Каде и кога настанале првите банки?-Првите банки најверојатно потекнуваат од антички Ирак, но она што е познато е дека првите кредитни банки биле основани во вториот милениум п.н.е од свештениците на вавилонските храмови.

Каде и кога настанале првите банки?

Бидејќи нивната заработка се акумулирала во големо богатство, тие биле во позиција да позајмуваат пари за деловни потфати што ги преземале луѓето кои  работеле во храмот и нивните семејства.

Слично на тоа, во античка Грција, големите храмови имале вистински монопол на банкарството, почнувајќи од задржување на вредноста во депозитот за богатите, а подоцна преминувајќи на позајмување.

Вавилон и комерцијалното банкарство


Комерцијалното банкарство како што го познаеме денес започнало во Вавилон во VII век п.н.е. и веројатно се развило до крајот на шестиот век. Условите на заемот, напишани на глинени плочи, биле многу јасни. Доколку социјалната положба на заемопримачот била добра, тој едноставно го враќал заемот (одредена сума сребро) со камата, обично од 20 до 30 проценти годишно. Доколку позицијата на заемопримачот била сомнителна, банката не наплатувала камата, туку преземала контрола врз дел од неговиот имот (куќа, парче земја или стока) како обезбедување. Тоа и носело приходи додека се враќал заемот, а имотот го задржувала доколку парите не биле целосно вратени. Знаеме дека имало многу неплаќачи - бидејќи постоел обичај кредитната картичка да се крши кога се враќа долгот. Десетици зачувани плочи секако претставуваат запис за оние несреќници на кои им бил одземен имотот и стоката.

Со такви поволни услови, банкарските династии, како Егиби и Синовите на Вавилон, стекнале неверојатно богатство кое набрзо го надминало богатството на храмовите, па дури и на државата. Во текот на петтиот век п.н.е., семејството Марашу од градот Нипур им пресметувала на сопствениците на земјиште од 40 до 70 отсто камата, во обид да се спротивстави на даноците наметнати од Персиската империја која тогаш владеела со Вавилон. Затоа и не е чудно што банката Марашу се стекнала со сопственост и имала хипотека над поголемиот дел од земјиштето и каналите во околина на градот, како и врз стадата говеда и рибниците.

Првите банки во Египет


Најкомплексниот банкарски систем на античкиот свет бил оној што го развиле Птоломејците во Египет неколку века подоцна. Мрежа на кралски банки со илјадници службеници се протегала низ целото кралството - сите организирани од неговото седиште во Александрија. Во главниот град на секоја област имало провинциски банки, па дури и локални филијали во малите градови. Овој државен банкарски систем имаше три главни активности: да помага при собирање државни даноци и приходи; да зема заштедени пари од поединци и да ги исплатува по нивно барање; и да работи како менувачница. Банкарската провизија веројатно била главниот извор на кредит, повеќе од каматата на заемите. Во Египет, банкарската контрола била јавна служба која укажувала дека банкарите не заработуваат многу.

Во другите делови на Римската империја, банкарството било помалку развиено, бидејќи тоа било приватен систем главно во рацете на Грците, сместен во источниот Медитеран, во главните храмови. Во Европа, банките исчезнаа по падот на империјата, во V век од нашата ера.


Првите банки - Европа и арапскиот свет


Арапскиот свет разви многу сложена банкарска мрежа во VIIII век. Според одредени извори се споменуваат банки со седиште во Багдад и филијали во други градови. Тие го воделе бизнисот главно користејќи чекови (sakk на арапски) кои биле гарантирани со обврзници,а  нивниот трансфер бил реализиран со кредитни писма, така што било можно да се издаде чек во Багдад а парите да се подигнат или уплатат во Мароко. Повеќето банкари во исламскиот свет биле христијани и Евреи, бидејќи Куранот забранува да се наплаќа камата.

Почетоците на европското банкарство може да се следат од 808 година од нашата ера, кога еврејските трговци во северна Италија се здружиле за да создадат примитивна форма на банка за депонирање пари. Модерните банки првпат се развиле во Европа во подоцнежниот период на 12 век во Венеција, кога таа голема поморска сила им наметна специјален данок на граѓаните за војната што ја водела и на Исток и на Запад. Таа сума во готовина ја надгледувал специјален комитет кој конечно прерасна во банка. (извор: Политика)

„banca“


Банкарството се развило и во Стариот Рим, но за време на средниот век настапило големо замирање на банкарските активности, кои биле во спротивност со црковните сфаќања. До повторно заживување дошло во времето на ренесансата, кога во Италија се појавиле првите банки во вистинска смисла на зборот, т.е. банки што примале депозити од богатите луѓе и им одобрувале кредити на трговците. Подоцна, во текот на 16 и 17 век средиштето на банкарството се преместило во северна Европа и во Обединетото Кралство а потоа, пресудно значење во неговиот развој имала индустриската револуција.

Инаку, зборот банка потекнува од италијанскиот збор „banca“ и од старофранцускиот збор „banque“, кои означуваат клупа, табла, т.е. маса. Имено, првите претходници на банките биле луѓето кои се занимавале со размена на монети – активност што вообичаено се извршувала на една мала масичка или табла.