Кој пат вoди до ЕУ? Членството на Македонија во ЕУ е тема на која пред секоја „коперација“ се водат „темелни“ дискусии и секогаш маалчаните се поделени: едни се „за“ влез, како шанса полесно да се избега одовде, а другите се „против“, зашто „ЕУ се распаѓа“ или „бргу ќе се распадне, па затоа нема што да се мачиме да трчаме по неа“, особено откако ЕУ за Македонија се покажа како непринципиелен партнер и ја урна довербата и надежта на македонскиот обичен граѓанин за барем малку подобар живот во блиска иднина.

Кој пат вoди до ЕУ?

Песимистичките тврдења се „темелат“ на мислењата дека ЕУ е некое пејачко друштво формирано „ад хок“, колку да се „работе нешто“, а не како еден силен економски „блок“ како партнер на големите економиии, како што се економиите на САД, Кина, па и на Русија. Маалските „аналитичари“ не ја сфаќаат сериозноста и тежината на тој проект, единствен во историјата на планетава со многу похуманистички идеи и резони, освен споменатитие, економските.

Значи, работата е обратна: особен интерес за пириклучување во оваа заедница имаат малите и неразвиени земји. Најнеразвиени земји и единствени што не се членки на Унијата се токму земијте од Западниот Балкан кои се на листата на чекање, кои не ги испонуваат условите за веднаш да бидат примени, па затоа чекаат на преговори, во чиј период ЕУ помага да се спастрат, не само во правно-законскиот дел, туку и во своите одвратни хигиенски навики. Ако ја погледнете картата на Европа, ќе видите темна флека на површината што ја зафаќаат земјите од Западниот Балкан, сиот друг дел од континентот е во сина боја. За да ги поземе на својата маса, ЕУ помага финансики со големи суми пари, се разбира врз основа на прецизни проекти за трошење на тие пари, и со услов да бидат потрошени таму кај што треба, а не да се крадат, што е совршен манир на западнобалканските манипуланти.

Кон ЕУ постојат ралични патишта?


Но, многу анализи изречени на европските фоурми убедуваат дека кон ЕУ постојат ралични патишта, не е само еден: чекање на почеток на преговири, постојано одложување и разочарување. Сродни на членството на ЕУ постојат и други асоцијации, исто така европски, низ кои поминале неколку денешни членки на Унијата и тие ги кажуваат своите искуства и тврдат дека патот до полноправно челнство во Унијата е полесен и пократок.

Прашањето е  дали  тоа би било во интерес на земјите од Западниот Балкан и дали тие би прифатиле таква понуда?

На почетокот на 2020 година, ЕУ, преку Европската иницијатива за стабилност (ESI), објави извештај („Кредибилитет и политиката на ЕУ кон Балканот“) за кризата на процесот на пристапување на Балканот во ЕУ.  Во извештајот се тврди дека Европа има силен политички и економски интерес да им понуди на сите заинтересирани земји од Западниот Балкан можност да му се приклучат на единствениот пазар на ЕУ, како СРЕДЕН чекор во реформираниот процес на пристапување во ЕУ во два чекора и дека имало пример за тоа во форма на „финскиот пат кон членство во ЕУ“.

Имено, во јануари 1989 година, тогашниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, се соочи со сомневања во Париз и другите престолнини за натамошното проширување на Европската економска заедница. Делор најде начин да одговори на тие сомнежи „без да ги отфрли тие што имаат еднакво право да се нарекуваат Европејци“. Тој одговор беше „структуирано партнерство со заеднички институции за одлучување и административни институции“ и пристап до единствениот европски пазар. Финска, Шведска, Австрија, Норвешка и Исланд ја прифатија неговата понуда, почнаа преговори и пет години подоцна, на 1 јануари 1994 година, станаа членки на Европската економска заедница (ЕЕА).

Потоа, на 1 јануари 1995 година, Австрија, Финска и Шведска станаа полноправни членки на ЕУ. Членството во ЕЕА овозможи тоа да им се случи толку брзо. Вели Сундбак, поранешен главен преговарач на Финска, рече: „За нас во Финска, ЕЕА многу ги олесни нашите пристапни преговори“. Андерс Оландер, поранешен шведски преговарач, објасни дека ЕЕА е „отскочна штица за полноправно членство во ЕУ“. Тој го нарече приклучувањето кон единствениот европски пазар „најдобрата школа за европска интеграција на која можам да мислам - без која нема да можеме да ги завршиме нашите пристапни преговори толку лесно и брзо“.

Владите во Финска, Шведска и Австрија во 1989 година заклучија дека понудата на Делор е во нивни национален интерес. Без овој интерес, единствениот вропски пазар никогаш немаше да се создаде.


На 31 јануари 2020 година, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предложи слична идеја. По средбата со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, во Белград, претседателот на Србија предложи ЕУ да и понуди на Србија фер можност:

„Пристап до единствениот пазар, да се отворат границите кон Хрватска, Унгарија, Словенија и земјите од Шенген.

(Шенген-зоната е целост од 26 европски држави кои официјално ја укинале пасошката и сите други видови гранична контрола на нивните заеднички граници. Зоната е наречена по Шенгенскиот договор од 1985.

Шенген-зоната има повеќе од 400 милиони жители и се протега на површина од 4,312,099 км2. Околу 1,7 милиони луѓе работат секојдневно на европска граница, а во некои региони овие луѓе сочинуваат до една третина од работната сила. Секоја година, вкупно има 1,3 милијарди премини на границите на Шенген.

57 милиони премини се должат на превоз на стоки по пат, со вредност од 2,8 трилиони евра секоја година. Намалувањето на трошоците за трговија поради Шенгенот варираат од 0,42% до 1,59%, во зависност од географијата, трговските партнери и други фактори. Земјите надвор од Шенген зоната исто така имаат поволности. (Државите во Шенген зоната ги зајакнале граничните контроли со земјите што не се членки на Шенген-зоната.)

„Нашиот народ гледа директни и конкретни придобивки. Се разбира, имплицирајќи дека европскиот пат на Србија е клучното и најважното решение за нас да бидеме полноправна членка на Европската Унија" – рече Вучиќ.

Тој објасни дека за да продолжи да расте српската економија, „неопходно е не само да се зачуваат мирот и стабилноста, не само да се продолжи дијалогот со Приштина, туку и да се работи на сè што почнавме во регионот“ и со Европската Унија. Не можеме веднаш да одиме во ЕУ, да видиме дали можеме барем да немаме граници со ЕУ и да немаме граници меѓу нас, бидејќи тоа би значело многу за граѓаните, тоа би значело и за нашата економија“, вели Вучиќ.

Дефинирање на Заедничкиот Пазар

Голем дела од политиката на ЕУ на еден или друг начин е поврзана со развојот и со одржувањето на еден ефективен единствен пазар. Значителни напори се вложени за создавање хармонизирани стандарди - создадени за да донесат економска корист преку создавање поголеми и поефикасни пазари.

Моќта на Единствениот пазар се протега и надвор од границите на ЕУ. Прилагодувањето на нејзините стандарди е корисно за да се продава во рамките на ЕУ. Штом фабриките, земјоделците и трговците од некоја земја која не е членка на ЕУ се прилагодат кон стандардите на ЕУ, многу од трошоците за приклучување кон Унијата веќе се намалени. До оваа точка, хармонизирањето на домашното законодавство со цел станување полноправна членка е релативно безболно и може да создаде поголемо богатство преку елиминирањето на царинските трошоци.

ЕУ е најголема економска заедница во светот со 12,165,150 милиони евра БДП во 2009 година. Крајната политичка цел на зедничкиот пазар е создавање нов глобален економски играч покрај Америка, Кина а во последно време и Русија.

Патот на Македонија

Некои домашни економисти го сугерират токму овој пат во средината на македонската агонија во односите со ЕУ. Првин тие сугерираат регионална економска интеграција „Мал Шенген“ плус влез во Европскиот економски простор (EEA). Оваа препорака има основа во конституцијата на ЕФТА. (EFTA е мултилатерален договор за слободна трговија. Таа е воспоставена на 3 мај 1960 година како алтернатива за европските држави на кои не им било дозволено или не сакале да се придружат кон Европската Заедница (денес Европска Унија). Договорот бил потпишан на 4 јануари 1960 во Стокхолм од седум држави. Денес, само Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн се членови на ЕФТА.)

Придобивките во функционирањето на животот во земјите- кандидатки би биле истите што ги имаат членките на ЕУ: владеење на правото, полесно минување на границите. За бизнисот, предност е целосно учество на единствениот пазар. Сите земји имаат бесцарински пристап на единствениот пазар на стоки и услуги. При тоа се применуваат ЕУ-регулативите во однос на конкуренција, на државна помош, на интелектуална сопственост и на јавни набавки.

Членството во ЕЕА носи и обврски, а пред сè: финансиски обврски, како и почитување на правилата на ЕУ. Но, почитувањето на правилата на игра значи и заштита за македонските бизниси, бидејќи сите ЕЕА-членки се рамноправни.

За оваа иницијатива во нашава земја се уште нема јавни дебати органзирани од државните институции, како да се сака да се каже: „или директно и полноправно во ЕУ, или ништо“.  Сето тоа најмногу за да се покаже политичка храброст и нескршливост, наместо прагматичност и јавно размислување за сите можности за пристап кон напредната Европа, која во последниве две децении разменува стока преку автопатишта и железници дури и под морското ниво.

Бране Стефановски