
Овој проблем годинава можевме јасно да го видиме во инфомрациите за поплавите во регионов, во Словенија на пример, во Хрватска, во пожарите во Грција, но и кај нас, а најмногу на зелените пазари изразени во астрономските цени, од кои граѓаните ги фаќа вистински и оправдан страв. Сушата и неправилно распоредните врнежи во годината го десеткуваа производството, земјата е сува, дождот не допира до коренот на растенијата, овошките, па се’ е повеќе од преполовено. Кога ова ќе се комбинира со масовното иселување на земјодлеските региони во Македонија и со одбивањето на младите да ја продолжат земјоделската активност на своите родители, се доаѓа до застрашувачка вистина – едноставно домашното производство е сведено на минимум. Цените на пиперките по кои се продаваа пред 10-20тина години се одамна минато време и никогаш нема да се вратат. Цената на лубениците е зголемана за 200 проценти! Така лубеницата и многу други земјодлески производи, не преработки, станаа ликсуз во вистинска смисла на зборот. По оваа основа, класните разлики се зголемуваат – само богатите можат да си дозволат на својата трпеза да имаат секој ден лубеница!!!
Продавачите велат: „на кванташкиот пазар нема стока, нема од каде да купиме! Откупувачите, големите преработувачки капацитети, се исто така во потрага за откуп на земјодлески производи, но нив ги нема на домашен терен.
Останува увозот, но и во светот производството на храна се намалува. Главната причина е пореметувањето на климатските услови.
Официјална потврда за ова доаѓа од „Годард инстутот“ за вселенски студии на Американската вселенска агенција (НАСА) дека јули бил најтопол од кога се мери температурата на ваздухот на нашава планета.
Според податоците на Американската вселенска агенција, јули во последните пет година бил најтопол од 1880. година.
Во извештајот пишува:
„Јули 2023. беше за 0,24 степени Целзиусови потопол од било кој јули од кога се спроведуваат мерењата, а исто така беше потопол за дури 1,18 степени во однос на истиот месец во периодот од 1951. до 1980. година.
„Последиците на климатската криза, за жал, се повеќе се манифестираат во целиот свет ”, вели Бил Нелсон, администратор на НАСА, додавајќи дека мора итно да се дејствува за да се заштити планетата, зашто друг излез не постои“.
Јулските топлотни бранови пустошеа посебно во делови на Северна Америка, Северна Африка, во делови на Азија, така што во повеќето континтални делови на северната хемисфера беше четири степени Целзијусови потопло од просекот.
Експертите на НАСА истакнуваат дека екстремниот јули 2023. покажа дека продолжува трендот на загревање на планетата, предизвикано од човечкиот фактор, првенствено поради продолжувањето на емитување штетни гасови, што трае повеќе од четири деценије.
„Климатските промени имаат влијание на луѓето и на екосистемите ширум светот и се очекува дека многу од овие влијанија ќе ескалираат поради загревање на планетата”, вели професорката Кетрин Калвин, виш советник за климата во седиштето на НАСА во Вашингтон, што е пренесено на сајтот на оваа агенција.
НАСА собира податоци за температурата на ваздухот од десетици илјади метролошки станици.
Анализите на стручњаците на НАСА ги апострофираат како посебно топли океаните во источниот тропски Пацифик, што е доказ на дејствувањето на ураганот „Ел Нињо“, кој почна да се развива во мај оваа година. Според тврдењата на американските експерати, влијанието на феноменот „Ел Нињо“, кој го загрева Пацификот, ќе се почувстува со пулна сила во мај и јуни идната година.
Жештината го погоди и Монблан
Порастот на температурата на воздухот во Европа го погаѓа и највисокиот врв во Европа, Монблан и неговата околина, зголемувајќи го ризикот од одрон на камења и појава на нови пукнатини во глечерите на кои лежат дебели пластови снег.
Заради тоа, надлежните апелираат планинарите да ги одложат искачувањата на ова планина која се протега по должината на француско-италијанската граница, зашто високата температура го зголемува ризикот за сите алпинисти, пренесува Ројтерс.
Маслинарите на југот на Европе претрпеа огромна штета
Насадите со маслинки на југот на континентот претрпеа огромна штета, а се предвдува дека производството во Шпанија оваа година ќе бие преполовено.
Освен Шпанија, во која производството на маслинки од 1,3 милиони тони падна на 620.000 тони, настрадаа маслините во Италија и во Грција.
Иако проценката ќе го каже точниот обем на штетата дури по бербата во октомври и новември, според сегашните предвидувања вкупното европско производство на маслиново масло би можела да падне за повеќе од 30%, односно за околу 700.000 тони во споредба со петгодишиот просек.
Хрватските маслинари велат дека ситуацијата не е толку драматична, како и дека годинешнава берба ќе биде просечна, зашто во тој регион имало доволно врнежи.
Ни истарските ни далматинските маслинари не очекуваат дека цените на маслиновто масло ќе растат, зашто, како што велат, освен доволните количини на годинешниот плод, има и залиха од минатата година. Сепак, тие велат дека инфлацијата и растот на другите трошоци можат да влијаат на растот на цените на хрватското маслиново масло, пренесува Танјуг.
„Оливе Оил Тимес“, најголемит светски извор на информации за маслиновото масло, пишува дека годинешните суши им оделе на рака на некои земји. Како што се наведува, Турција забележала рекордно производство, а спрема податоците на турското министарство за трговија, извозот на турското маслиново масло од новембри 2022. до јули 2023. пораснало за 240 насто во споредба со истиот период од претходната сезона, пред се поради зголемената побарувачка на полнилниците во Шпанија и во Италија, кои и минатата година се суочаваа со големи суши.
Сепак, Турција реши да го забрани извозот на маслиново масло во рефус до 1. новембра, а како причина го наведува растот на цената на домашниот пазар - поврзан со извозот.
Македонија
Оваа година и во Македонија климата го покажа својот апокалиптичнен карактер. Горат шумите! Бројот на пожарите беше најголем од сите досега. Земјата е сува, не раѓа, птиците наместо храна по нивите, ги колваат овошките, производството на виталните продукти е преполовено. Но, има можности да се ублажи налетот на катастрофата, за која се преддвидува дека идната година ќе земе многу повеќе од оваа. Македонија располага со:
Обработлива површина ( 2021) : 517 илј. хектари
Земјоделска површина ( 2021) : 1260 илј. хектари
Ораници и бавчи ( 2021) : 417 илј. хектари
Ова сето мора да се стави во функција, па макар и со увоз на работна сила, кога веќе младите ја напуштаат својата земја и ја оставаат на случајноста.
Податоците за земјодлеското производство во последниве години се негативни и мораат да се вратат во позитива.
Производствто на жито во 2016 изнесувало 6 614 тони, а во 2021 - 6 077тони.
Сончоглед: од 114 тони во 2016, на 100 тони во 2021
Градинарски производи: од 31 546 тони во 2016 година, 29 311тони во 2021 година
Добиток: од 8 637 грла во 2016 година, на 6 238 грла во 2021 година итн.
Вината за намаленото производство не теба да име се префрла само на климатксите промени. Најголемата вина ја сноси земјодлеската политика, од која страна и да доаѓа. „Случајот“ со Израел е непобитен пример дека од пустина може да се направи плодно земјиште. И како најважно, домашното земјоделско производство е нејголемата економска мерка, многу појака од затегнување на основната каматна стапка на монетарната плитика против инфлацијата, зашто инфлацијата во оваа земја најмногу се увезува со скапите увезени основни продукти за живот на бедното население.