„Луѓето  се најважни“ во секоја успешна организација, е тема на Есенски Вивалди ХР форум што ќе се одржи од 22 до 24 септември 2021 на Мокра Гора. Настанот на годината за човечки ресурси е во организација на Мокрогорската школа за менаџмент и Анторис, партнер на МШМ за Македонија.

„Луѓето  се најважни“ во секоја успешна организација

Возбудливи теми и уште повозбудливи говорници


Есенскиот вивалди форум ќе ја обедини заедницата која се занимава со човечките ресурси и сродни и повразни активности. На Повикот за учество организаторите напишале:

„Без разлика дали сте раководител за човечки ресурси, пресметувач на заработка, за обука и развој, за организациски развој, администрација, вработување или какви било поврзани активности, овој форум е место за вас. Есенскиот Вивалди ХР форум има традиција која трае од 2009 година, и да бидеме искрени, не снемуваме идеи.  И годинава очекувајте возбудливи теми и уште повозбудливи говорници! “

Говорниците доаѓаат од широк спектар на области и ќе ги споделат своите видувања на следните теми:


  • Каде се најдобрите луѓе?

  • Најди, сочувај, развивај

  • Кој заминува и кој ни се враќа?

  • Мали бизниси –големи луѓе ?


Коселекторка на  годинашниот есенски форум е Наташа Стаменковиќ. Таа веројатно е најголем авторитет во областа на човечките ресурси во Србија . Раководител на ХР секторот во голем број значајни мултинационални и локални компании, а денес  е водечки предавч  во областа на  човечки ресурси во МШМ.

Рецепти за задржување на најдобрите луѓе


Годинава на темите кои се веќе најавени ќе говорат:

Спасоје Вулевиќ- Човекот што води организација во која грешката воглавно значи изгубен човечки живот.

Тој ќе говори токму на  таа тема: Како да управувате со луѓето во најстресните можни ситуации?

Маја Мркаљ- Таа е во долгогодишен ХР директор во „ДР. Еткер“, меѓународна, а семејна компанија. Маја ќе подели со учесниците на настанот рецепти за задржување на најдобрите луѓе.

Дејан Цветковиќ- Предавач за кој од МШМ велат :„ тој е наш човек кој достигна до највисоките можни корпоративни нивоа  во Мајкрософт.“

Цветковиќ од САД се вратил во Белград да го развие Мајкрософт во Србија. Денес е СТО со преку 100 инженети во Србија и со гоелми планови за идните чекори на Мајкрософт (Microsoft) на нашите простори.

Александар Хангимана од ManpowerGroup - човекот кој брзо напредувал низ корпоративните скалила, секогаш подготвен за преземање на големи одговорности.

Денес е директор и партнер на најголемата компанија за регрутирање и селекција при вработување во Manpower.


Реални животни приказни


Коселекторката на форумот, Ивана Михајловиќ  е претставник на човечки ресурси за широки интереси, со богато искуство и секогаш инспирирана за големи дела. Своето знаење и искуство од областа на ХР веќе долги години по ред го дели како коселекторка на Вивалди форум.

Дејан Савиќ е еден од најпознатите диригенти на овие простори. Долги години диригираше во реномирани опери, оркестри и филхармонии во Евроа.

На овогординешниот форум ќе ни ја открие тајната врска меѓу лидерството и диригирањето.

Соња Капетановиќ е директор на маркетинг и сопственичка на семејна компанија Schlarafia, која произведува опрема  за спиење по највисоки светски стандарди . На форумот ќе открие дали луѓето или машините се заслужни за успехот што го постигнале?

Владимир Пиштало е еден од најзначајните современи српски писатели. Добитник е на наградата на НИН за книгата „Тесла , портрет меѓу маските“. Денес е директор на Народна библиотека.

Божана Остоиќ , (Calupso) цел живот се бави со нуркање. Нуркала со Жак Кустоом , се спуштила и во Бајкалско езеро , ги снимала Газиводи од дното.

Од каде ја црпи енергијата за такви големи потфати?

Рајко Мандиќ- неоддамна „Делта“ најави инвестиција од 100 милиони евра во „Ананас“. Мандиќ е човекот кој ја презеде одговорноста за тој проект .

Собра изразито млад тим и заедно планираат да го освојат е-comerce пазарот во регионот.

Кои се клинците кои ова утро го наводнуваат Ананас?

Како да ги мотивирате луѓето дека само најдоброто е доволно добро?


Д-р Мирослав Кочиќ, е доктор по археологија, повратник од странство, и сега извршен директор на археолошкото наоѓалиште „Винча Бело брдо“.

Тој со присутните ќе го подели искуството и предизвиците за своето враќање од странство во Србија.

Бранимир Гајиќ –  е еден од основачите на  Инфостуд- Има одличен поглед на состојбите на пазарот на труд во Србија. За  слушателите на форумот ќе ги подели своите искуства и согледувања нз развојот на Инфостуд.

Зоран Јевтовиќ од „Црна овца“. Човекот кој со пријателите основал сладоледџилница пред која секогаш има редица, дури и во зима. На Есенскиот Вивалди форум Зоран ќе зборува за: Кој е важен за таквата љубов, рецептите, машините или луѓето?

Филип Ќириќ  и Властимир Пухало  се соосновачи  на ресторанот „homa“, за кој се зборува дека е во конкуренција за Мишелинова ѕвезда.

Тие ќе зборуваат на темата: „Како да ги мотивирате луѓето дека само најдоброто е доволно добро?“

Милош Скокиќ, е креативец, професионалец  во областа на маркетинг и ко сопственик на агенцјата Жишка. Тој ќе дебатира по прашањето:

„Дали половина килограм од дигиталните и другите огласи за работа можат да помогнат да добиеме поквалитетни луѓе?“

Свештеник Александар Јовановиќ  ќе ја постави дилемата:  Постојат ли уште „христијански групи“ кои имаат харизма да поттикнат духовна обнова?

Ќе слушнеме од модерен свештеник чии провокативни беседи за соврмените искушенија и табуа никого не оставаат рамнодушен.

Таен рецепт за избор на вистински луѓе


Камелија Радојичиќ, заедно со нејзиниот брат Крсто, во 2015 запливале во претприемништво и за кратко време ја созадле омилената Белградска слаткарница- Mandarina Cake Shop. Tаа ќе зборува на темата дали постои таен рецепт за избор на вистинските луѓе.

Иван Брклјач е основач на „Точка на враќање“ и порачува : работи, учи, вложи, допринеси, врати се....Дали  ова ги решава прашањата на луѓето во Србија?

Марина Малјковиќ-  трофејна селекторка на кошаркарската репрезентација. Личност што  знае како се прават успеси и како од луѓето може да се извлече најдоброто. Тоа го докажа повеќе пати, и на штотуку завршениот Евробаскет со освоено ново злато.

Тијана Тадиќ, една од најискусните ХР директори во нашиот регион. Моментно е на чело на човечки ресурси  за PEPSICO, во поранешна Југославија, Централна Европа и Балканот.

Таа ќе зборува за тоа како еден гигант како што е PEPSICO им пристапува на луѓето?

 Jan Willem Dockheer- Тој своето искуство го стекнал на разни позиции  во Русија, Холандија, Шведска. Денес е CEO во најголемиот трговски ланец во Србија и одговара за преку 12 000 вработени.

Како изгледа да бидеш фаворит  во таква голема организација?

 Информации за учесниците


Апликациите за есенскиот Вивалди форум официјално се отворени. Цената за регистрација за учесниците на настанот од Македонија е 20 710 денари (или 335 евра). Додека за оние кои настанот ќе го следат онлајн котизацијата е 7.850 денари ( 127 евра). Цената вклучува посетеност на сите формални и неформални сегменти на програмата, работни материјали и паузи за кафе. Цената на програмата не ги вклучува трошоците за сместување или превоз до Мокра Гора.

Сместувањето може да го резервирате во хотелот Меќавник.  МШМ за учесниците на форумот обезбеди 20 отсто попуст од редовните цени обележани на веб-страницата на хотелот Меќавник. Можете исто така да барате сместување во било кој туристички објект во Мокра Гора преку Booking.com. Комби-превозниците кои имаат редовни тури до Мокра Гора се Terra Travel и Gea Turs.

ЗА  МАКЕДОНИЈА


 Сите заинтересирани кандидати од Македонија што сакаат да се пријават може да се обратат во АНТОРИС на телефонските броеви: 02 3104604 или на 071 223868 или на електронска пошта kontakt@antoris.mk. Може да се организира и заеднички превоз.