Немаше ни трага од некогашната МАКИНОВА/ТЕХНОМА оваа година на инпровизираната „саемска“ манифестација што се одржа на крајот на октомври во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Спортските сали се за спортови, а саемските за саеми, но Македонија, односно Скопје (а тоа ти е исто) одамна нема саемски простор. Скопското Сајмиште е уништено за сметка на еден огромен трговски центар во Автокомада, за кој тврдам дека нуди многу помалку интересни содржини преку целата година од една поранешна манифастација на МАКИНОВА што траеше неколку дека. Годинешнава МАКИНОВА/ТЕХНОМА делуваше разочарувачки мала и празна, а влезот чинеше 150 денари, досега најскап од сите години во кои имало што да видиш. На годинешната манифестација можеа да се видат само топлотни пумпи и тоа не наши производи туку увезедни, најчесто и најмногу од кинески производители. Значи, автентични, домашни содржини немаше, туку само штандови на трговски претпријатија што тргуваат со пумпите и со фенкојлери и на ќошовите на салата по некој производ што нема врска со енергетиката, како мали багерччиња и сл.

За да ја објасниме сиромаштијата на содржината на годинешнава МАКИНОВА/ТЕХНОМА ќе споменеме неколку факти.

МАКИНОВА треба да биде и некогаш беше меѓународна изложба/саем посветен на пронајдоци, иновации, нови технологии, технички подобрувања и нови производи. Често имаше и посебен простор за младинските секции од македонските училишта и за студентите кои ги презентираа своите истражувачки и креативни патенти и проекти.

Главен организатор е Сојузот на пронаоѓачи и автори на техничко унапредување на Македонија (СПАТУМ), а на настанот редовно учествуваа и институции како Државниот завод за индустриска сопственост и други јавни и приватни организации.

Годинешново беше 46 тото изданија на оваа саемска манифестација, што укажува на најзината долговечност, но, според содржината, оваа година се виде дека таа е веќе стара мома и дека ништо ново не им понуди на посетителите кои и така ги немаше во голем број, не само поради сиромашната содржина и високата цена на влезницата, туку и поради тешкотијата да се дојде до неа, особено на публиката од другие делови на земјава.

Првото издание на МАКИНОВА беше во 1980 година.

40-то издание — 2019  

42-ро издание — 2021

45-то издание — 2024

На МАКИНОВА се доделуваа награди за најдобри пронајдоци; Државниот завод за индустриска сопственост и други институции често соработуваа при избор и наградување. Настанот понекогаш е под покровителство или со поддршка од високи државни претставници. Но, оваа саемска манифестација речеиси да не ја спомна ниеден медиум.

Со тоа полека се губи важноста и значењето на овој саем, а со тоа и стимулот за промоција на домашни производи, афирмација на доамшните иноватори и стекнување контакти со гостите од другите земји, размена на знаење и привлекување потенцијални инвеститори/партнери, поттикнување на младинската креативност и врска меѓу образованието и индустријата, што се главните цели на еден ваков саемски собир.

Вопшто не весела оваа слика на овој порано познат и престижен саем. Таа заборува за падот на нашата економска моќ. Штом малку фирми покажуваат интерес за учество, значи дека немаат што да покажат, што значи дека немаат со што да конкурираат на немилосрдниот глобален пазар, тоа понатаму значи дека за потребие на домашнот пазар мора да се увезува, да се купуваат странски скапи девизи, да се увезува инфлација итн. Многу пати сме пишувале дека македонската индустрија малку инвестира во сопствениот технолошки развој.  

Како држава, Македонија во последниве години има инвестирано 6-10 милиони евра за истражувања во науката, но во релативни размери тоа е многу мал процент од БДП, односно изнесува нешто повеќе од 0,7 порценти, што е значително под европскиот просек.

За оваа 2025 година во буџетот беше предвидена речиси двојно поголема сума за оваа намена, но колкав процент од  тие средства се реализирани е прашање, со оглед на тоа што немате кому да му се обратите во институциите, секаде само можност за писмени прашања на кои не стигнуваат одговори. А и да се сите инвестирани, резултатие во оваа област стигнуват бавно, а за тоа време конкурентитие веќе зафатиле вслеленски височини. Пред нас е новиот предлог -буџет за идната година!?