Постојано сме бомбардирани со информации – од медиумите, од социјалните мрежи, од огласувачите, сега и од вештачката интелигенција и од бројни други извори. Водечкиот научен комуникатор, Тимоти Кофилд, кој е и директор на Институтот за здравствено право на Универзитетот во Алберта, признава дека и тој страда од преоптоварување со информации. Сепак, негова работа е да се пробива низ медиумската нечистотија и да утврди што е реално од она што е полно со дезинформации, користејќи ги научните факти.

 
„Илузија на сигурност: Што не знаете и зошто е важно“

„Добро направената и доверлива наука е суштински водич за нашиот хаотичен информациски екосистем. „Без тоа, ние сме изгубени“, нагласува тој во својата нова книга „Илузија на сигурност: Што не знаете и зошто е важно“ (The Certainty Illusion: What You Don’t Know and Why It Matters).

Но, науката често се користи и злоупотребува за да не измами. Други основни упатства, како што се нашите гледишта за тоа што е добро и мислењата на другите, исто така може да се искриват со неточни додавки. Во „Илузијата на сигурност“, целта на Колфилд е да открие како научните гледишта кои служат како водичи се искривуваат и како да им помогне на читателите да ги обноват и да се заштитат.

Тимоти Колфилд наведува три главни илузии кои нè мамат: научна илузија, илузија на благосостојба и илузија на мислење. 

Научна илузија

Научната илузија е идејата дека нешто е добро затоа што е научно докажано, бидејќи науката со право се смета за најдобар начин да се разбере светот околу нас. Освен тоа, нашата желба за јасност и сигурност ја зголеми вредноста на научниот јазик.

„Просветителството победи – но  главно како бренд, но не нужно во суштина“. Сите велат „нашиот производ се заснова на наука“ или „научно е докажан“. Бидејќи науката е толку вредна на сегашниот пазар на идеи и во центарот на економското внимание, таа е манипулирана. „Тоа е илузија на науката, а не вистинска наука“, истакнува Кофилд. 

Илузијата на благосостојба

Бидејќи нашето информативно опкружување е толку хаотично и бучно, копнееме за јасност и сигурност. Сакаме јасни сигнали за тоа што е добро за нас, нашето семејство и нашата околина. Пазарот го знае ова, па ни ги дава овие сигнали.

Здравствените ореоли се најдобриот пример – зборовите како органски, природни и не-ГМО – би требало да бидат причина за донесување одлуки и да ни олеснат да тргнеме по патот кон благосостојбата, иако оваа илузија воопшто не го претставува она што навистина ни го кажува науката, бидејќи е многу покомплицирано и понијансирано.

Илузија на мислење

Копнееме за стручни совети, поради тоа мислењата се комерцијализирани и пласирани на пазарот и вооружени. Еден од најдобрите примери се прегледите што ги гледаме на интернет.

 

 
Науката стана главно маркетиншко оружје

„Трилиони долари во глобалната економија се поттикнати од прегледите. Бидејќи научните ставови и мислења се вредни, со нив се манипулира. Тоа е добар пример за силите во нашето информативно опкружување кои нас нè мамат. Сакаме јасност. Ја сакаме вистината. „Но, сè е поставено за да не измами“, вели Кофилд.

Еден комичар создаде лажен ресторан на социјалните мрежи. На крајот, тој заклучил дека луѓето повеќе им веруваат на прегледите отколку на храната во нивната уста.

Алгоритмите управуваат со информациите што доаѓаат до нас

За нас станува сè потешко да бидеме сигурни во што било, иако имаме повеќе информации и мислења од кога било досега. Во исто време, социјалните медиуми и алгоритмите за извор на медиуми ни обезбедуваат информации што се во согласност со нашите верувања.

Толку многу субјекти сакаат да остават впечаток на сигурност и да направат да се чувствуваме сигурни во нашите одлуки. Има многу истражувања кои сугерираат дека луѓето копнеат за тоа. Ова е една од причините зошто се развиваат теориите на заговор, забележува Колфилд. Сакаме ред во нашиот свет, а понекогаш, особено во науката, работите се многу неизвесни или случајни. Не постои магична сила што ја обезбедува таа сигурност. 

Постои постојана тензија во нашата информативна средина. Од една страна, алгоритмите се поставени да играат со нашиот гнев, емоции и когнитивни предрасуди на начини кои ги потврдуваат однапред смислените поими - за да го обезбедат тоа чувство на сигурност.

„Но, тоа е илузија! Постојано се обидуваат да не дестабилизираат, да создадат недоверба. На некој начин, постои оваа намера да се игра со неизвесност. Знаеме дека компаниите за социјални медиуми заработуваат од дезинформации. Многу студии го покажаа тоа. Лутината, бесот,  дезинформациите, нешта што влијаат на нашите негативни чувства – тие ќе добијат повеќе кликови и почесто ќе се споделуваат“.

„Експлоатација на науката“

Историски гледано, овој феномен не е нов. Еден од најдобрите примери е кога радиоактивноста стапи на сцената. Веднаш се појавија радиоактивни производи, особено шминка. Познато е дека ова е стратегија која функционира и тоа добро функционира.

Пример за тоа е рекламата за „Радиор“, брендот на козметички производи од 1918 година кои содржеле радиум. Производителот тврдел дека радиоактивните материјали имаат здравствени придобивки - како што е давање уникатен сјај на кожата.

Од тогаш до сега работите драстично се забрзаа. Се користи апсолутно насекаде, особено во областа на здравјето, убавината и благосостојбата. Дури и влијателите на социјалните мрежи почнаа да користат научни термини, како „квантум“, за да ги поддржат нивните апсурдни идеи.

Посипете малку од тој научен јазик, и тоа има големо влијание. Матичните клетки се еклатантен пример за експлоатација на науката денес. И покрај сета врева и возбуда, многу малку интервенции со матични клетки всушност функционираат, но клиниките насекаде продаваат недокажани терапии со матични клетки. „Постојат креми и шампони за кожа кои ја користат оваа фраза“, истакнува Кофилд.

Друг омилен пример за искористување на науката, според Кофилд, е микробиомот. До пред само седум или осум години, повеќето луѓе немаа поим што е микробиом. Сега го има насекаде. Луѓето само претпоставуваат дека тоа е нешто „добро за мене“, иако науката не го поддржува тоа.

 „Именувајте кое било големо научно движење и ќе видите индустрија на научна експлоатација“, предупредува Кофилд.

Можеме ли да ги обработиме сите информации што ги добиваме?

Се проценува дека дневно добиваме околу 74 гигабајти информации. Голем број од невролозите забележале дека пред 500 години, високообразованата личност можела да обработува толкава количина на информации во текот на животот. Еволутивно, се чини дека не сме пораснале до оваа количина на информации.

Една неодамнешна студија, исто така, покажува дека 74 отсто од насловите објавени на социјалните мрежи не се отворени, што е уште еден доказ за тоа колку е „бучна“ нашата информативна средина. Бараме лесни начини преку овој метеж и токму оваа потреба се искористува, нагласува Тимоти Колфилд. (ртс.рс)