
Сите, без исклучок, се прашуваат дали има излез од економскава криза која треа не со години, туку со децении. Уште во времето на Милка Планинц почна интензивно во реченичниот оптек да се тркалаат зборовите, криза, инфлација, реформи…
Кога ќе се рече „сите“, тоа значи дека навистина сите се заинтересирани за излез од кризата – богатите од желбата да го зголемат богатството, а сиромасите за да преживеат, односно барем малку да им се олесни живеачката. Единсвени што не се заинтересирани се властите, затоа што кај нив нема криза, а тие што ги величаат, а што мизеруваат, се подготвени и „корења да јадат“, само да не признаат дека нивните идоли никако да ја свртат кривата на графиконот нагоре.
Бидејќи речиси 90 насто од жителите на Македонија живеат во сиромаштија, тоа значи дека над сите нив, секој ден, виси желбата и пршањето – дали и кога ќе се излезе од оваа мака, немаштија што носи трауми, депресии, анксиозност и зависност од антидепресиви, па и од пороци, како дрогата и алкохолот.
Теоретски, одговорот е „да“, Макеоднија може да се извлече од економските проблеми. Но, кога ќе се видат параметрите, производството, бројот на (не)вработените, капацитетот на индустријата, земјодлеството, трговскиот дефицит и другите показатели, не може да се донесе друг заклучок, освен дека тоа не може да се случи брзо и автоматски.
Македонската економија има неколку сериозни слабости: ниски плати и продуктивност, иселување на млади и квалификувани луѓе, зависност од увоз, слаб индустриски развој, корупција и бавна администрација, мал домашен пазар.
Сите досегашни власти, од осамостојувањето (1991) до денес, не успеаја да ја подобрат економската ситуација, односно животниот стандард на своите граѓани, што е основната и единствената смисла на владеење со државата.
Буквало, на целиот свет му е јасно дека мотивот на кандидатите за функции во оваа држава е единствено сопстведниот интерес и стекнување што поголемо лично богатство. Така, имаме пратеници со по 10 стана, со огромен имот, за кој, пред да стапнат на функцијата, можеле само да сонуваат за такво богатство, но го избрале единствениот „исправен пат“ во оваа држава, а тоа е активноста во добитничката партија и имале среќа да се најдат на повисоките места на изборните листи. Ништо друго никому не му е важно, ни индустрија, ни извоз, ни продуктивност – ништо.
Многу други држави и земји би посакале и би биле среќни да ги имаат нашите природни услови за развој на економијата. Многу држави од пустини прават плодно земјиште како Израел, а Холандија, на пример, чии климатски услови не можат да се споредат со наштие, секоја година извезува храна во вредност од околу 130 милијарди евра!!!
Македонија има голем природен поенцијал: првин – плодно земјиште, добра географска позиција на Балканот, ниски трошоци за производство, членство во НАТО, близина до пазарот на Европската унија, потенцијал за енергетика, ИТ, логистика и земјоделство. Но, сите тие податоци остануваат на хартија, никако да се опереционализираат. Ставањето во функција и во систем на сите овие потенцијали би значело длабоки промени, кои мораат да се спроведат веднаш, бидејќи одлагањето на тој императив значи секојдневно осиромашување, задолжување и опасност од банкрот на државата, односно момент кога долговите нема да можат да се враќаат, а тоа веќе се гледа по голем број показатели во моментов, како што е неможноста на фирмите да им се врати однапред платеното ДДВ, немањето пари во буџетот за покачување на платите во државниот сектор, новите здолжувања и тн.
Сите европски авторитети, и политики и економски, за излез до кризата на прво место ја ставаат препораката од сузбивање на високата и организирана корупција. Под „организирана корупција“ се подразбира единство на власта со мафијата, вработување исклучиво на партиски луѓе во државниот апарат и администрацијата, корупција во царината чиј рекет директно влијае врз кондицијата на производителите и на трговците, што ги прави производите поскапи, а животниот стандард понизок.
Прашање што често се поставува, а на кое никој не дава одговор е – колкава е стручноста на владејачките кадри за местата што ги држат. Одговорот е - многу ниска кометентност, особено тоа се гледа во дипломатијата, на чие чело се редат кадри без кариера, без практика што е можеби најголемиот удар, не само врз политиката, туку и врз економијата. Па, на сите веќе ни здодеаја нејасните дилеми околу проблемот со почетокот на преговорите со ЕУ, односно образложенијата за причината за неспроведувањето на нашите обврски преземени со преговарачката рамка.
Македонија има најмал прилив на странски инвестиции токму од овие причини, инвеститорите беагаат од несигурни земји, од нејасна економкса и надворешна политика, од наместени судски процеси и од бавноста на администрацијата. Во Македонија веќе ја нема ни евтината работна сила по која доаѓаа, таа евтина работна сила се повеќе се ситуира во развиените европски и прекуокеански земји. Така, Македонија е оставена да бара кадар што доаѓа од со војна загрозените подрачја, но нејзината стручност и вештини се големо прашање?
Инвеститорите дури јавно го кажуваат тоа, односно ја потенцираат недовербата во институциите и правосудството. Штом нема сигурност во правото и во правниот систем, од нив не траба да се бара сентименталност или љубов и симпатија кон граѓаните на Македонија, со кои ние често знаеме без осноава да се фалиме.
Така, ние не можеме да се пофалиме дека имаме фабрики со висока технологија и со високо напредно технолошки произовид за кои се интересира светот. Светот веќе не се интересира ниту за нашето земјодлеско произовдсто, кое е скапо и заостанува, а и не може да ја задовли побарувачката на количина, напротив и самите почнавне да се храниме исклучиво со увезени продукти, на пазарните тезги ги нема веќе, тетовскиот грав, драчевскиот кромид, „јабучарот“ и многу други сорти што пред само 20 години ги имаше во изобилие.
Светот се трка да достигне производство на висока технологија, роботика, вештачка интелигенција, електрични автомобили, паметни телефони, разна опрема, ништо од тоа што го носи модерниот развој и што е курентно на светскиот пазар кас нас не се произведува, почна да се произведува во соседството, како на приемр во Србија.
Навистина е многу загрижувачки што на овие прашања едноставно нема одговор, ниту некој е заинтересиран да го даде, дури никој не покажува загриженост и компетентност да одговори на толку едноставни прашање, на кои ги обврзува функцијата. Излазот на обичниот граѓаниин се сведува на иселување, но тоа не го може секој, особено не постарите и луѓето без занаети, па така нашето население, не семо што се намалува, туку и старее. Последните податоци, кажуваат дека за една година 2000 души се починати повеќе од новородените жители на земјава.
Ако го земеме енергетскот сектор, ќе се соочиме со фактот дека државите што зависат од увоз на енергенси се многу ранливи. Нафта не ни дал господ, ама дека можеме да се осамостоиме во производството на струја – можеме, а не преземаме ништо. Со децении се вергла проектот „Чебрен -Гелиште“, но ништо од тоа, наместо такви големи капитални инвестиции, нашите генијални дострели се сведоа на мали хидроцентрали што ги уништија реките и животинскиот фонд во нив. Едноставно, во македонските реки нема риби.
Никој не ја сфати сериозноста и можноста и фактот дека нашава земја е важна балканска крстосница, па и со пошироко регинално значење. Македонија, и покрај тоа што се гради нешто, има најмалку развиена патна структура, но нема ни железница, иако коридорот 10 (север –југ) е витална артерија за евтин транспорт од солунското пристаниште кон Европа. Македонија имаше можоста да стане и јазол за гасоводните мрежи што ја заобиколија и така од рака ни се лизнаа годишно по околу 200 милиони евра, „ни лук јал, ни лук мирисал“.
Сите фалби дека Македонија напредува со невидено темпо и дека е на некои високи позици во економскиот развој во споредба со Европа, се лажни и безнадежни. Факт е дека Македонија има бавен раст што не ветува брзо опоравување на стандардот на граѓаните, чувство на стагнација и на изолација, голема разлика меѓу богатите и сиромашните, во чии очи оправдано се создава впечаток дека „нема перспектива и излез“.
Македонија е соочнеа со европскиот императив за спроведувае реформи. Ако успеат, Македонија би можела постепено да стане стабилна мала економија, регионален производствен и логистички центар, држава со повисоки плати и помало иселување.
Ако продолжат истите проблеми, можно е натамошно празнење на населението, недостиг на работници, раст на долговите, зависност од увоз и кредити и уште поголема сиромаштија и безизлез.
Интересно е што многу држави што денес се успешни — како Полска, Словачка, Естонија и други, во 1990-тите беа посиромашни од нас, но направија силни институционални и економски промени, што резултираа со надминување на нашиот стандард и сега се ценети змеји во кои економскиот концепт бил ставен во функција на граѓаните, а не на индивидуалните интереси.
И на крај, најважниот фактор – времето! Прашање е колкав број од сегашното население на Макеоднија ќе го дочека подобриот стандард? Времето си минува во надеж дека ќе биде подобро, а во практиката нема никакви инцикации дека ќе биде така.