Читајќи ги извештаите на нашите финансиски влсти со некои податоци, ако се верни, можеме да бидеме задоволни со оглед на светската економска состојба која е во надолна линија и од која речиси ниедна земја во светов не успеа да остане нечепната (особено во цените – инфлацијата), но некои логични заклучоци не можеат да се премолчат, да се скријат или да се толкуваат на своеволен начин.
Во ред, евидентно е дека владата воведе неколку пакети економски мерки за помош на комапаниите, за да не пропаднат, иако е многу дискутабилно дали требаше да им помага на сопствениците на фирмите или на граѓаните со цел да им стави на раполагање повеќе пари за трошење со што ќе можеа полесно да ја премостат големата инфлација. За зголемена инфлација од таа мерка, поради побарувачката, не може да стане збор во овој случај, зашто куповната моќ е ограниена, па на тој начин и фирмите ќе имаа мотив и можност да произведуваат/тргуваат повеќе за да ја задоволат таа основна побарувачка. Власта се фали дека инфлацијата од 19.8% во октомври 2022 година се намалила на 6,6% во септември 2023 година и ќе продолжи да се намалува. Всушност, намалувањето на инфлацијата власта ја постигна најмногу со императивни мерки, а не се пазарни, а и со тие „императивни мерки“ си има проблеми, зашто трговците имат разни извежбани финти, а инспекторите не можат да стигнат насекаде, зашто – ги нема во доволен број!
Да се фалите дека невработеноста во февруари 2023 година се намалила на 13,1% од 17,3% перд Ковид-пандмеијата е благо речено „мижи асан да ти баам“. Кои се тие фирми што ја „голтанаа„ таа цифра од 30% невработеност од времето на Грујо??? Има некои инвестиции што бараат работна сила, но фер е да се каже дека намалувањето на невработеноста е последица на масовното иселување на најквалитетната работна сила, на стурчната сила на занаетчиската професии, на градежните професии. Не можете да најдете водоводџија, плочкар, електричар итн! Агенциите за вработување мака мачат да ги задоволат барањата на фирмите за да им најдат работници. Нашите домашни агенции бараат работници од целиот свет, од Азија, од Блискиот Исток од емигрантиите, за кои нашиот начин на живеење е „америка“. Но тоа не оди така лесно: тие луѓе не можат да добијат лесно работна дозвола, што е во ред, мораат да средат разни документи, па дури и документи од МВЕ, па не знаат јазик, па ако знаат јазик - газдата е слаб по англиски и така натаму. Во моментов во Македонија се бараат најмногу работници за угоститиелството во кое фалат околу 20 илјади. Нашите келнери се префрлаат од македонија во Хрватска, Србија, Црна Гора, медицинарите дури во Америка, Канада, Германија, Швајцарија, скандинавските земји, дома остана само тие што или не можат или не добиле некоја примамлива понуда. Па така, да се фалите дека власта е успешна за намалување на невработеноста е чиста иронија. Највидлив, нјјасен и непобитен показател на таа иронија е дефицитот во Пензискиот и здравственот фонд. Што се однесува до пензискиот фонд тој има дефицит од 30% што се надоплочнува од држаниот буџет што е незаконски и неекономски, значи државата има мала основа од која збира придонеси во фондот – мала вработеност – многу пензионери, за да ги задоволи потребите на пензионерите, за што пишувавме неодамна.
Ете ја логиката на фалбата за намалување на неврботенсота. Никаде нема податок колку е зголемена вработеноста, колку е зголемена продуктивноста? За намалувањето на трговскиот дефицит за 30% најголема заслуга имаат странските фирми како „Џонсон Мети“ и другите, чиј изоз годишно се движи околу 2 милијарди евра.
ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава (од 1,4% на 2,5% раст на БДП во 2023 година). Но, значително ја намали проекцијата за ЕУ и Германија. Со оглед на тоа што овие две дестинации се наши најголеми трговски партенри, прашање е дали оваа проекција на ММФ е логична.
Друга приказна е македонската европска перспектива, која во денешната реалност е доведена во прашање поради несигурноста дали до уставни измени ќе дојде, со оглед на ставовите на опозицијата дека нема никако да се согласи со тој потфат на власта. Да се антиципира со тој адут – се уште е рано!
Додуша бретонвудските близнаци (СБ и ММФ) предвидуваат
помало забавување на „брзорастечките економии“, па така тие предвидеуваат забавување на растот од 4,1% во 2022 година на 4% во 2023 и 2024 година. Но, тоа е само привид поради тоа што малите економии имат ниска споредбена основа. Не може една Македонија, Косово или Босна и Херцеговина да имаат помала стапка на развој од Германија или од земјите на ЕУ. Особено што разликите со развиените економии и региони во изминатите години уште повеќе се заострија. Врв на сето ова се катастрофалите предвидувања за климатските промени што носат суши и поплави и значително намален род на сите видови земјоделски производи.
Во оваа смисла, македонската економска политика првин треба да се зафати со разовјот на земјодлеството, за да не дојде до масовна глад, која и така е присутна во околу четвртина од населението. Да се вклучи науката во наоѓање начини за заштита или ублажување на последиците од сушите и поплавите, а не науката да се геда како некој товар врз реланиот сектор.
Македонија мора да создаде свои извозни брендови: вина, ракии, здрава храна ... и да работи на нивно рекламирање со огромни средства за лобирање, а не за шетање на државните функционери на богатите саеми.
На Македонија светот конечно и дава шанса да ги стави во функција коридорите 8 и 10, гасоводните коридори и да профитира од тоа. Да ги стави во функција рудниците, кои сега не се експлоатираат од нејасни причини, односно поради протестот на некои активисти кои немаат баш уверливо појаснување за нивното противење. Има уште за набројување... Таа власт што ќе го примени ова ќе има право да се пофали дека има некаков успех во економијата, се разбира ако е тоа оддржливо ниво и на долг рок, кратките проблесоци се само миг што, ако некој во тој момент случајно трепнал со очите, нема ни да ги забележи.