Како да се земат пари од „ИПАРД 3“
Во тек е подготовката за распределба на средствата од европскиот претпристапен фонд „ИПАРД 3“ за финансиска помош на земјоделскиот и на руралниот сектор. Станува збор за парични средства што им се враќаат на инвестиротие откако тие ќе вложат во издржани и профитабилни проекти. За поширока информација и за можноста за користење на овие средства одговор побаравме од Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку која се трансрферираат парите.

- Како се рапределуваат парите?
-Парите се даваат по процедура по која се аплицира со проект. Апликантот треба целосно да ја реализира инвестицијата со сопствени средства, а откао ќе ја реализира поднесува барање за враќање на парите од 50 – 60 – до 65 проценти.
- Дали комплетно е реализирана програмата „ИПАРД 2“?
-Како Агенција, како држава, ние сме во фаза на имплементација на последниот јавен повика од ИПАРД 2 програмата. Како што е веќе објавено, ИПАРД 3 од наша страна е веќе направена и испратена на одобување во Брисел и очекуваме во текот на оваа година да добиеме позитивен одговор, по што би можеле да објавуваме нови јавни повици што би биле од поново програмско раздобје, односно програмското раздобје ИПАРД 3, што ќе го користат Македонија, Албанија, Црна Гора, Турција и Србија. Од сите споменати држави, Македонија е во најнапредна фаза и затоа е реално да очекуваме поголем буџет. Ќе биде неблагодарно во оваа фаза да споменувам суми, но, водејќи се по перформансите што ги покажавме во изминатите четири години со спроведување на ИПАРД 2 програмата и реализацијата од 85 - 90 проценти досега, со можност за искористување на 100 проценти од парите што ни беа на располагање (60-тина милиони евра), да бидат потпишани договори за сите тие пари. Значи, тоа се инвестиции од над 100 милиони евра во агросекторот и во руралниот туризам поддржани со европски пари, во комбинација со државниот буџет.
- Дали е зголемено искористувањето на средствата од „ИПАРД 2“ во споредба со (ИПАРД 1)?
-За жал, во „ИПАРД 1“, што се има спроведено од 2010 до 2017, искористеноста беше на многу ниско ниво (околу 18-20%) и токму затоа буџетот за „ИПАРД 2“ не се разликуваше многу од „ИПАРД 1“ (во двете програмски раздобја се движи околу 60 милиони ева). Сега е реално да очекуваме повеќе. Затоа што имаме многу подобри перформанси, многу подобро искористување, многу исполнети барања, реформи и зададени задачи од Директоратот за земјоделство и рурален развој при Европската комисија. Значи, доаѓа убаво време, добар буџет. „ИПАРД“ во последниве години доби многу подобар публицитет, поради зголемената транспарентност на програмата и напорот со неа да се запознае и најобичниот земјоделец. „ИПАРД“-програмата ја користат не само поголемите капацитети од преарабортувачката индустија, како млекарници, винарии, кланици и други, туку и земјоделци кои со европски пари купуваат нова приклучна механизација, тактори, пчеларска опрема, подигаат нови насади, купуваат системи „капка по капка“, значи програмата е приближеана до секој потенцијален корисник.
- На кој начин се одвива информирањето за „ИПАРД“- програмата?
-Во „ИПАРД 2“ има една мерка која се вика техничка помош и таа мерка се користи за подигање на публицитетот за „ИПАРД 2“. Преку таа мерка во изминатиот период, пред секој јавен повик се оддржуваа работилници во скоро сите поглеми градови, општини низ државава, на кои службите од министерството и од Агенцијата одеа на терен со претходно информирање до локалните земјоделци преку локалните медиуми и соопштенија, преку директни контакти, тие доаѓаа и на тие средби и работилници се образложуваше програмата, се објаснуваше кои се потребни документи, кој може да биде корисник и се одговараше на секое прашање на сите што се интересираа. Ние се надеваме дека медиумите ќе пројават уште поголем интерес да информираат за оваа програма со што ќе им помогнат и на земјоделците и на сите од целните групи, навремено да бидат информирани.
- Како го оценува ова Европската комисија?
-Ние сме оценити како лидери на Западниот Балкан за искористеност на европските фондови за земјоделски и рурален развој. Во друштво сме со Албанија, Црна Гора и Србија. Затоа лидерската позиција воопшто не е мал успех.
Како да се земат пари од „ИПАРД 3“
- Дали таа искористеност на средствата е видлива во зголемувањето на производството?
-Најголемата придобивка од подобрата примена и искоритеност на „ИПАРД“-програмата се инвесициите во преработувачките капацитети. Еве, како пример да ја спомнам млекарницата „Вардарец“ од Удово, Валандово. Таа млекарница изгради нова хала, купи нови машини и го зголеми производството за 400 проценти. Тоа повлекува и други позитивни ефекви, таа млекарница го зголеми бројот на своите кооперанти. Многу повеќе луѓе сега может да го предадат своето млеков во млекарата, зашто таа сега има поголем капацитет. Млекото се плаќа подобро, а млекарницата прави производи со поголема додадена вредност: кашкавали, сирења, урда и ги пласира на домашниот и на странскиот пазар.
Освен оваа млекарница, многу винарии искористија средства од овој европски фонд, како и капацитетите за месни производи итн. Потоа, тоа што радува се инвестициите во руралниот развој. Се направија објекти за сместување, ресторани, старечки домови во руралните средини кои отвораат рабони места, да не зборуваме за ефектите од потрошувачката на туристите во другите дејности -угостителството и во услугите и сервисите. Сепак, ефектиите очкуваме да се видат во наредниот период, зашто тие не можат да се видат за кратко време. За околу пет години можеме да направиме серизна анализа и да ја видиме ралзиката во тоа што сме постигнале со ова ефикасно користење на европските средства.
- Дали има контрола врз трошењето на средствата, дали се трошат наменски?
-Македонската Агенција е институција подложна на најмногу ревизии. Ние имаме сопствен сектор за внатрешна ревизија, имаме нациоално ревизорско ИПА-тело и имаме ревизија од Брисел. Дополнително, како агенција, ангажираме и четврта ревизија од некое приватно правно лице. Така што имаме три до четири ревизии, а претходно им претходи механизам што дава сигурност во наменското користење на средствата.

Тоа оди вака: кој и да аплицира, дали за плуг или за старечки дом или за хотел за сместување, пред одобрување на проектот се оди во контрола на теренот. Имаме сектор од 40 колеги што одат на самото место и првин гледаат каде ќе биде инвестицијата. Откако ќе го одобриме проектот, странката, апликантот, има рок од една година или две за да изгради. Во текот на градењето контролорите повторно одат и гледаат како се одвива инвестицијата, дали се трошат парите наменски. Подоцна, кога апликантот ќе заврши со својата инвестиција и ќе поднесе барање за да му извршиме поврат од 50-60 проценти, контролата пак оди на теренот за да види дали е завршен проектот така како што е одобрен претходно. Како што гледате, нема простор за старв за неправилно искористување на парите. Ова е процедура што ни е доверена од Брисел. За да ни ги одобрат парите, мораат да видат дека ние имаме систем за контрола за трошењето на европските пари.
- Кој ги подготвува апликациите, земјоделците веројатно не се толку упатени за да можат тоа сами да го направат?
-Во државава постои Агенција за поддршка и развој на земјоделството. Таа е државна институција што има свои подружници во повеќе од 40 градови во земјава. Во нив работат советници, кои многу помагаат особено за апликациите што се поедноставни и тоа бесплатно. Значи, земјоделецот што сака да аплицира за механизација, пчеларска орема, систем „капка по капка“ итн, оди во просториите на таа агенција и бара помош од советникот. Досега се покажа дека таквите апликации, со помош на советниците, се доста успешни. Но, секој, особено поголемите субјекти, можат да користат приватни консултантски куќи, пазарот е прилично слободен и нема ограничување.
Бране Стефановски