Единственото македонско друштво за инвестиционо советување Капитал ассет менаџмент Скопје со квалитетот, релевантноста и професионалноста на своите анализи застана рамо до рамо со најпознати светски брендови од областа на инвестициското банкарство. Имено, словенечката банка НЛБ го вброи Друштвото заедно со ЈП Морган, Дојче Банк, Рајфајзен банка, Ерсте банка и неколку други познати брендови, како институција која со своите анализи активно го покрива работењето на НЛБ Групацијата. Ваквата информација ја потврдува професионалноста во пристапот на Друштвото кон квалитетот на анализите што се изработуваат за инвестициите кои ги прави за своите клиенти.

„Со големо задоволство објавуваме дека нашата компанија официјално е вклучена на листата на институции кои го покриваат работењето на НЛБ Групацијата, придружувајќи се на истакнати финансиски институции како Дојче банк, Рајфајзен банка, ЈП Морган, Ерсте банка и други. Ова признание доаѓа по сеопфатна проверка на нашите материјали од тимот за односи со инвеститори на НЛБ Групацијата во Словенија, нагласувајќи го квалитетот и посветеноста на нашите аналитичари. Длабоко сме почестени дека сме вклучени во ваква престижна листа и за нас претставува своевидно признание за напорите и трудот што се вложени во нашето работење“, објаснува Коста Костадиновски, главен портфолио менаџер и основач на Капитал ассет менаџмент.
Вбројувањето на Капитал ассет менаџмент со овие светски познати компании претставува сериозен комплимент за единствената компанија од Македонија и поблискиот регион излистана на страницата на НЛБ групацијата како официјален аналитичар (https://www.nlb.si/analitiki).
„Капитал Ассет Менаџмент“ е друштво за инвестиционо советување со дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност издадена според Законот за хартии од вредност. Идејата позади основањето на друштвото е да се пополни празнината на пазарот на хартии од вредност со независно друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност, и на тој начин додавајќи нова вредност за Вашите пари.
„Капитал Ассет Менаџмент“ го претставуваат професионални портфолио менаџери, лиценцирани инвестициски советници од Комисијата за хартии од вредност, со долгогодишно домашно и меѓународно искуство на пазарите на капитал. Преку услугите на инвестиционо советување и управување со портфолио на хартии од вредност овозможуваме правилно изложување кон пазарот на капитал.