Економските анализи најчесто се сведуваат на мерењето на домашниот бруто производ, на цените, на инфлацијата, на животниот стандард итн. Најретко се прави споредба со загубата а работната сила која е главната економска супстанца, бидејќи без човечкиот ангажман нема и не може ништо а се постигне, тој е незаменлив и во споредба со вештчката ителигенција, бидејќи и таа е негов производ.

Бројките на отселени лица од Македонија се фрапантни, а загубата во пари шокантна, па така, кога ќе се споредт овие бројки, бесмислени стануваат сите теории на заговор што велеа дека некакви авиони прскаат некакви прашоци за да го намалат населението, демек било прекубројно, па затоа требало да се проретчи, но вистината е тоа што населението бега токму од слабостите во организацијата на државата и на политички и на социјален план, а тоа е всушност директно поврзано со економската основа. Значи демографијата директно влијае на висината на БДП, работната сила и продуктивноста.

Според проценки на меѓународни институции и статистиката од 1990, до денес, од Македонија се иселиле 500.000 – 600.000 луѓе, најголемиот број млади и работоспособни. Тоа значи дека денес бројот на населението во Македонија можело да изнесува околу 2,3 – 2,4 милиони жители, наместо сегашните околу 1,8 милиони.

Таа загуба во човечки потенцијал е загуба и во создавањето на материјалните вредности, односно фактор за бавното напредување, а можеме слободно да речеме и за назадувањето на македонската економија и воопшто на државата. Сега, БДП по жител во Македонија изнесува  8.500 – 9.000 евра годишно. Ако 500.000 луѓе останеле во земјата и работеле, сметката е следна: 500.000 × 9.000 ева е рамно на 4,5 милијарди евра повеќе годишен БДП. Сегашниот БДП на Македонија изнесува околу 16–17  милијарди евра. Ако тие луѓе останеле во земјава и биле вклучени во поизводството и услугите, БДП би можел да достигне до 20–22 милијарди вра годишно, што значи дека економијата би била поголема за околу 25–30 проценти.

Овие бројки се поразителни за македонската економија и политика, а ретко кој го нагласува значењето, односно загубата на човечкиот фактор и во економијаа и во создавањето на нови вредности. Бројот на иселените лица ретко каде и кој го спомнува, се спомнува само иселувањето на кадрите, но овие бројки навистина се опасност и за опстанокот на државата, која е увозно ориентирана, па секој ценовен потрес на светскот пазар, силно го потресува обичниот граѓанин кој се’ уште се надева дека нешто ќе тргне нагоре во оваа, слободно можеме да речеме, сива зона и географска и политичка и економска.  

Иселувањето не значи само помал БДП, тоа влијае и на потребниот број на работна сила. Компаниите сè почесто имаат проблем да најдат работници, а, ако ги најдат од далечните змеји, се соочуваат со проблемот на нивните вистински вештини и нивната применливост за работата што се бара, потоа со документи за престој, со нивното сместување и здравствено осигурување и сите работи што следуваат со престојот а странци во земјава, се разбира според законските одредби, за незаконските појави и проблеми да не зборуваме. Иселувањето значи и помала побарувачка на пазарот, што директно се однсува на понудата, односно на обемот на производството. Тоа, македонскиот пазар го прави мал, сиромав, со тесна и средноквалитетна понуда, без голем избор на производи од домашно, но и од увозно потекло. Инвеститорите, за кои порано бевме убедени дека ќе ја дигнат македонската економија на европско или светско ниво, дека ќе донесат некаков си „know-how“, се повеќе ја заобиколуваат земјава, иако нашата работна сила е се’ уште најевтина во Европа, но не било работата самот во тој наш адут, туку бегаат од  корупцијата, од рекетот, од корумпираната царина, од институционалната инертност и нестручност.   

Така, Македонија се соочува со стареење на населението, односно со неможноста да надје млади и квалификувани работници или стручњаци. Тие средовечни или веќе стари занаетчии, што го пропуштија возот да заминат, сега се одесуваат како цареви, па за нивните услуги наплаќаат можеби и 5 пати повисоки цени отколку што е мерливоста со цените на таквите услуги на европскиот пазар. Значи, причината за осиромашувањето на македонското население не се само цените во маркетите, тук и цените на услугите. Сите се молат да не даде господ да им се расипе нешто во бањата или на електричната инсталација.

Со стареењето на населението се намалува и општата здравтвена состојба, па притисокот врз здравственот систем е се поголем, големите трошоци се помалку можат да го изржат тој притисок, плус злоупотребите на тој фонд со лажните боледувања и дргуги трикови. Пензискиот систем одамна се одржува со огромната инекција од државнот буџет од околу 400 милиони евра годишно, што е спротивно на принципите на секоја пазарна економија.

Единствена позитинван работа, (што воопшто не е за фалење, но барем е утешителна) е тоа што нашите иселеници во својата татковина носат или праќаат по разни канали, формални и нефорнмални, девизни средства како помош на своите роднини, или како заштеда со недеж дека еден ден ќе се вратат и ќе инвестираат најмногу во стан или во куќа.  По оваа сонова годишно во Македонија влегуваат 2 до 3 милијарди евра, што е три пати побеќе од пред 20тина години, кога сумата на тие дознаки годишно изнесуваше околу една милијарда евра. Ете, и овој податкок е сведок за масовноста во иселувањето на нашите сонародници од земјава во странство. Некои тоа го толкуваат као голема придобивка, односно како  огромен извор на девизи, но тоа е еден вид магла, затоа што ако се стави на кантар придонесот на тие девизи од странство и неоставувањето на тие девизни од домашен терен, со извоз, ќе се види дека сме во чиста загуба. Сега девизните резерви на НБРМ изнеуваат околу 5,5 милијарди евра, што се во функција на меѓународните плаќања, но и во одбрана на курсот на денарот, со што гувернерот се гордее, но никако да кажа од каде се тие девизи, дали се заработени од извоз или од црнчењето на нашите иселеници. Се разбира дека висината на трговскиот дефицит се избегнува да се каже.

Во последните години, Македонија има една од најголемите дијаспори во Европа во однос на бројот на жители. Предвидувањата за бројот на жители на Македонија до 2050 година се прилично драматични. Службите на Обединетите нации предвидуваат населението постојано ќе се намалува, а стареењето постојано ќе се зголемува.

Според најрелевантните (UN) проекции во 2030 во Македонија ќе живеат околу милион и 760 илјади жители, во 2040 - 1.64 милиони, во 2050 бројот ќе падне на милион и пол. Тоа значи намалување на населението од околу 300.000 луѓе (-16%) до 2050. Ова се бројки од кои се плашат сите здравомислечки луѓе, затоа што ова прашање ја засега не само економијата туку и прашањето за безбедноста на нашата земја. Затоа се наметнува дилемата  – дали има лек, или излез од оваа ситуација? Можеби би можело да има излез, но тоа е врзано со силен економски раст, што не може да се постигне за кратко време, а како што се движат работите во нашиот економски концепт – ни за долго. Така, без да се претерува, можеме слободно да речеме дека нашиот живот, односно животен стандард, нема да доживее комоција на барем средноразвиените европски земји, дека иселувањето и стареењето на населението продолжува, а со тоа и сите негативни појави што одат со него.