Во кафеаните ќе нема кој да служи! На македонските угостители реално им фалат околу 20 илјади луѓе од сите угостителски субспецијалоности, тврди, за Анторис, Претседателот на Туристико-угостителската комора, при Сојузот на стопански комори, Аркан Керим. Тој деновиве укажува на еден сериозен проблем со кој се соочува угостителскиот сектор, а тоа е недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, готвачи.

 

-        Пред неколку дена на прес-конференција изјавивте дека на угостителскиот сектор му фалат околу 5 илјади работници. На прв поглед се чини дека е тоа голема бројка?

-        Всушност, се плашам дека бројот на овој кадар што недостасува за кој зборуваме е многу поголем и реално изнесува околу 20 илјади?

·        Оваа информација ја зачуди јавноста, бидејќи секогаш слушаме за висока невработеност на домашниот пазар на трудот. Каде ја гледате причината?

-        Кризите, пандемијата и украинската, си го зедоа својот данок. Токму невработеноста, пандемијата , отвореањето на границите и летната сезона што е во тек. Односно, пазарот на бившите угословенски држави   повлече голем број работници од Македонија. Проблемот се зголемува со тоа што, на пример во Хрватска, нашите работници се вработени во сезоната, но Хрватите се обврзуваат дека и во зимските месеци ќе им плаќаат минимална плата од 400 до 500 евра месчно и кога ќе дојдат тие луѓе во Макекдонија нема да сакаат да работат. Значи, се соочуваме со сериозен проблем и ако не реагираме на време работата на рестораните, на хотелите, мотели, едноставно ќе застане, па затоа мораме на време да го запалиме алармот.

·        До кого треба да биде упатен алармот? Кој треба да реагира и како?

-        Работата запнува на тоа што нашата држава дозволува да се вработуваат странци, но таа процедура е долготрајна. Ние бараме државата да овозможи таа процедура да биде пократка. Ние можеме да донесеме кадар од многу други земји, како на пример од Индија, од Непал, од Пакистан, но нам најблиски и со култура и со менталитет, со работен квалитет, со сервис и услуга, со блискост - работниците од Турција. Сега имаме шанса, бидејќи во Турција има девалвација на лирата и луѓето се во ситуација македонските просечни плати ним да им одговараат. Пред 5 години ова беше незамисливо, бидејќи во Турција тогаш просечна плата беше 2 илјади евра. Затоа би било добро да ја искористиме оваа ситуација. Можеби тие луѓе ќе можеме да ги задржиме кај нас да работат долгорочно и со тоа ќе го зајакнеме секторот .

·        Дали претходно е направена таа врска или некој договор за „увоз“ на турски работници на која вие најмногу ставате акцент? Дали е тоа некој план на вашата комора или е тоа ваша лична заложба?

-        Јас, во изминатите 2-3 месеца бев неколку пати во Истанбул и во координација со тамошните партнери, асоцијации и комори, го ставив овој проблем на маса и добив уверување дека тие можат да ни обезбедат луѓе за работа, нормално ако ние ги средиме условите во нашава држава. 

·        Дали на тие работници би им се испалтело да дојдат овде, да плаќаат стан и храна со нашата просечна плата?

-        Па, можам да направам сопредба со Србија. На пример во Белград има многу млади што отидоа да работат. Таму е либерализиран пазарот на трудот. Таму има работници од Индија, Непал, Пакистан и од Турција, но Србите се најзадоволни од турските работници. Дури, во Србија влезот и излезот на турските работници наскоро ќе биде можен само со лични карти. Како не им се исплати? Тие ќе дојдат, Македонија е убава замја, еден чекор е до Европа. Ние планираме да донесеме млади, студенти, што можат да студираат и да работат.                       

·        Со недостиг на угостителски кадар во моментов се соочуваат и Шпанија и Португалија. Ова како да станува европски проблем?

-        Пандемијата му нанесе голем удар на угостителството и на туризмот, многу луѓе во овој и во останатите сектори останаа без работа.  Угостителскиот кадар својот спас го најде во други гранки. Затоа овој проблем доби поголерма тежина. Бранот на проблемите се пренесува од една во друга земја.

·        Дали наштиве домашни угостителски школи  продуцираат доволно и квалитетен кадар за туристичко-угостителскиот сектор за работа во едни нормални услови?

-        Да, продуцираат кадри, но сите тие заминуваат да работат во соседството. Ние не можеме да ги задржиме, немаме начин како да ги задржиме. Еве, охридските   хотелиери кажуваат дека по завршувасњето на средната хотелиерска школа во Охрид, тие веднаш заминуваат во Хрватска и таму работат.

·        Досега македонската јавност нема слушнато дека угостителството може да биде доведено во толкава голема опасност, до затворање на угостителските објекти. Дали проблемот е навистина алармантен?

-        Да тоа е реален проблем пред кој сме реално соочени ние сите угостители. Ако сакате можете и да направите истражување во која сакате кафеана и да ги прашате угостителите - колку работници и фалат. Ако прашате во хотелите, ситуацијата е иста. Ве уверувам дека наскоро ќе останеме без кафеани, ќе се вратиме назад кога во градов или во земјава можеа на прсти да се избројат. Затоа сме придундени да најдеме начин како да ја санираме состојбата за да не се одрази драстично на секторот.