„Кристал“ очекува смирување на цените на зејтинот по ковид-кризата. Менаџментот тврди дека главната  причината за поскапувањето на зејтинот се поскапите увозни суровини, намалениот обем на транспорт, цената на нафтата, која се враќа на нивото од пред кризата.

„Кристал“ очекува смирување на цените на зејтинот по ковид-кризата

Цените на некои производи пораснаа речиси двојно. Најдрастиечен пирмер е зејтинот. Неговата цена нагло скокна од 52 на 95 ден. Граѓаните со право се уплашени, мислејќи дека тоа е знак за масовно поскапување на цените, појава на инфлација, што би ги „изела“ нивните плати и пензии, со кои и така одвај врзуваат први со први, а многумина и не врзуваат, па се мачат секој на свој начин.

Побарувачката е кампањска


За утеха, можеме да тврдиме дека нема никакви макроекономски причинско-последични показатели за појава на голема и нагла инфлација: побарувачката не е зголемена. Tаа во услови на криза е кампањска, се купува поголема количина, но во еден ден од неделата, а потоа цела недела се седи дома.

Зголемено количество пари во оптек нема, нема ни да има (печатењето пари без потреба е забрането!).  Цената на нафтата на светските берзи не е причина за да предизвикна „нафтафлација“ (во моментов се движи нешто над 60 долари за барел, а имаше години кога надминуваше 100 долари за барел).

Е, па што е работата, ќе праша некој? Нашата претпоставка е дека проблемот е на страната на понудата што го предизвика здравствената криза:


  • *огромен број отпуштени работници – помало производство,

  • *намелена деловна активност – помало производство,

  • *затворени транспортни патишта – намален транспорт,

  • *помало санбдување – недостиг на одредени основни производи – зголемување на нивната цена.


Ова може да мириса на „стагфлација“ – зголемување на цените на некои производи при низок процент на вработеност и намалена побарувачка.

Потврда за нашите тези добивме и од еден од најголемите производителите на зејтин „Кристал“ (Благој Ѓорев) од Велес.  Менаџментот тврди дека главната  причината за поскапувањето на зејтинот се поскапите увозни суровини, намалениот обем на транспорт, цената на нафтата, која се враќа на нивото од пред кризата.

„Тоа се главните причини! Иако потрошувачите често пати вината ја префрлаат на производителите. Да појасниме дека нам не ни одговара поскапувањето, зашто потрошувачката на нашите производи е намелена, но наведените усливи ја диктираат цената.

Ние го откупивме целото производство на сончоглед од Македонија. Тоа е преработено, па сега се соочуваме со недостиг на суровина. Принудени сме основната суровина да ја увезуваме од соседните земји, Србија и Бугарија, која е поскапа, плус цената на транспортот.“


Технички капацитети


Фабриката „Криастал“ (поранешен Благој Ѓорев) произведува маслото за јадење и маргарин „Кристал“, но и таан алва, локум, желе бонбони, зачини, слатко од смокви, производи од соја итн.

„Кристал“ е:

-Единствен капацитет во Македонија за преработка на маслодајни семиња (сончоглед, репка, соја во зрно) од преку 50.000 тони годишно;
-има цистерни за складирање 15.000 тони сурово масло;
- Рафинерија за производство на 100 тони рафинирано масло дневно;
- Линија за амбалажирање масло за јадење од преку 100 тони дневно;
- Капацитет за производство на маргарин и други тврди масти од 7000 тони годишно;
- Производство на кондиторски производи (алва, локум, желе) од 1000 тони годишно;
- Производство на оцет (алкохолен, вински и јаболков)

Нашите соговорници од „Кристал“ (Благој Ѓорев) се надеваат дека ценовната состојба, по стивнувањето на здравствената криза, ќе се стабилизира.

 

И проекцијата на Народната банка на Македонија укажува дека инфлацијата ќе се движи околу  еден процент, како што се движи во последниве години. Сепак, збирната сума на покачувањето на цените на дол рок си го прави своето, па стандардот постојано опаѓа.

Македонија е една од трите најсиромашни земји во Европа, не сакам да речам најсиромашна.

Бране Стефановски