Македонската економија е линеарна. Се залага искористениот производ по употребата да се фрли. Но, во циркуларната економија тоа е поразлично. Откако произовдот ќе се искористи, тој повторно треба да се врати на пазарот во својство на секундарен ресурс. Преку тоа циркуларно користење на искористените производи би придонеле нешто за природата и економијата.
Со повторно користење на производите кои еднаш влегле во пазарот, цената на производство на секундарните продукти е помала од користење на примарните продукти. Со тој некаков концепт на поврзување на економскиот развој и заштитата на животната средина, вели Лозановска, можеме да добиеме големи бенефити за општеството.

„Секој човек може до одреден степен да направи разлика. Најприватливо општо во Европа е преку рециклирањето на хартија, на пластични шишиња и дурги реупотребливи ресурси. И кај нас и во регионот, има интересни идеи на луѓе кои имаат сопствени бизниси, каде продуцираат нешто од пластика - накит, делови од компјутери, искористен мебел го обновуваат и го продаваат.. Тоа се начини на кои може да биде да се добие економска придобивка“, смета Лозановска.
Според неа, на повисоко национално ниво, одредени легистлативи и закони би требало да помогнат во зголемување на циркуларната економија.
„Некои закони постојат, но, нивната имплементација е многу спора и до одреден степен неуспешна. Кога зборуваме за национално ниво, треба да се работи повеќе да се овозможи повеќе овој концепт на циркуларна економија да има поголеми придобивки. Мислам дека можеме да ги следиме трендовите на глобално ниво, но, на кој степен е неблагодано да се каже. Некои држави имаат повеќе пари да инвестираат во напредни технологии кои ние ги немаме. На нас не ни недостигаат идеи, има многу идеи кои и понатаму може да се развиваат. Недостигаат експертиза и грантови до одреден степен, но ако почне да се оди постепено со помали чекори, може да се постигне успех“, потенцира Лазановска.
Ставот на Лазановска е дека самото име циркуларна економија не продава, туку треба да се зборува на поразговорен јазик отколку да се користи тоа име. Бидејќи самото име е една алатка како да дојдеме до поголеми бенефити.
„Луѓето често не се толку спремни на промени. Самиот термни треба да се внимава на кое ниво се употребува. Начинот на кој се промовира е еден од проблемите, мислам дека ни фалат иницијативи туку и во образовните програми на високобразовните институции. Ако се сппредуваме со другите земји од Европа, тие се повеќе освестени за циркуларната економија и нејзините придобивки бидејќи со неа се запознаваат многу порано отколку кај нас“, вели Лазановска.
Како што објаснува таа, една од придобивките од циркуларната економија е да се намали зависноста која постои и да се концентрира на производство во сопствената земја, сметајќи дека би се намалила зависноста од природни ресурси кои треба да бидат увезени. Со тоа државите ќе станат порезистентни во услови на криза кога амтеријалите на светските пазари достигнуваат високи цени.