Македонска берза ја заврши 2021 година со раст на прометот, покажува годишниот статистички билтен во којшто се забележани главните акценти што го одбележаа македонскиот пазар на капитал.

Македонска берза ја заврши 2021 година со раст на прометот

Вкупниот промет од класично тргување и прометот од блок трансакции минатата година изнесува 12. 853.500.604 денари (208.603.887евра) што претставува зголемување за 57 проценти во  однос на 2020 година. Прометот од обврзници во БЕСТ  бележи драстичен раст од 372 проценти лани во однос на претходната година.

Овој промет е остварен преку 20 647 трансакции, што претставува намалување за девет проценти во однос на бројот на трансакции во 2020 година кога биле реализирани 22. 689 трансакции.

Вкупната пазарна капитализација на 30.12.21 изнесува 3,6 милијарди евра. Пазарната капитализација на котираните компании лани во однос на 2020 бележи раст од 22 порценти.

Структурата на прометот според Годишниот статистички билтен покажува дека најголемиот дел од прометот, 51,36 отсто е остварен на Официјалниот пазар, 47,22 е преку блок трансакции, 1,05 отсто на редовниот пазар, и под 0,29 отсто со јавни берзански аукции за големи пакети и незначителни 0, 07 проценти преку јавни понуди на хартии од вредност.

Инаку, најголем промет на пазаот на капитал минатата година е реализиран во август со раст од 21,79 отсто. Забележителен раст на прометот е евидентиран и во јуни со раст од 12,05 отсто и во февруари со 10,82 процентен раст.

Акциите на Комерцијална банка – најтргувани лани


Најтргувани акции во изминатата година на Официјалниот пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Преку реализирани 6 540 трансакции биле истргувани 218 745 акции и остварен најголем промет од 2.007.089.856  денари  што претставува 38,16 проценти од годишниот промет.

 

На второ место на листата на најтргувани се акциите на Алкалоид АД Скопје со реализирани 3 079 трансакции и вкупен промет од 807.593.833 денари или 15,35 отстоод вкупниот промет. Потоа следуваат акциите на НЛБ Банка Скопје со 1 580 трансакции и промет од 524.987.960 денари. Во првата петорка на најтргувани се вбројуваат уште 1525 трансакци на Макпетрол Скопје со реализиран промет од 454.009.432 денари. Исто така и акциите на Гранит Скопје со 1465 трансакции со промет од 406.249.232 денари.

Групата најтргувани акции на Официјалниот пазар во 2021 година ја надополнуваат и акциите на Реплек, Стопанска банка Скопје, Македонски Телеком Скопје, Мкаедонијатурист Скопје и ТТК банка Скопје. Десетте најтргувани акции заедно реализирале 18 686 трансакции и оствариле промет од 5.250.019.763 денари.

Акциите на Интерпромет Тетово со најголем скок


Најголем пораст на просечната цена на акциите, од 200 отсто лани во однос на 2020 година бележи акцијата на Интерпромет Тетово. Од 1 500 денари во 2020 достигнала 4.500 денари во 2021 година. Забележителен раст од 61,29 проценти бележи и просечната цена на акцијата на Тутунски комбинат Прилеп, со што се позиционирала на второто место. Тие од 155 денари во 2020 се искачиле на 250 денари минатата година. За 60,64 проценти се зголемила и цената на акциите на Комерцијална банка Скопје. Нивната просечна цена лани била 11.725,93 проценти за разлика од претходната 2020 година кога изнесувала 7. 299,65 денари.

Меѓу петте акции со најголем пораст се и акцијата на НЛБ Банка со раст од 58,58 отсто во 2021 во однос на годината пред неа и на Макстил со раст од 53,68 отсто.

Најголем пад минатата година забележале акциите на Сковин Скопје од 64 проценти. Скопски пазар бележи пад од 40,22 отсто. Во оваа група на губитници се и Бетон со пад од 38,70 отсто, Тајмиште Кичево со 37,42 проценти и РЖ „Економика“ Скопје со пад од 28,57 проценти лани во однос на 2020 година.

МБИ10 со раст од 31 отсто на годишно ниво


Бројот на компании кои оствариле добивка во првите девет месеци во 2021 година споредено со истиот период во претходната година е 72 наспроти 67. Додека бројот на компании кои оствариле загуба во првите девет месеци лани во однос на истиот перод со 2020 године е 20 наспрема 25.

Движењето на индексот МБИ 10 во текот на минатата година во однос на претходната година, бележи раст од 31 процент и ја заврши годината на 6.153,48 поени, што впрочем претставува и максимална вредност на индексот за минатата година. Додека минималната вредност на МБИ 10 индексот во 2021 година е забележан на почетокот на годината, на четврти јануари кога неговата вредност изнесува 4.710,31 поени.

Ценовни движења на елементите на МБИ 10 е диктиран во зависност од растот на цените на акциите на компаните кои го сочинуваат. А кај оваа десетка – компании кои го сочинуваат МБИ10  бележат позитивна промена кај цената на акциите минатата година и тоа од 5,63 проценти кај ТТК Банка АД Скопје па се до 60,64 проценти кај акцијата на Комерцијална Банка Скопје.

Во фокус и други активности


Македонска берза минатата година одбележа 25 години од првиот ден на тргување, а меѓу главните акценти што го одбележаа македонскиот пазар на капитал се и и приклучувањето кон глобалнаата иницијатива „Ring the Bell for Gender  Equality“. Потоа продлабочувањето на соработка и сопственичко поврзување со Загребска берза.

Иновирање на едукативната платформа „Виртуелна берза“ која ќе стане составен практичен дел на наставниот предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што е предлог за изучување во средните економски и правни училишта.

Минатата година продолжи објавата на анализите за македонските компании во процесот за изготвување на инвестициски анализи за котирани компании во регионот на ЈИЕ.

Посебен акцент  стави и првата private mode кампања на crowdfunding платформата Funderbeam.

Минатата година како што е нагласено во Годишниот билтен на македонска берза е донесен и новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата. Исто така е изготвен и Водичот за известување поврзано со животната средина , општествени прашања и управување.

М.Б