Важењето на Декларацијата започна од 1 октомври 2023 година. Операторите понудија пакети и пред почетокот на летната сезона - 18 евра за еден гигабајт интернет во роаминг.  Грашаните се што треба да направат е да купат дополнителен пакет за интернет во роаминг. На веб страниците на македонските оператори веќе е назначено за какви пакети станува збор, колкави се цените - тоа можат да го направат и телефонски и во продажен салон. 

Постојат неколку категории на интернет со поголем и со помал обем. Најскапиот пакет е со цена над 8 евра за еден гигабајт, оној со најголем волумен е со поефтина цена - од 1,6 евра за гигабајт. 

Целта на потпишувањето на Делкарацијата е со континуирано намалување на цените до 2028 година да се стигне до 9 евра за еден гигабајт. 
Ако ги погледнеме какви се пакети сега се нудат во Македонија, вели Игор Бојаџиев од АЕК, тоа е веќе постигнато и надминато. 

„Во делот на интернет постои правилник за политики за фер користење, кои е донесен од АЕК каде е дефиниран начинот како се определува количината на интернет кој македонските корнсици ќе го имаат во самата претплата во една од државите од Западен Балкан. Тоа е матиматичка формула која зависи од максималната големопродажна цена на податочен интернет за еден гигабајт. Од 2021 година до 2026 година таа се намалува за 20 отсто на годишно ниво. Секоја година македонските корсници имаат можност да користат интернет во обем поголем за 20 насто во споредба со минатата година. Оние кои се во припејд, како што им се наплатуваат услугите во Македонија, ќе им се наплатуваат по истиот рарифник во државите во Западен Балкан“, вели Бојаџиев.  

Историски, постојат две спогодби меѓу земјите од Западен Балкан. Првата е склучена во 2014 година во Будва, помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ. Спогодбата се базираше на регулативата на Европската унија од 2012 година за скалесто намалување на цените на услугите во роаминг - говор, СМС и интернет. Започна да се спроведува во 2015 година. Целосно се спроведе преку скалесто намалување заклучно со 2018 година. 

Во меѓувреме, ЕУ донесе нова регулатива во 2016 година, која се однесува на политики за  фер користење. Во 2019 година, повторно се потпиша нов договор. Овој пат сите шест држави од Западен Балкан, вклучително и Албанија и Косово. Започна да се спроведува во 2021 година и во самата претплата оние кои користат постпејд тарифи, имаат веќе определена количина на интернет кој може да го користат во некој од друите земји надвор од Македонија. Ова се регулирани спогодби кои ги наметнуваат националните регулатори на Западен Балкан. 
Додека пак оние Декларации кои ги имаат потпишано операторите се на доброволна основа и нема механизам за нивно спроведување од страна на државата. 

„Кога македонските корисници се наоѓаат во една од државите од Западен Балкан, буквално можат да го третираат телефонот како дома, во поглед на говор и СМС како услуги. Оние што се во постпејд имаат веќе и нограничени минути во македонска мрежа и во земјата во која се наоѓаат. Оние кои имаат ограничување за повици и СМС кога ќе го надминат лимитот и во државата во која се наоѓаат - ќе почне да им се наплаќа таа услуга по домашни цени“, вели Бојаџиев.  

Во однос на прашањето - што ако корисник добие повисока сметка, Бојаџиев вели дека досега на адреса на АЕК се пристигнати мал број на проговори во однос на тарифите за Западен Балкан. 

„Ако се случи нешто погрешно тарифирање, постои систем. Се поднесува приговор до оператороте кои се должни во 15 дена рок да му одговорат на корсникот. Ако е позитивно ќе биде решен, ако е негативно ќе се обрати во АЕК и да се разгледа случајот. Имало случаи во кои позитивно и ние сме решавале во корист на корисниците“, вели Бојаџиев. 

Како што напоменува, македонските мрежи високо котираат по квалитет во Европа. Во однос на 5Г мрежата по главни градови, Скопје е најдобро рангиран во Западен Балкан. После Македонија се наоѓа Црна Гора, а останатите европски градови како Софија, Будимпешта, Прага, Братислава се со понизок квалитет од тоа што го обезбедува Македонија.