Пред неколку дена Македонија ја доби втората оценка за оваа година од една од трите најреномирани агенциите што го прават економскиот и финансискиот рејтинг на земјите од светот. Имено, Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија „ББ+“ – „со стабилен изглед“. Според „Фич“, тоа се должи на „кредибилната и конзистентна макроекономска политика, поддржана од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобри показатели во управувањето од земјите со слични економски перформанси, како и реформите на среден рок поврзани со евроинтеграцијата.“
Агенцијата очекува раст на економијата во наредните години во просек од 3,5%, а спроведувањето на кредибилна среднорочна фискална стратегија со постепено намалување на буџетскиот дефицит да биде клучен фактор за стабилизирање на долгот. Се очекува умерено намалување на буџетскиот дефицити до 3,5% во 2026 година.
Во своето образложение „Фич“, како една од задачите до нашите финансиски власти, многу конкретно ја сугерира борбата со сивата економија преку дигитализација на процесите. Оваа препорака досега ни ја имаат упатено сите институции со кои соработуваме финасиски, потоа европските партнери, со цел да не убедат и да ни укажат колку е важна консолидацијата на финансиските текови и контролата врз нив, за да не се губат парите низ каналите, како што се губи водата во македонските водоводни системи поради нивната застареност и поради кражба.
„Фич“ се надева дека растот на македонската економија ќе биде поттикнат од реализацијата на инвестициите, особено на инфраструктурните, на Коридорите 8 и 10д. Како позитивна се оценува поддршката што ја добива Македонија од ЕУ, како дел од евроинтегративниот процес.
Кредитната агенција „Фич“ два пати во годината објавува извештаи за кредитниот рејтинг на земјата. Во април, исто така, беше потврден кредитниот рејтинг на земјата „ББ+“ со стабилен изглед.
Оценак од страна на НБРМ
Народната банка на Македонија е задоволна од последната оценка на „Фич“. Нашата централна банка својата залуга за оваа оценка ја аргументира со водењето претпазлива политика, со сведување на инфлацијата на едноцифрени стапки, со зголемувањето на девизните резерви за 40%, во однос на преткризниот период.
Курсот на денарот
Што се однесува до курсот на денарот, за кого сите ние стравуваме и се молиме да остане на овој сооднос со еврото, за кого е законски врзан во однос 61,5 ден за едно евро, „Фич“ соопштува дека тој е стабилен и дека нивото на девизни резерви е адекватно за натамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Нивото на девизните резерви е оценето како соодветно, со 4,5 милијарди евра во август годинава.
Оценка на Министерството за финансии
Македонското министерство за финансии сопштува дека планирањето на буџетот за идната, 2025 година, е при крај со кое е предвидено намалување на буџетскиот дефицит под 4%.
Кредитен рејтинг според „Фич“
Овој кредитен рејтинг не е од вчера или не e заслуга на актуелната власт.
Американската агенција „Фич“ првиот кредитен рејтинг за Македонија го постави на 1 ноември 2005 година, на нивото од „ВВ“. Како јаки страни за кредибилитетот на државата беа наведени долгорочниот тренд на ниска стапка на инфлација и макроекономската стабилност, внимателното водење на фискалната политика умерениот јавен долг, умерениот надворешен долг, како и статусот на потенцијална членка на ЕУ.
Фактори со негативно влијание врз кредитниот рејтинг беа: високата невработеност и тешката бизнис клима во државата, ризикот од шокови во политичката стабилност, значителниот дефицит на тековната сметка, високите домашни каматни стапки итн.
Во јуни 2006 година, „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Македонија, на нивото од „ВВ+“.
Како причина за тоа беа добиениот статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, во декември 2005 година, но и добрата фискална политика и ниските нивоа на задолженост. Сепак, ниското домашно штедење и инвестирање, како и ниската стапка на странски директни инвестиции влијаеле кредитниот рејтинг да не се искачи на повисоко ниво. Нивото на рејтинг од „ВВ+“ според „Фич“ се задржа и во следните години.
Во 2015 година, десетта година по ред, агенцијата „Фич“ го потврдуваше кредитниот рејтинг на Македонија на нивото „ВВ+“ при што стабилниот изглед беше заменет со негативна перспектива, а истата оценка беше повторена и во февруари 2016 година.
На 19 август 2016 година, „Фич“ прв пат го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија од „ВВ+“ на „ВВ“.
Од 2019 година Македонија го добива истиот рејтинг од ББ+.
Фич не е единствената агенција за рангирање на кредитниот рејтинг на светските економии. Рангирање прават и агенциите „Мудис“ и „Стандрд и Пурс“.
„Стандард и Пурс“ на 30 јануари оваа година на Македонија и ја повтори оценката од ББ-. Со тоа нашава змеја кај „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед .
Сепак, Македонија досега, да имаше политичка волја и мудрост, можеше да добива многу повиок рејтинг и кредитно да биде многу подоврелив партнер кај меѓунаорндите финасиски институции и кај странските инвеститори. Но, македконската борба за буџетот и за бравурозните вештини за неговото искористување за сопствени цели не и даде економски полет на земјава.
Патните, железнички и гасоводните кородори, што и ги дала географската местополжба, не знаеја да се искористат, односно немаше капитални инвестиции во нив сите овие години од осамостојувањето, а светските искуства кажуваат дека без сообраќајнте и гасоводните корисдори нема напредок. Чекаме на помош од Европската унија, а не ги следиме нејзините јасни препораки.
Од соседните змеји тоа го препозна Србија и оценката за нејзиниот кредитен рејтин од пред неколку дена изнесува БББ-, што ја става земјата во многу повисока категорија на доверливост и на економска сигурност, а со тоа и широка перспектива за развој.
Сите досегашни македонски власти економијата ја сфаќаат као нешто споредно, дури и медиумите, па дури и сегашната влада која нема вицепремиер за економија. Никогаш Министерството за економија немало некоја посебна важност, тоа секогаш се користело за сместување на некој коалиционен партнер во него, па дури и Стопанската комора на Македонија секогаш била „посилна“, а нејзиниот претседател важел за поголема фигура од министерот, иако таа одамна не е единствана стопанска комора во Македонија.
Од оценката за кредитниот рејтин на „Фич“ ББ+ за Македонија, сите домашни фактори се задоволни, но популацијата – не е. На граѓаните ништо не им значи таа „голема вест“. Тие ниту ја разбираат, ниту и се радуваат. Таа останува гордост на сипмпатизерите на власта, како уште еден адут за големите постигнувања на власта во своите први 100 дена од владеењето, иако таа оценка е стара 25 години, а цените на пазарот достигнаа „рејтинг“ за кој огромниот процент граѓани веќе не можат ни да сонуваат.