За време на финансиска криза, стабилноста на штедењето во банките може да биде загрижувачка. Сепак, важно е да се забележи дека многу земји имаат системи за заштита на заштедите на штедачите. Овие системи често се поддржани од владини ентитети, како што се шемите за осигурување на депозити, кои обезбедуваат одредено ниво на гаранција за поединечни депозити во случај банката да пропадне.

Специфичните заштити и регулативи може да варираат во зависност од земја, па затоа е од клучно значење да знаете за покритието за осигурување на депозитите и ограничувањата во домашната јурисдикција. Во некои случаи, владите може да се вклучат и да обезбедат финансиска поддршка или да спроведат мерки за стабилизирање на банкарскиот сектор за време на криза.

Иако генерално е препорачливо да ги раширите вашите заштеди низ повеќе банки или финансиски институции за да се минимизира ризикот, чувањето пари во добро регулирана банка за време на криза често се смета за побезбедно од чувањето големи количини готовина при рака. Секогаш е добра идеја да останете информирани за финансиската состојба на вашата банка и за сите потенцијални ризици во поширокото економско опкружување.

Според Елеонора Згоњанин - Петровиќ, управител на штедилницата ФУЛМ, која е членка на Македонската банкарска асоцијација, штедењето е процес. 

„Со години се обидувам да им кажам на нашите клиенти дека не може наеднаш да заштедите, туку треба време. Од повремените или редовните приходи да можете да тргнете на страна за деновите што следуваат. Кога нешто добро нешто треба да направите да инвестирате или пак за тешките моменти кои циклично доаѓаат. Штедењето е камен темелник на една финансиска стабилност на една земја, посебно во услови на добро управување со парите. Како нација, Македонците сме штедлива нација. Независно дали се работи за штедење на пари, не сме насочени на се' да се потроши. Но,  економската криза и различните ефекти кои прозлегуваат во различни периоди, допринесуваат парите што можете да ги тргнете на страна да варира. Најважно е да се воспсотави принцип дека мора да се штеди. Не може перманентно да се одложува. Не е битен износот на парите. 300 денари да тргнете на страна, на крајот на годината ќе ви се најдат тие пари за некоја мала потреба“, смета Згоњанин - Петровиќ.  

Препораките одат во насока дека 10 насто од месечните приходи треба да се тргнат на страна во форма на заштеда. Кај помалдите, е важно на млади години да се почне со разбирање на концептот и навика на штедење. Тоа подоцна ќе креира свесност да се штедат пари. Ако од мали нозе не се разбира концептот на штедење, ќе биде тешко тоа на подоцнежни години. 

„Независно колкави се приходите, ако споредиме со европски или светски рамки, приходите наши се многу пониски. Но, тоа не значи дека не треба да се штеди. Бидејќи чувството на таа стабилност што ја имате макар и да имате малку пари на страна е бесценето. Во моменти на тешки ситуации чувството на сигурност што произлегува од заштедата е неизмерливо. И да имате минимална плата тешко е да се живее со такви приходи во ова време, но само мал дел од нејзе да тргнете на страна, ќе се креира таа потреба од секојдневно штедење“, вели Згоњанин - Петровиќ.  

Податоците говорат дека 20 насто депозитите се зголемени во однос на времето пред пандемијата. Тоа покажува дека луѓето и во тешки моменти какви што се сега тие и понатмау развиваат култура на штедење. 

Од септември 2022 година во однос на 2023, штедните влогови на населението се зголемени за 6,8 насто. 

„Тоа само покажува дека довербата на штедење перманентно расте. Најголем дел од начините на штедење најобемно во банките и штедилниците. Тоа не значи дека нема и во инвестициони фондови или животни осигурувања, тука зависи определеноста да се преземе одреден ризик. Колку се приходите од едно штедење повисоки, пропорционално расте и ризикот со тоа. Јас сум поборник на денарско штедење, бидејќи тоа е национална валута која покажа дека е стабилна валута и граѓаните не треба да се грижат за тоа. Ако сакате нешто да купите во денари, да ги претворате во други валути, каматите во денарските штедни влогови е многу повисока“, вели Згоњанин - Петровиќ.  

Таа смета дека довербата е клучен елемент за која услуга и да ја одберете за штедење. 

„На пример, сите имаме доверба кога одиме на доктор за нашето здравје. таа истата е доверба за вашите пари што тешко сте ги сработиле и уште потешко заштедиле да ги ставите во финансиска институција. Фактот што растат штедните влогови во услови на тешко деловно опкружување, само е одраз на тоа дека има доверба во банкарскиот систем. Приносите се клучни за поголемите износи на штедни одлуки се одлучувачки при донесување на одлука за штедење. Граѓаните треба да бидат спокојни за штедните влогови. Во Македонија постои Фонд за осигурување на депозити, кој ги осигурување до 30.000 евра. Сите штедачи беа обештетени. Тој е клучен сигурносен елемент за штедачите да ги користат нашите услуги и ќе си ги земат парите назад. Земјите каде нема фонд за осигурување на депозити имаат најниско доверба за штедење“, вели таа.