Сите македонски гаѓани, припадници на постарата генерација, кои го паметат животот во нашата поранешна држава Југославија, чија федерална единица беше и Македонија, воздивнуваат по тоа време со акцент дека тогаш подобро се живееше и според животниот стандард и според слободата на движење и според општата безбедност.

За назадувањето на Македонија откако се осамостои напишани се бројни студии, анализи и коментари, со  префрлање на вината од едниот политички фактор на другиот. Во овој текст ќе се обидеме да направиме споредба со други земји кои беа или понапред, или многу поназад во својот развој.

На пример колку би изнесувал БДП по глава на жител ако нашиот развој одеше како што одеше во Словенија или во Полска. Денешниот БДП на Македонија изнесува околу 16–17 милијарди €, што значи околу 8.000–9.000 € по жител. Ако ги земеме објектиите причини за забавениот раст на македонската економија ќе утврдиме дека тоа се транзиционата криза во 1990-тите, санкциите и регионалните конфликти, политичката нестабилност, особено во времето на конфликтот во 2001 година, а што се однесува до субјективните причини, тоа се нестручноста во водењето на економкста политика, немање јасни цели за економскиот успех на земјава, непочитување на „Стратегијата за развој“, немање идеја за водење на енергетската политика и стекнувае енергетска независност на земјата и најмногу од се - огромната корупција која не’ стави во редот на најкорумпираните држави во светот, на тоа се надоврзува слабиот интерес за инвестирање на странските инвеститори, намален број работни места, што доведе до масовен одлив на квалификуваната работна сила.

Ако македонскиот економски развој се движеше паралелно со словенчкиот (Словенија е најуспешната економија од поранешна Југославија), денес Македонците ќе имаше БДП по жител од околу 32.000 €, силно индустриска економија и извозно ориентирана, а 1,8 милиони жители, ќе имавме вкупен БДП од околу 55–58 милијарди €. Тоа значи дека економијата ќе беше повеќе од 3 пати поголема.

Ако ја споредиме Македонија со развојот на Полска, која е една од најуспешните економски и транзициони земји во Европа (единствена европска економија што не падна во рецесија во 2008 и има огромен индустриски и технолошки раст). Денес Македонците ќе раполагаа со БДП по жител од 18.000–19.000 €, однсоно со вкупен БДП од околу 32–34 милијарди € годишно. Тоа значи дека Македонија ќе имаше приближно двојно поголема економија од денешната.

Што најмногу ја има направено разликата?

Економистите најчесто наведуваат дека најголемата причина за заостанувањето на македонската економија се нездравите институции, прекубројното вработување во нив, нивата непродуктивност, огромниот одлив на финансиски средства од буџетот на кои најчесто им се губи трагата, сомнителните јавни набавки, неспроведувањето на законската регулатива, бавните судски процеси, непримениливоста на правото, на што европските институции редовно ставаат забелешка во извештаите  за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија. Тоа на македониските компании им ги намалува можноститие за развој. Тие имаат ограничен пристап до светските пазари поради својата слаба конкурентност, што се регистрира како слаб извоз, изложеноста на македонската економија да ги задоволува потребите со увоз на странски производи доведе до огромен трговски дефицит. Македонија секој ден се’ повеќе пропушта да биде присутна на големиот европски заеднички пазар, на кој живеат околу 500 милиони потенцијални поторошувачи.

Ако Македонија имаше економија од 55 милијарди €, просечната плата денес веројатно ќе беше 2–2,5 пати повисока.

Аналитичарите, или барем тие што се интересираат за акономските прашање, исто така  го постауваат прашањето: Каква би била економијата на Македонија ако не се распаднеше Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Во 1990 година Југославија имаше околу 23 милиони жители, БДП од околу 120–130 милијарди долари, една од 20–25 најголеми економии во светот, имаше автомобилска, машинска, воена индустрија, развиена металургија и голем  извоз. Социјалистичка Република Македонија учествуваше  со околу 5–6 % од вкупниот БДП на Југославија. Главни индустрии беа металургиската, текстилната, рударството, земјоделството, електроиндустријата и други. Многу фабрики работеа за заедничкиот југословенски пазар. Ако Југославија останеше стабилна и интегрирана во Европа, многу економисти сметаат дека можеше да стане економија од 1 – 1,5 трилиони долари. Тоа би било слично на економиите како шпанската и турската. Според оваа проценка Македонија би имала 5% удел во таква економија, однсоно околу 50 милијарди БДП годишно. 

Тоа значи: економија 3–4 пати поголема од деншната, БДП по жител би можел да биде 20.000 – 25.000 €, што е блиску до економиите како португалската, грчата и слични.

Тоа се последиците од распадот на една респектирана држава во светот. Од тој распад штета имаа сите шест тогашни федерални единки, сега посебни држави со огромен број проблеми. Но, најголема економска загуба од распадот на Југославија се изгубените повеќе од 30 години побрз економски развој.