Билјана Станковска - Арсова веќе 18 години работи во финансискиот свет и пазарите на капитал. Од  2005 година работи со финансии. Била инспирирана од настан од колеги од Словенија кој опфаќал финансиска едукација на граѓаните и дека со вложување во акции може да се гради акциска независност. Во 2005 година, ова беше непознато во државата. 

Како што вели Станковска - Арсова, со текот на годините излегло потреба да се изгради независен финансиски центар. Така со нејзиниот тим дошле до идека дека на граѓаните им треба зголемување на финансиската писменост, а истовремено да се решат нивните финансиски цели со соодветни финансиски алатки. 

Почав да навлегувам во светот на финансиите. Во последните 18 години тоа е моја професија. Во „Капитал финансиски центар“ - работиме во подрачјето на финансии,  работејќи долго време на подигнување на финансиската писменост и едукација на населението, јас претставував друштва за инвестициски фондови. „Капитал финснсиски центар“ има склучено договори за воспоставување и одржување на договори со клиенти во различни области на финансиите. Работиме со друштва во делот на инвестициските фондови, нашата екипа на соработници го полагаат и државниот испит за пензиски агенти, работиме во подрачјето на управување со портфолио на хартии од вредност. Работиме на кредитни оптимизирања со повеќе банки, се обидуваме на граѓаните да им ги отвориме очите да бараат повеќе понуди, да ја најдат најсоодветната понуда за нив“, вели Станковска - Арсова.  

Како финансиски центар, сакаат да ги покријат сите финансиски инструменти кои постојат на пазарот и да ги задоволат целите на клиентите кои се различни. Вели дека секој човек има различна финансиска потреба во различен дел од животот. Една е на 25 години, друга на 50 годишен човек. 

„На сите им треба да зачекорат до својата финансиска независност. Ние оганизираме семинари и обуки каде им ги доближуваме различните можности и да го направат најдобрите избори за себе. Како што секој граѓанин има и финансиски советник кој покрива уште поширока област. И тогаш и сега се соочувавме со влијание, сакавме да имаме влијание на граѓаните пошироко да размислуваат за своите финансии. Во 2005 година беше потешко да се дојде до информации како функционираат пазарите. Финансиската слобода ни дава можности да го живееме животот мирен. Може да работам ако сакам, најголем дел и да ги имаат условите, ако нешто не влече би го сработиле.  Ффинансиската слобода мора да биде долгорочна финансиска цел и 20 до 30 години да работиме на таа цел. Поентата е она што го заработуваме денеска да го заштедиме за во иднина. Тоа треба да биде меѓу 10 и 15 насто од заработката за тие што имаат веќе одговорност кон семејствата“, смета таа.  

Според неа, младите кои заработуваат 50 насто мора да ја тргнат платата на страна, бидејќи до финансиската слобода има уште финансиски цели како што е купување стан. 

„Друго е кога има обезбедено дом, некоја норма за штедење е до 15 насто. сето тоа зависи од можностите и заработката. Генерално, финансиски писмен човек поставува финансиски цели. Најголем дел од семејствата не го поставуваат. Бизнис планови се прават од 3 до 5 години. Дури и економисти тоа ретко го прават. Секој знае како ги заработува парите и ако треба нешто да заштедат се создава проблем мислат луѓето. Граѓаните не излегуваат од комфорната зона, што ако ја загубат работата, имаат долгови, се соочуваат со проблеми, но малку од нив размислуваат на таков начин. Преку неформални едукации сакаме тој момент да го доближиме до нив. Оној што ќе живее од денеска за утре веројатно е дека после работниот век стандардот ќе му падне значително“, вели Станковска - Арсова.  

Објаснува дека најголем проблем покрај менталитетот на граѓаните, проблем е и долгорочноста, бидејќи сакаат се брзо да се направи во делот на создавање на имот и сериозни капитали. Но за тоа да се случи, вели дека треба да поминат до 30 години, бидејќи човек што работи со плата, нема свој бизнис, тоа е многу потешко остварливо.