Хронолошки, во поглед на институционалната рамка во Македонија, Законот за енергетика е воведен во 2018 година и комплетно е хармонизиран со европските закони. Инкорпорирани се препораките на Енергетската комисија на ЕУ. Во 2020 година е донесен Законот за енергетска ефикасност со што се даде инпут за развој на обвновливите извори на енергија и во државниот сектор и кај приватните компании. Во моментов, се подготвува законот за клима и се очекува да се донесе до крајот на годината.
Енергетската стратегија на државата е донесена во 2019 година, која подразбира користење на фотоволтаични панели и енергија од ветерот. Во неа е предвидено конструкција на 750 мегавати ветерници и 1400 мегавати фотоволтаично производство на енергија. Како што објаснува Горан Танчевски, советник за енергетска ефикасност и генерален менаџер во „ГТТП Групација Скопје“ се уште не се постигнати овие бројки, но секако веќе има големи промени во обновливите извори на енергија.
„Во моментов, електричната енергија се произведува 70 насто од лигнид во две електрични централи од мазут и природен гас и овие извори на енергија придонесѕваат со 53 насто, хидроелектричните централи 23 насто и постројки кои произведуваат електрична енергија и топлина и придонесуваат со 16 насто. Покрај хидроелектраните, другите обвновливи извори на електрична енергија во моментот се околу 7,8 насто, од кои 45 насто се мали хидроцетрали, ветерници 22 насто, биогас 18 насто и соларна енергија 15 насто. Ваква е моменталната структура. Од вкупната потрошувачка, најдолу се термоцентралите кои работат на лигнид, потоа над нив следуваат когниративните постројки за производство кои користат природен гас. Тие работеа доста помалку изминатиот период поради високата цена на природниот гас. Хидропотенцијалот е над нив и најгорниот дел е нето увозот (увоз минус извоз), тоа е количината која постојано недостасува во државата и се купува во пазарите на енергија“, објаснува Танчевски.
Постојат две централи на лигнид, една во Битола со 3 блока и Осломеј со еден блок. Двете користат лигнид што е со добар квалитет и го има во ограничени количини. Но, Танчевски смета дека во догледно време веќе нема да има гориво за овие централи.

„Термоцентралата Неготино е замислина да се вклучува во периодите кога има недостаток на струја и таа е предвидена да работи на мазут. Имаше и намера да се смени горивото со природен гас, но, тоа е прашање од иднината. Постојат когнеративни постројки со над 700 мегавати кои годинава имаа проблеми поради високите цени на природниот гас“, вели Танчевски.
Хидроцентрали
Во 2007 година, започна иницијатива за мали хидроцентрали. Досега, направени се вкупно 102 на ниво на држава. Тој смета дека може да се направат и многу повеќе, бидејќи теренот е ридест и има многу реки кои течат. Но,посочува и дека изминатата година многу се зборуваше за импактот на хидроцентралите на природата и бенефитот што го даваат. Тие придонесуваат меѓу 5 - 7 насто од целото производство за енергија. Во државната стратегија пишува дека има хидропотенцијал од 700 мегавати кој може да се искористи до 2040 година.
Ветерен потенцијал
Досегашните ветерници се поставени на линијата север - југ. Богданци 1 и 2 и Миравци на југ, а германска компанија гради и парк од 400 мегавати со 69 турбини, вреден 500 милиони евра на север.
Соларен потенцијал
Југозападниот дел од земјата има најголем соларен потенцијал, додека најмал на североисточниот. Од 2021 година зголемен е прагот за инсталација на 6 киловати за домачинствата и 40 киловати за мали потрошувачки за државни објекти.
Според Танчевски, голем дел од капацитетите се градат на места каде и претходно имало некакви енергетски капацитети. Тој вели дека на овие инвестиции, државата може да нуди јавно - приватно партнерство и би се искористиле можностите на постоечките локации во однос на постоењето трафостаници, високонапонска мрежа што и досега се користела.
Од 2019-та до 2022-та, се зголемува бројот на инсталирани фотоволтаични панели. Во 2022, поставени се 141 мегават нови капацитети.
„Има можности за инвестиции, но, се отворија и многу проблеми во оваа смисла. Проблемите се мрежата која не била планирана на овој начин и на овие локации. Сега мрежата има проблем да ги прими овие производни напони од фотоволтаици, но и конзумот на потрошувачката. Како што знаме фотоволтаични панели произведуваат од 13 до 16 часот, кога конзумот во индустријата се намалува, населението троши помлаку, па сега се разгледуваат разни мерки како да се стимулира потрошувачката во тој период. Односно, дали се да се воведе пониска цена на струјата, дури и обврски за батериско складирање на енергијата која би можела да се искористи подоцна. Проблемот со мрежата е тоа што е планирана во поранешни извори на енергија и доста се слаби поврзувањата и со соседните држави. Мора да се направат инвестиции во високонапонската мрежа што се однесува до локалното користење“, вели Танчевски.