овој филм се занимава со мојата генерација и потребата таа да се демаскира и да се види нејзината суштина. Сакав да го покажам моралниот пад што го доживеавме за време на транзицијата на општеството на оваа почва. Секогаш искрено се надевав дека ќе бидеме многу подобри од нашите родители. За жал, се покажа обратно - наведува режисерот за порталот на „Нова С“.


„ХОМО“ ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал Гоа во Индија, а потоа беше прикажан на четири американски фестивали (два во Калифорнија, Њујорк и Хјустон).
- Добивме дури и некои награди, се очекува да бидеме прикажани во Ненси, Франција, а потоа и на уште десетина фестивали. Штом завршивме со снимање, изби пандемија и моравме да донесеме одлука дали да чекаме или да одиме. Не сакав да чекам и покрај се решив да патуваме - посочува режисерот кој, како што признава, „се врати во живот“ по година и пол.