Каролина рипер има околу два милиони „сковила“, што е мерка со која се мери лутината на пиперка


Најлутите пиперки растат и во Србија – Carolina reaper – една e доволно за 20 килограми ајвар.


Најутите пиперки во светот растат и во околината на Шабац. Во селото Јеленча ги одгледува и преработува Светлана Глигориќ, која започна со земјоделство пред пет години, кога остана без работа.
Каролина рипер е најлутата пиперка во светот. Ова тропско растение се карактеризира со зашилена опашка. Се сади во мај и се бере од крајот на август.
– Каролина рипер има околу два милиони „сковила“, што е мерка со која се мери лутината на пиперка. На пример, нашите феферони можат да бидат максимум 30.000 „сковила“. Една од овие пиперки може да направи лут ајвар во шерпа од 20 литри. Каде е Каролина, нема вируси, а и многу други болести – вели Светлана Глигориќ, производител на лути пиперчиња.

Каролина рипер – дај и вода и да и е топло, и ништо никој не и може!

Освен лути и слатки пиперки, и трпеливост е потребна за да се направи сосот.
– Се готви еден или два часа, мора да се готви на отворено, бидејќи има многу испарување, голема концентрација на лутина и не може да се издржи – велат домаќинките.

Каролина не бара многу, и ништо не ја напаѓа!


Светлана засади околу 400 стебленца екстремно лута пиперка. Во нејзината стаклена градина, покрај Каролина рипер, има и хабанеро, јолокиа и околу 30 други сорти кои претежно доаѓаат од Јужна Америка и Азија.
Едно пиперче може да залути и 20 килограми ајвар

– Производството на црвена пиперка, т.е. мали лути пиперчиња, не е толку тешка. Потребно е само многу вода и многу топлина. Ако ноќите се ладни, мора да се затвори пластеникот, не бара никакво специјално ѓубриво, не бара хемикалии. Ништо не ја напаѓа, оти кој би ја нападнал кога е толку лута. Останав без работа, па решив да се справам со овие пиперки. Можам да експериментирам, да играм со нивните бои, да правам сосови што ги испробувам. Им ги менувам вкусовите, правам слатко од нив – вели Глигориќ.

Поради големата побарувачка и оскудни производи, Светлана планира да го прошири производството.

Во соработка со здружението на производители таа продава сосови и слатки на базарите и саемите во Шабац и во околината. Преку Интернет веќе добивала нарачки од повеќе европски земји…

Преземено од РТС