Македонски стандард: Сон на секое семејство - 2 минимални плати

Минималната плата ќе изнесува 18 000 денари, сума со која сиромаштијата во Макеоднија е задоволна, (барем според реакцијата на Синдикатите, кои го условија нејзиното покачување). Една од последната пресметкa на синдикалната потрошувачка кошничка за месечно преживување на четиричлено семејство покажа дека му се потребни блузу 35 000 денари. Работата е што во оваа кошничка нема ставки за малку покомотен живот, туку за голо преживување. Па така, анализата покажува дека најмногу пари се трошат за храна и пијалaци за 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари. Додатниот удар доаѓа од струјата, од чии последни сметки граѓаните доживеаја шок. Значи, нема забава, култура, излегувања и шетања. Со овие пари може само да се седи во домашен „притвор“ и тоа е вистинската слика за еден „просечен“ македонски граѓанин, под услов во семејството да работат двајца членови.

Македонски стандард: Сон на секое семејство - 2 минимални плати

 

Во огромен број семејства ова не е случај, но ние, а се разбира и статистиката, се служиме со упросечување на податоците.

Така, за едно семејство да го истурка месецот му се потребни две минимални плати од по 18 000 денари, за колку се договорија Државата, бизнисот и синдикатите да изнесува новата „минималка“. 80.000 граѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

Оваа сума означува раст на нето платата за оклу 45 евра месечно. Оваа мерка најмногу ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија, трговијата, преработувачката и други важни индустрии во земјата.

Кој што ќе „покрие“?


Со договорот, работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата. Државата, пак, ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15 илјади и 200 денари до „новата“ минимлана плата од 18 илјади денари. Станува збор за “удел“ од страна на државата во износ од 16 милиони евра до крајот на годината.

Од каде пари?


Финансиската власт тврди дека има посебна програма од која се финансира покачувањето на платата, како и  владините кризни мерки. Се тврди дека во буџетот има дополнителни средства со кои може да се реализира оваа мерка.

Договорот е постигнат со Синдикатите, кои поставија услов и ја изнудија таа сума со закана дека, ако Државата не донесе таков закон, ќе организира генерален штрајк.

Многумина, ЗАКОНСКОТО зголемувањето на минималната плата, при оптсуство на висока продуктивност,  ја оценуваат како популистичка мерка на штета на малите и на средните претпријатија, односно на штета на сопствениците на фирмите, кои и претходната минимална плата ја исплаќаа со судни маки, а ова зголемување може да ги чини и затворање на фирмата (така се жалеа пред да падне договорот, но државата ги „пречека“ со своите „субвенции“, па така работата – помина).

Сега, работодавачите се половично задоволни, синдикатите се триумфалистички горди, а власта може да се пофали дека едно по едно ги исполнува предизборните ветувања.

Еден од преговарачите што учествуваше во преговорите во Владата е Миле Бошков директор на Бисниз-конфедерацијата на Македонија.

Сметаме дека тие 16 милиони не се големи пари за државата за да им помогне на работодавачите, а испадна дека и не мора да се задолжува и да го зголемува долгот

 

 


  • Дали бизнис секторот е задоволен од постигнатата согласност на социјалните партенри, минималната плата да изнесува 18 илјади денари, или 300 евра?


-  Во моментов, во замјава, минимлна плата земаат 79 650 работници. Поголемиот дел работат во микро, мали и средни претпријатија, но најголемиот дел се занаетчии и микро-бизниси. Околу 25 илјади работници даваат микро и мали сервисни услуги, 7000 се градежни работници, 12 илјади се во дополнителните услужни дејности итн. Ова го кажувам за да се разјасни фамата дека работодавачите се тие што ги полнат џебовите и не сакаат да дадат плата, а работниците тоа го трпат на својот грб. Вообичаено овие работници, се работници претежно самовработени или трговци-поединци или самостојни вршители на дејности, кои по нешто вработуваат - двајца, тројца, четворица, петмина итн. Ние успеавме, дадовме предлог со занаетчиската комора за трошокот што ќе се зголеми (од 15 илјади и 200 денари на 18 илјади, односно бруто од 22 илјади и 100 на 26 илјади и 200) да го поднесеме по поливина со владата. Но, делумно сме задоволни, не дека не сме задоволни, бидејќи очекувавме дека таа разлика од 4400 денари во вкупен износ дека ќе ја поделиме, односно ќе платиме по 2 200. Испадна дека сега ние ќе платиме 2800, а државата ќе плати 2600 денари. Сепак, не можеме да бидеме незадоволни, но можевме да бидеме уште позадоволни ако државата покажеше слух, не само кон работниците, туку и кон оваа група од стопанството која имаше шанса да добие уште некој денар. Инаку, предлогот е на Биснис-конфедерацијата на Македонија со кој мислиме дека направивме сепак нешто, бидеќи и овој предлог за субвенционирање на придонесите за покачените плати од 100 евра, исто така е наш предлог со помош на Меѓународната организација на трудот.

  • Дали е ова економска или социјална мерка?


-Па можам да ја наречам социо-економска. На дел од работниците ќе им се покачи платата. Во едно семејство, ако им се покачи платата на двајца тоа се вкупно 6 000 илјади денари, што за македонскиот стандард не е малку. Особено во останатиот дел од земјата, не само во Скопје како економски центар, бидејќи тоа се два различни животни стандарди - Скопје и  провинцијата и тоа во услугите и во трошоците, во начинот на живеење. На пример, голем број мали стопанственици, занаетчии од внатрешноста,  се задоволни од субвенциите за ковид-кризата што ги добиле. Од нив во текот на годината заштедиле по 2 000 евра, што им гарантираат некаква сигурност, материјална и психичка, а тоа се само 2 000 евра. Ете тоа е нивото на поголемиот дел на овие луѓе за кои сметавме дека треба да се бориме.

  • Од каде ќе ги одвои овие пари државата, дали од некои други ставки, како што се капиталните инвестиции?


-Ние очекуваме правично, одговорно и оптимално управување со јавните финасии. Државата има непродуктивни трошења, има трошења поврзани со политички популизам итн. Затоа сметаме дека тие 16 милиони не се големи пари за државата за да им помогне на работодавачите, а испадна дека и не мора да се задолжува и да го зголемува долгот. Следната година ние ќе бараме и ќе очекуваме доследна реализација на програмата за вработување што ја вети државата во рамките на тој оперативен план. Тој е веќе влезен, но ние навистина ќе туркаме тоа да биде реализирано на највисоко ниво со стопроцентна искористеност на тие пари.

  • Дали мислите дека овие средства ќе направат притисок врз цените и ќе „помогнат“ во зголемувањето на процентот на инфлацијата?


-Средствата што ќе се најдат во рацете на граѓаните, односно ќе ја зголемат побарувачката, ќе ја стумулираат и понудата. Ако двајца во семејството добијат по 50 евра зголемување на платата, 100 евра не се малку пари, но сметам дека овие средства нема да извршат притисок врз цените на мало, бидејќи ти е така се високи и се одраз на актуената светска економска и енергетска криза.

Со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62 проценти, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на синдикатите во преговорите. Сега, најголемиот процент во Европа на удел на минималната плата во просечната има во Франција и тој изнесува 50 проценти.

Бране Стефановски