Во Македонија и понатаму двојно повеќе се гине на работните места, отколку што е тоа просекот во Европската Унија. Но и од друга страна, двојно повеќе сме безгрижни како држава по односно на оваа тема.
Долга е листата, а ги има повредени работници и од државен, и од приватен сектор. Во Македонија, најголемото минско поле е земједолство, велат од Македонското здружение за безбедности и заштита при работа.
Статистиките од 2022 година говорат дека се нотирани 22 несреќи на работното место со смртни последици. Нивниот број е зголемен за 2023 година.
„Ние ги делиме во категорији на загинатен работно место и потешко повредени на работно место. Имаме една трета категорија која, всушност, е разболени на работните места или како последица на работните места за кои имаме огромен број. Кога станува на збор за првата категорија, значи, со смртен исход, земједолството е следено од градежништото, понатаму доаѓа тешката металурија. Во втората категорија, најголем број на оние кои пријавуваат, најревносни се според одредени наши статистики, луѓето кои работат во државните институции. Зашто е тоа така? Заради тоа што претпоставам појак е синдикалниот активизам, појаки се оние структури кои што им говорат, им зборуваат на работниците да имат права да ги пријават несреките на работното место, отколку што е тоа во приватниот сектор, отколку што е тоа што е само вработените и така натаму“, вели Милан Петковски, претседател на здружението.
Според него, во земјава има една болна пракса - колку помалку ја вмешуваш државата, не ги комуницираш ове работи, сами од себе ќе помене.
Од друга страна, најголемото азно или најголемото знање можеме да го добиеме од анализа на работното место за да не ја повторуваме. Едноставно, вели, не учиме од сопствените грешки.
„Во просек, ако треба некако да се запамети некоја бројка, тоа е некаде 40 загинати на работните места и околу 2000 потешко повредени на работните места.
„Ако креираме единствена дата база на несреќи на работните места и таа дата база има име и презиме кој треба да ја ажурира, и кој, всушност, ќе сноси последици доколку не ја ажурира, тогаш ќе дојдеме во ситуација дека многу лесно податоците ќе бидат унифицирани. Нема да лажеме, нема да кажуваме до Светска здравствена организација дека ние немаме повреди со смртен исход на работно место. Нема да создаваме лажни вести да бидеме на исто рамниште како Норвешка, Шветска, како што се оние високоразвиени земји. Обратно, ситуацијата кај нас е немањето на одговорност кај оние што ги платиме.Онија кои, всушност, секој месец добиваат 100% плата и имаат учинковност од 1%. Дојдеме во ситуација дека институциите нас не изневеруваат. Статистиката која треба да ги отсаликува, кај ни се буквално слабите точки во нашето општоство кога станува збор за работното место, едноставно не функционираат. Целокупната проблематика околу безбедност и здрави преработа е едноставно неинтересна тема“, вели Петковски.
Според статистика на Меѓународната трудова организација, особено формулата која ја развила, вели за земји као што е нашата, се одвојуваат некаде 4% од БДП-то на годишно ниво. Тоа се околу 400 милиони евра, кои што ние директно или индиректно ги трошиме на компензација на несреките на работното место. Не е само дали некој се повредил, туку дали застанало производството, судски трошоци, делот на инспекција, застој во делот на оно што би значило целокупен индустријски развој.
Бројот е двојно поголем
Има ли работници кои што кријат и се плашат да пријават повреда на работното место? Според анализите на здружението, бројот на оние кои се потешко повредени на работното место се движи двојно повеќе од оние кои се реално пријавени во наводници.
„Дури и продупчување со игла, продупчување или нагазување на шајка, дури и повреда, некоја си удар, се третира од типот на - ај дома ќе закрепнеш, после ден ќе се вратиш на работното место. Во минатото, кога дури казните беа оние кои сметаат дека ќе ги мотивираат работодавачите, се потвфлија бе дека под притисок на самите тие работодавачи во текот дури на короната за двојно ги намалија висините на казните за повреди на работното место или врзани со Законот за безбедност и здрави преработи“, вели Петковски.
Податоците на организцијата покажуваат дека дури 85% од работниците воопшто не знаат декане знаат дека постои Закон за безбедност и здравје при работа.