
· Дали Македонија може да излезе од енергетската криза, потпирајќи се на своите извори и така енергетски да се осамостои?
- Македонија има перфектна географска положба, не само во споредба со земјите од регионот, туку и на светско ниво, за сите обновливи извори, не само за соларните. Под обновливи извори подразбираме биоенергија, ветерна енергија, ходроенергија. За нас најатрактивна е соларната енергија, затоа што самата изведба може да се реализира за многу краток период, за разлика од проектите и изградбата на големите хидро-капацитети. Уште од пред многу години се зборува дека ќе се гради хидроцентралата „Чебрен“, а поминаа децении, поминаа многу партиски изборни кампањи на кои како дел од програмата популистички се користеше наводната идеја деќа ќе ја градат таа голема хидроцентрала, а до ден денес нема никој ништо направено. За разлика од тие централи што би се граделе десетина години, или атомски централи во соседството, во кои своевремено нашите политичари сакаа да инвестираат големи средства за нуклеарната централа Белене во Бугарија, околу 2,5 милијарди евра, соларните системи се поставуваат многу побргу, за неколку месеци. Ние не можеме да си го дозволиме тој луксуз да чекаме и ништо да не градиме или да преземеме на полелто на изградбата на енергетски капацитети. Нам ни треба енергија, сега и денес! Најбрзо и најефикасно е изградбата на постројки за искористување на сончевата енергија, затоа што имаме перфектни сончеви периоди и услови. Имаме просечен дијапазон на температура од – 25 степени до + 25 степени целзиусови во изобилство преку целата година. Сончеви периоди имаме многу повеќе од северна и централна Еворпа кои инвестираат големи пари во оваа технологија. А ние сме ставени во некои барикади, се оди еден чекор напред, два чекора назад.
· Какив се тие „барикади“ од каде доаѓаат?
- Административни, партиски, политички... Административните се во тоа што до неодамна ниедно правно лице не можеше да изведе систем, а енергијата да ја предава во енергетската мрежа, освен ако не си ја прави од себе за себе! Значи некој што инвестира серозна сума пари, а работното време му е од 8 до 15 часот, која е смислата да инвестира кога по 15 часот (во летниот период сонцето може да се користи до 19,30) значи енергијата по 15 часот е тотално неискористена. Сега, во Законот за енергетика што беше донесен пред околу 3 години, дозволено е да градат сите правни лица, до 30 мегавати, што го поздравувам. Сепак, поради бирократски причини тој капацитет што можевме да го исполниме, не го исполнуваме. Минатата година берзанската цена на енергијата во еден момент достигна речиси илјада евра за мегаватчас, а пред да се случи таа криза цената беше 45 евра за мегаватчас. Сега, цената се движи од 90 до 120 евра за мегаватчас. Тоа е сепак висока цена, кој се прелева во индустријата, па имаме скапи производи, односно инфлација. Нам ни треба базна енергија за да можат да функционираат сите тие системи. Сега, базнатеа енергија ја добиваме од РЕК „Битола“. Меѓутоа, нашата влада, како и други 126 влади цо 2016 година во Париз имаат потпишано договор, до 2030 година да ги згаснат сите тие енергетски системи кои за производство на електрична енергија трошат фосилни горива. Значи нашите електрани РЕК „Битола“, Осломеј, Неготино, до 2030 мораат да бидат затворени. До тогаш мораме да изградиме нов базичен систем. Бидејќи немаме услови за изградба на атомска централа, повторно се враќаме на прашањето за изградбата на Чебрен. Но, се плашам дека пак ќе остане недоискажана приказна, зашто таа приказна трае уште од моето детство.

· Тоагаш дали со изградба на системи на фотоволтаици може да се постигне таква сигурна база на производство и снабдување со струја на земјава?
- Верувам дека може, но не само соларни системи. Соларните системи произведуваат струја кога има сонце или кога има доволно светлина. Тоа го имаме само во дневните часови, односно од пролет до есен. Често пати луѓето прашуваат дали можат зимно време да се греат со енергијата од панелите. Мојот одговор е – не! Затоа што немаме доволно светлосни часови за да може да се акумулира таа енергија, и да имаме независна енергија. Значи, нам ни треба комбинација на тие енергетски ситеми и таа комбинација да биде балнасирана, Но, пред се, мораме да се концентрираме на таа централа која би имала реверзибилен систем. Тоа значи водата што се испушта од браната да се враќа назад, а во зимскиот пероиод, кога немаме енергија од соларниот систем , да имаме енергија од хидросистемот.
· Колкави површини се покриени со фотоволтаични панели и дали има простор да се прошири капацитетот односно за нови постројки?
- Минатата година, наместо да се направи некаков концепт како систематски да се изведуваат овие системи, се случи навалица во изведбата на овие системи. Односно огромен број фирми кои не располагаат ни со соодветна стручност, ни со соодветен кадар, ни со соодветна технологија, да изведат такви системи и поради тоа тие не работат ефикасно. За да се изведе таков ситем, ни треба паралела, неколку такви, за да добиеме базична енергија, се разбира дека и оваа енергија не може да биде самостојна. Има уште простор за градба на овие системи. Во одредени региони во Макеонија, како најатрктивни, поради сончевото зрачење, доста фирми инвестираа во централи таму и се постигна некој максимум. Додека имаме други подрачја на кои има многу слободен капацитет, но луѓето, фирмите, или странските инвеститори не се запознаени со тој капацитет или не постои интерес поради неколку причини, а тоа се партиски, економски, структурни, рекетарски итн...
· Има ли фирми во Макеоднија кои можат да ја реализираат сета таа изведба со сопствена технологија, или се чека на странски инвеститори кои се поподготвени со понапредна технологија?
- Во Македонија има 10тина фирми кои се на светско ниво. Значи стручност имаме, нам ни требаат пари и либерализацина на добивањето на лиценците и побрзо издавање на сета документација од страна на институциите. Сега, 80 насто од документите се „шетаат“ од една во друга институција, па во едната документите се разгледуваат еден месец, во другата уште еден месец, тратата уште еден ... Откако ќе се заврши таа работа, таа центрла не може да се приклучи на системот за да се врши размена на енергијата, се додека не се исполнат условите за добивање чие одобрување трае околу 3 месеци. Сепак, изведбата на соларна централа трае многу пократко отколку изведбата на друг вид централи.
· Има ли заинтересирани странски инвеститори?
- Цела централна и северна Европа наголемо ги градат овие системи. Но, централна Европа е веќе презаситена со нив. Имено, таму на секој втор – трет објект веќе се поставени панели. Друго, сите расположиви земјишни површини, од 4та. до 7ма категорија, за таа намена (бидејќи секаде во светот се внимава системите да не се градат на земјиште од прва и втора категорија) се веќе исполнети. Затоа, странските инвеститори кои располагаат со многу пари, одат во некои други земји, барајќи можност за инвестирање и за оплодување на капиталот. Но, треба да се знае дека ниедна странска компанија не доаѓа овде за нам да ни ја подобри социјалата, доаѓа за да си ги намножи парите што повеќе. Тие со владата прават договори за јавно-приватно партнерство. Според тој договор, владата е должна да им обезбеди парцели, приклучи инсталации, инфраструктура и сите работи потребни таа централа да функционира беспрекорно. Но, таа енергија што ќе се добие од тие централи повторно ќе им се продава на околните фирми по берзанска цена. Значи фирмите не добиваат ништо од тоа. Таа цена нема да биде пониска, на пример од цената на струјата на Унгарската берза со која ние сме поврзани. Влегувањето на странски инвеститор и такво јавно –приватно партнерство би имало смисла ако струјата произведена од тие фотоволтаични централи на домашниот пазар се продава по пониска цена, во спротивно би било „копање злато“ од страна на странците на територијата на Македонија. Домнашните јаки фирми минатата година инвестираа во фотоволтаици за да се спасат од скапотијата на струјата на берзанскиот пазар, па дури сега имаат вишок енергија од која зарабортуваат одредени средства, што е многу позитивно.
· На што треба да му се даде приоритет, дали на градењето на фотоволтаични централи или на класичните хидроцентрали?
- Мораме да ги правиме нештата паралелно. Ниту една енергија од обновливи извори не може да биде базична енегрија. Нам ни треба реверзибилна хидроцентрала, значи та вода што истекува, со пумпи да се враќа додека имаме поголемо производстово од соларните системи. Така, таа енергија би била во континуитет. Треба да се размислува за проиводство на струја од водородот. Македонија мора енергетски да се осамостои, по можност да се направи систем „перпетууммобиле“ при што нема да троши ништо за производстството, а да се добива енергија. Ние имаме енергија во неограничени количини, само треба да најдеме начин како максимално да ја искористиме.
· За тоа треба да води сметка енергетската политика што се покажа дека не е брза и ефикасна, дека има слабости во реализацијата на одредбите од Законот за енергетика?
- Да, сето тоа е парцијализирано. Наместо на сите фирми да им обезбедиме евтина енергија, дури и бесплатна, иницијативите се уште е на почетна точка. Кога Македонија енергетски би се осамостоила, животниот стандард неколу пати би се зголемил и ниеден наш граѓанин не би помислил да ја напушти земјава.