Меѓу 100 најдобри банки во Југоисточна Европа рангирани според износот на активата се пет македонски банки, покажува најновиот извештај на економскиот магазин SeeNews.

Во конкуренција на над 260 банки во Југоисточна Европа на ранг-листата SEE TOP 100  се најдоа пет банки од земјава, а меѓу нив Комерцијална банка го зазеде првото место според вкупната актива на 31 декември 2021 година, со позиција на 42 место, што претставува едно место погоре во однос на претходното рангирање.

Според ранг-листата, Комерцијална како најдобро пласираната македонска банка ја завршила 2021 година со  вкупни средства 2412 милијарди евра, односно забележала раст од 12, 03 проценти. Нето добивка за 2021 година изнесува 37,4 милиони евра за разлика од 2020 кога била 32 милион евра.

Стопанска банка АД Скопје е рангирана за едно место понапред од 51 на 50 –то место со актива од 1853 милијарди евра, што претставува раст од 7,64 проценти во споредба со претходната година. Имено нето добивката за 2021 година изнесува 40 милиони евра наспроти 32,1 во 2020 година.

На 53 место е рангирана и НЛБ Банка АД Скопје со вкупна актива од 1749 милијарди евра, што претставува раст од 11, 56 проценти во однос на претходната година, поради што и таа е за едно место погоре на скалата на 100 најуспешни.

 На оваа ранг -листа на најдобри банки за Југоисточна Европа на 72 место, како ново рангирана се наоѓа и Шпаркасе Банка АД Скопје со актива од 1187 милијарди евра што претставува зголемување на средствата од 2, 14 проценти во однос на 2020 година.

Веднаш зад неа на 73 место е Халк Банка ад Скопје, која од 71 место на претходното рангирање се спуштила за две места подолу. Таа 2021 година ја завршила со раст од 8,69 проценти во однос на претходната година, односно со актива од 1181 милијарди евра.

 Највисоко котираат романските банки 

Инаку на SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа највисоко котираат две романски банки: Банка Трансилванија СА и Банка комерцијала Романа СА, а веднаш зад нив се Загрепска Бнка ад и Привредна банка Загреб.  Во првите 10 рангирани следуваат, на петто место БРД –Група  Сосиете Генерал СА  од Романија , потоа Бугарската Уни Кредит Булбанк па, Нова Љубјанска Банка дд , ДСК Банка ад од Бугарија, како деветта е Рајфајзен банка и десетта ING Bank N.V. Amsterdam – Branch Bucharest и двете од Романиа.

На оваа листе од поранешните југословенски републики се рангирани осум хрватски банки,14 од Србија, и по 10 од Словенија и од БиХ.

Најдобро рангирана банка од Србија е Банка интеса а.д. на 18 место и ОТП банка Србија на 20 место, а од Би Х на 33 место е позиционирана Уни кредит банка д.д. Мостар.

Ранг-листата SEE TOP 100 е традиционално годишно рангирање на банките, кое има за цел да објави факти и бројки за најголемите банки во Југоисточна Европа. Покрај банки, SEE TOP 100 одделно рангира и компании и осигурителни компании. Оваа ранг-листа е всушност сеопфатен и детален водич за економиите во Југоисточна Европа, кој ги презентира бизнисите со најдобри перформанси во секоја земја.

SeeNews е независен меѓународен провајдер на бизнис вести, со фокус на пазарите во развој во Југоисточна Европа.