
Пред 30-40 години кај нас почна да се тркала темата „екологија“ и ретко кој и’ придаваше некое значење. Првин ретко кому му беше јасно значењето на тој збор, што опфаќа, што е неговиот обем и опсег, некои го сметаа за некава модерна дисциплина, измислена и непотребна, затоа што тогаш загадувањето и не беше толку големо како денешново, не само кај нас, туку и во светот. Да, се зборуваше и се пишуваше за глобалното затоплување и за неговите последици од суши и поплави и за опасноста од недостиг на храна, но никој не веруваше дека тоа ќе дојде токлу брзо, само по триесетина години, ние мислевме дека тоа ќе дојде по неколку илјади години и не само ние, туку и целиот свет си продолжи да ја задушува нашата заедничка планета. Особено таа настрада во трката за економска доминација меѓу големите ѕверови и џинови од кои татне, не само земјата, туку и вселената. Дури и медиумите не беа на ниво на таа закана, па на темата за екологијата и беа давани маргинални термини во електронските медиуми и ситни агли на страниците на печатот.
И државата се однесуваше лефтерно кон таа тема, па, во тоа време и во нејзините инстутиции заштитата на животна средина се сведуваше на некакво мало одделение, или на еден човек, за кого веројатно не можеше да се најде некоја поголема професионална задача, бидејќи беше човек од „нашите“, а таквите си го поминаа векот, или со фалбата „ништо не работам, земем плата“ или воопшто не доаѓаа на работа.
Дури подоцна се основа министерство за екологија, не од тоа што некој многу беше свесен за неговото значење, потреба и улога, туку за да создаде нова монета за раскусурување со коалицоните партнери, но и за тоа што божем го почитуваме тоа што го бара Европа од нас дивите. Само невладините активисти по нешто „вревеа“ на таа тема, но никој не ги почитуваше, со изговор дека немаат друга работа, дека се здодевни со своите гостувања по телевизиите, со своите предавања и семинари, а подоцна, во не така далечното минато, беа прогласувани како „соросоиди“, демек преку нив Америка сакала да ја урне нашата мила власт која секогаш не’ води во светла иднина, па не доведе до толку светлина во која не можеме да погледнеме, ни во светлината, ни во чадот.
Додуша, едно време беше спроведуван законот што налагеше употреба на филтри на оџаците на големите загадувачи, како Цементарницата, на РЕК „Битола“, на „Југохром“ Јегуновце, ФЕНИ итн, но никогаш не постоеше превентивна строга контрола на поситните загадувачи на водите, на депониите, на воздухот, на живониот простор, па дури ни на Охридското Езеро кое е пред, ако не и во еколошки колапс. Никогаш не беше земена предвид потребата од модерна противнпожарна служба на целата територија на Македонија, па не се ни вложуваше, ниту во кадар, ниту в опрема. Се покажа дека Ер-тракторите, кои долго време беа исклучени од системот поради сервисирање и немање пилоти, не се единственото оружје во гаснењето на пожарите туку требало да се влезе директно во огнот, па пожарникарите беа иложени на животна опасност со тенката заштиа на нивните тела.
Јавното претприајте за стопанисување со шумите исто така беше и е простор за вработување на поддрживачите на вадејачките структури, па на крај тоа резултира со голем пожар и во најголемиот шумски резерват „Јасен“ во кој изгоре немерена здрава и корисна шума.
Така изгоре голем дел од белите дробови на земјава, а последиците резултираат со 5 илјади човечки жртви годишно.
Македонија го губи епитетот на земја со богат биодевирзитет, на животински реликти и ендемити, изгорени во големите пожари во последниве неколку години.
Акцијата „Денот на дрвото“ потона во својата коруптивност и се заборави, наместо да држи континуитет, не со години, туку со вкеови, као во Норавешка, на пример, земја во која со пошумување шумскиот фонд е зголемен за 300 проценти во последниве децении, што звучи неверојатно.
Додуша во мај оваа година Зелениот климатски фонд (ЗКФ), најголемиот глобален фонд посветен на справување со климатските промени, одобри нов проект за Македонија во рамките на својата „Програма за подготвеност и подготвителна поддршка“. Почетокот на новиот двегодишен проект беше означен во просториите на Владата, на кој присуствуваа претставници од клучните национални институции, министерства, академската заедница и развојните партнери. Ова да ти бил шести проект за подготвеност од Зелениот климатски фонд во Македонија и четврти што се спроведува во партнерство со Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), под раководство на Канцеларијата на Претседателот на Владата, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд, но дали и кога ќе се спроведе не е јасно – шумите горат, горат депонии, горат магацини, изгоре и надежта на граѓаните дека оваа земја ќе дочека лагоден и мирен живот и се прашуваат - дали, која и да е земја во светот, па и најмногу населената, има право да се расфрла со животите на своите жители? Нема ни морано ни законско, ни по сите светски усвоени докуманти за човековите права на живот, ни по домашниот устав, ни по кривичниот законик. Но, нашата еднемична карактеристика е да нема казнети, што навлегува во друга сфера на почитување на законите, на квалитетот на правосудниот систем, без речиси никаква доверба од сопственото население, ниту од ЕУ, која постојано ни го удира по нос барањето за санирање на тој систем без кого не може да функционира една држава, како услов за да го продолжиме еворипскиот пат.