Од почетокот на агресијата на Америка врз Иран, се појавија многу анализи од многумина аналитичари, што воени, што економски, и сите беа речиси дијаметрално спротивни. Некои велат дека кризата нема да биде толку голема и да се почувствува толку силно, а други дека оваа криза е и ќе биде најголемата можеби од Втората светска војна, досега.

Нашето видување и верување се должи на предвидувањата на неколку меѓународни институции кои во следните 6 мнесеци прогнозираат: стабилност, но без економски раст. Очекувањата се дека економијата ќе расте од 3 – 3,3% годишно. Тоа значи дека во наредните 6 месеци: економијата ќе расте умерено нема да има рецесија, но нема ни експанзија. Цените ќе продолжат да растат, храната и услугите најверојатно ќе останат главен извор на инфлација.

Главни двигатели на растот: јавни инвестиции (патиштата на коридорите VIII и X) домашна потрошувачка, раст на платите и пензиите, не се доволни за да ја придвижат економијата, а сега, по тешкотиите со снабдувањето со нафта предизвикана од војната на Блискиот Исток, товарот  ќе биде уште потежок, а растот побавен, односно речиси никаков.

Со огледа на буџетскиот дефицит од окоу 4% од БДП, јавен долг од околу 63% од БДП, државата нема да има друг избор и извор за да ги задоволи сите потреби на јавниот сектор, па ќе мора да продолжи со задолжување и со зголемување на долгот. И покрај сите фалби дека Македонија доживува некои историски еконосмки дострели, бројките се немилосрдни и не можат веќе да се кријат, затоа што не сме единствени што се занимаваме со сопствената статристика, тоа го прави и европската статистика.

Причината што македонската економија тешко ги доживува екстерните шокови е тоа што го пишуваме со години, а тоа е зависноста од другите акономии, односно замена на домашните производи со. Увозот на некои основни производи за живот, што порано се прозиведуваа дома, се свушност тие шокови што го погодуваат обичниот граѓанин. Што се однесува од извозот, секоја намален раст на нашиот најголем трговски партнер  Германија - ЕУ, како на пример во автомобилска индустрија, што е под силна конкуренција на брзорастечката кинеска индустрија, пак предизвикува намален раст дури до отпуштање на работници и уште поголем пад на стандардот, односно зголемување на сиромаштијата.

Поради овие приини ќе има, ако не отпуштања, сигурно намалување на платите, недостиг на работна сила поради иселувањето.

Во ваква кревка економија, чија крвна слика е покажана погоре, многу е голем ризикот таа да навлезе во рецесија, или во најдобар случај во „замка на среден доход“ – ситуација кога економијата расте бавно и се движи на ивицата на рецесијата. Цените на нафтените деривати, сигурно ќе ги повлечат цените и на другите енергенси нагоре (пелетитие, кои пред неколку години се рекламираа како спас за решавање на греењето и на цените во едно домаќинство, се двојно поскапени), па сега домаќините бараат нови решнија, по само неколку години откако се префрлија на овој вид гориво, кое, поради сушите и пожарите, се' потешко се наоѓа).

Товарот на македонската економија е многу голем на прво место поради иселување (во последните 20 години стотици илјади луѓе се иселени особено млади и квалификувани кадри). Некои процени покажуваат дека населението може да падне под 1,6 милиони во следните 20–25 години. Ова директно го ограничува економскиот раст.

Освен тоа, за што често пишуваме и потенцираме, Македонија има малку домашни индустриски брендови, слаб технолошки сектор и ниски инвестиции во истражување и развој и воопшто во науката.

Сите овие години од осамостојувањето, досега, се зборува за структурни економски реформи и за малата продуктивност. Нашата еконимија е увозно ориентирана, а фабриките што произведуваат, се притиснати од конкуренцијата на милионското производсво на новите растечки економии, особени азиски „тигри“. Или, во превод, не можете со неколку произведни „парчиња“ да ја намлите произовдната цена за таа да биде конкурентна на светскот пазар и да ви остане профит за реинвестирњање. Тоа веројатно го знаат домашните производители, но изгледа и нивните менаџерски вештини бавно напредуваат, а тие што подобро го знаеја тоа, се иселни и и служат не накоја друга економија. Продуктивноста во Македонија  е 2–3 пати пониска од просекот на ЕУ. Без раст на продуктивноста, платите не можат значително да растат.

Поради сите овие причини, странските инвеститори почна да се повлекуваат од Македонија и да ја избегнуваат, затоа што имат подобри услови и поперспективен раст на земји за кои нашите „раководители“ даваа изјави дека никоаш нема да влезат во Европската унија, како на пример Албанија која веќе, слободно можеме да речме, не остави за неколку децении зад нејзиниот грб.

На корупцијата никако да и се пресечат пипалата, напротив таа цвета а безбедноста на граѓаните исто така е несфатлив проблем, тоа се гледа во последните случувања со семјното насилство, од што се плаши и најтврдокорниот инвеститор. Во скономијата е се врзано и поврзано.
Има уште многу да се реди, за бавноста на администрацијата, за процесот на дигитализација, за едношатерскиот систем кој никогаш не профункционира и покрај големите фалби итн.  

Надежта останува во реализација на големите проекти, како што се коридорите  8 и 10, железници, гасоводот итн. Но, кој ќе ги реализира и дали воопшто ќе се реализираат, затоа што за нив се зборува и се ветува повеќе од 100 години, никој не знае да кеже со сигурност, па затоа и надежта дека еден ден ќе се рабудиме во посветла иднина, се чини се’ понереална.