Како искуството, визијата и креативниот потенцијал можат не само да го подобрат вашиот бизнис туку и да отидат и чекор понапред со времето, односно како машините и човекот можат да ко-креираат заедно низ бројни примери го објаснува Гого Рафајловски, оперативен менаџер во Networker и консултант за интелектуална сопственост, кој постојано им помага на претприемачите и на иновативните старатапи да го достигнат својот максимален потенцијал. Како компаниите и индивидуите можат да го искористат својот интелектуален потенцијал и современата технологија, нашиот соговорник се обидува да го долови преку бројни примери.

 

 
Изобилство на иновации

Денес во светот е следната ситуација – НАСА со сиот свој буџет, со сите свои ресурси, со официјалната држава (САД) зад себе во принцип во една мисија имаат околу 6 500 патенти на нивните пронајдоци.

Просечен произведувач на автомобили во Европа  има над 9 600 патенти  за своите автомобили. Тоа значи дека компаниите се повеќе иновираат, се повеќе заштитуваат и се повеќе менаџираат бидејќи тоа им дава конкурентска предност. Затоа што кога имате патент, пронајдок на нешто имате право во наредните 20 години да го монетизирате и да го ставите во функција на вашиот бизнис. И не само да бидете први, туку и ја спречувате конкуренцијата да го прави истото. По 20 години, тој патент станува јавно добро и можат сите да го користат.

 Еве уште еден пример што консултантот го истакна со оглед на тоа што скоро излеговме од една пандемија со далекусежни последици од која се наметнува прашањето: Дали метод на лекување може да биде патентиран?

Во принцип лекувањето може да биде патентирано само во случај ако спроведеме  нов метод на лекување со човечка интервенција.Доколку земеме нешто од природата и го пресликаме во лек без човечка интервенција тогаш не може да се патентира.

Од пандемијата од која излеговме има 7800 нови иновации и апликации за патенти, од кои 2 700 само за вакцини, односно за методи на лекување на ковид. 

Ова е доказ дека не само колку многу се иновира, туку и колку луѓето сакаат да бидат заштитени и колку патентираат и наоѓаат начин да го комерцијализираат тоа. Ова ја објаснува моќта на интелектуалната сопственост колку како општо добро туку и индивидуалното лично добро.

 Дали човекот може да се клонира без физички да биде присутен?

Кога сме кај методи на лекување и иновации во медицината, знаеме дека човечкото клонирање  е возможно но етички не е дозволено. ОН како и сите посериозни економии имаат закон со кој се забранува човечко клонирање. Но тоа пак е шанса за технологијата, тоа е шанса за ВИ. Тоа што сега го правиме со  АИ,  чет џи пи ти, чај или со други модели е прашање дали ние можеме да се клонираме без физички да бидеме присутни. Дали може мојот асистент, кој ќе биде програмиран во АИ да ги извршува моите работни задачи, за јас да имам време да се занимавам со активности кои се надвор од сферата на работата, а сепак да заработувам. Дали можам да направам тројца асистенти од мене кои ќе ми помагаат? Дали можат подобро да ги прават работите од мене?

Инаку во повелбата на ОН стои дека доколку еден ден се дозволи клонирање, ќе ги има истите права како што ги има и човекот. Но, не може да имаш патент на нешто што е природно.

Не само трговска марка, не само патентот туку и индустрискиот дизајн може да биде заштитен. Тоа е случајот со ЛЕГО коцките, кои имаа спор со германска компанија која тврдеше дека индустрискиот дизајн на лего е сам дистинктивен поради техничката функција, бидејќи сите коцки даваат една целина. Меѓутоа, судот одлучи дека ЛЕГО сепак исполнува некои дистинктивни знаци (од пет барем два критериуми), кои му го гарантираат изгледот по индустриски дизајн. Практично ЛЕГО може да забрани да бидат користени слични коцки на пазарот доколку го повредуваат нивното авторско право на индустриски дизајн.

На пример Рубиковата коцка е заштитена со четири елементи, индустриски дизајн, трговска марка- три де марка, патент и авторство.По смртта на авторот му е одземено правото на три де марка. За разлика од патентот кој 20 години може да се комерцијализира, трговската марка постои неограничено и се обновува на секои 10 години. Така во случајот со Рубиковата коцка патентот завршил, но трговската марка може да продолжи - боите остануваат уникатни, но во принцип многу компании и индивидуи можат да направат слични коцки.

 Интересен е и случајот со Волво кој со еден свој патент спаси милиони луѓе – Во 1964 г. сопруга на еден инженер од Волво, медицинска сестра објаснила дека најголем дел од повредените луѓе се излетани преку шофершајбната. Инженерот го измисли појасот со три точки. Волво ја патентира оваа иновација, но ја пуштил во употреба без да ја продаде. За таа сметка стекнува репутација на еден од најсигурни автомобили во светот.

Поли вакцината –исто така не е патентирана од изумителот. Проценките се дека пронаоѓачот Џин има изгубено над седум милијадрди во денешни пари. Според него технологијата им припаѓа на луѓето: Исто како што не може да го патентирате сонцето и јас тоа го направив за човештвото, изјавил изумителот, кој своевремено спасил околу 50 000 деца.

Кај нас - буковска пипер

Кај нас примери на вакви трговски тајни и за географско потекло (интелектуална сопственост на колективно ниво ) може да се најдат во примерот со буковска пипер-редок пример заштитен по геогрфвска одредница, којшто може да го прават само тамошните жители или да составуваат одредени работи со географски специфики само на тој крај. Ова ние како држава може да го монетизираме. Следното може да биде беровско сирење, охридска цреша, тетовско гравче, мариовски мед или ко јбило географски регион. Исто како што е шампањот, потоа  познатата пура Хавана од Куба, и ние можеме нашите заштитени производи со додадена вредност поефикасно да ги комерцијализираме и монетизираме.

Дали креаторите ќе бидат само практиканти

И како што вели овој искусен презентер, да нафрлам уште еден пример. Банс – уличен артист кои ги авторизира неговите графити преку една компанија – прави голема комерцијализација иако никој не го познава. Најголемите аукциски куќи имаат најголема профитабилност баш од овој човек- маска.

Може да замислите што ќе се случи во иднина кога ВИ ќе дозволи креации кои се направени од човекот, а да бидат анонимни, но сепак индивидуата да ги ужива сите права од тоа.

И доаѓаме до клучното прашање, авторско чет џи-пи-ти. Дали човекот може да биде автор или машината. Засега, какостојат работите во сите земји, машината сама по себе не може да биде автор, ги нема правата на интелектуална сопственост. Само со човечка интервенција тие права можат да останат кај индивидуите. Но се поставуваат четири прашања: Кој е носител на авторството, дали е човекот кој го става импутот во компјутерот, дали е човекот што го прави софтверот зад АИ, дали е човекот кој го прави ЛЕ моделот, да размислува врз база на податоците што ги гради, или тој што ги извршува наредбите.

 Моментално работите стојат на тоа дека  чет Џи пи ти ви помага, тој е автор на содржината, но вие како индивидуа имате право да го комерцијализирате на начин на кој сметате дека е соодветен. Тоа значи дека се што правите со Џи пи ти или со кој било друг модел денес не е ваше авторско дело, но вие имате  право да го ставите на веб страна, да го продавате, да го печатите  и да направите пари.

Каде ќе се движат работите, во кои насоки, допрва ќе видиме имајќи ги предвид овие бројки: -во 1982 нематеријалните средства беа само 38 посто во цел свет. Тоа значи дека се она што не можеш да видиш, да почувствуваш, дали е трговска марка, дали е датабаза, дали е патент, дали е авторство, тие беа само 38 посто. По 20 години 70 посто, по 20 години 84 посто. Во 2042 нашите деца, новата генерација што доаѓа ќе се соочи со над 95 посто нематеријални средства, односно со толку интелектуален капитал на векот.

Може да замислите во каква економија ќе живеат. Но тие животи се сега. Затоа вели Рафајловски, добредојдовте во иднината-таму треба да научиме да заштитиме, да менаџираме и да монетизираме. Затоа што немало вакво време во кое има толку многу работи за монетизација. Така што интелектуалниот капитал е валутата на новото време.