Маргарет Мид пред 100-ина години наголемо била вклучена во истражувања која ги спроведувала со помош на сопругот и екипа на антрополози. Некое време живеела на островите на Нова Гвинеја заедно со племињата староседелци. Го следела нивниот начин на живот, обичаите, обврските, организацијата. Сите белешки им ги испраќала на соработниците и денес, благодарение на нејзиниот ентузијазам и природата на научник можете да прочитате неколку книги во кои Мид се занимавала со анализа на првобитните човечки заедници и споредбите со западната цивилизација.
Мид започнала голем истражувачки проект за самоанската култура и „психолошки студии на младите луѓе во примитивните заедници наменети за луѓето од западната цивилизација“
Иницијативно сакала да дознае „дали проблемите и нарушувањата кои ги унесреќуваат нашите адолесценти потекнуваат од самата природа на адолесценција или од цивилизацијата? Дали во други околности адолесценцијата пружа поинаква слика?“
Благодарение на заедничкиот живот со племињата на Самоа и другите острови, Мид донела заклучоци и понудила одговори кои очекувано антрополошки се важни за целата култура, односот кон работата, обврските, целите одговорноста и изборот на крај.
Таа предупредила на многу проблеми кои му се закануваат на светот, од импотенција до невроза, и кои тек ќе станат хронични во времињата кои доаѓаат.
Маргарет Мид: работа, игра, избор
Во книгата „Созревање во Самоа“, таа посвети посебно внимание на социјалните и културните обрасци кои моделираат одредено однесување и во Самоа не создаваат нарушувања карактеристични за адолесцентите во западната цивилизација. Начинот на кој Самоанците ги воспитуваат своите деца и ги подготвуваат за возрасен живот е сосема спротивен од тоа како „западот“ се однесува кон нивните деца.
Самоанците и Американците или Европејците, според Маргарет Мид, различно ја разбираат работата, играта, училиштето, одговорностите и изборот. Според нејзиното мислење, децата на западната цивилизација имаат погрешен однос кон работата која, на пример, е поврзана со возрасните. Играта е поврзана со задоволство. Училиштето со обврски кои носат неразбирливи неволји. Сите овие категории, децата на Самоа ги разбираат далеку попозитивно. Работата за Самоанците не е начин да се добие слободно време, туку работата е извршување на неопходни работи кои служат за одржување на животот. Во работата учествуваат сите членови на заедницата, па дури и најмалото дете го наоѓа своето место во овие работи.
„Децата треба да се учат како да размислуваат, а не што да мислат. А, бидејќи старите грешки бавно изумираат, децата треба да се научат на трпеливост, исто како што денес ги учиме на нетрпеливост“, напишала Маргарет Мид во „Созревање во Самоа“.
Ако целта е здраво општество, Мид инсистира на тоа децата да се учат дека пред нив има многу отворени патишта, но ниту еден не е позадолжително од друг. Уште поважно е, како што пишува таа, децата да ги научиме дека товарот на изборот лежи само на нив. Децата мора да бидат со отворени очи пред сопствениот избор.
Само една норма е точна
„Сите треба да разберат дека плаќаме висока цена за нашата хетерогена цивилизација која брзо се менува. Плаќаме во големи размери криминални злосторства и престапништво, плаќаме со конфликти меѓу младите, со зголемен број неврози, плаќаме со недостаток на традиција, без која за жал е попречен развојот на уметноста“, пишува Мид.
Можноста на избор која им се нуди на луѓето е главната предност на оваа возраст. Во западната цивилизација, човек може да биде и бизнисмен и уметник и секташ и спортист и мистик. Се нудат бројни можности за различни поединци и нивните таленти и интереси.
„Засега живееме во преоден период“, напишала Мид пред 100 години и додала:
„Имаме многу норми, но сепак веруваме дека само една може да биде исправна. На нашите деца им оддаваме слика на боиште на кое секоја група, под целосна воена опрема, е убедена во праведноста на својата кауза. И, секоја од тие групи тргнува во освојувачки поход на следното поколение“.
Во поглавјето за донесување одлуки, Маргарет Мид пишува дека „главните проблеми на нашите адолесценти е постоењето на спротивставени норми и верувањето дека секоја единка сама ги избира сопствените определби“. Со такво верување, адолесцентите мора да бидат исполнети со конфликти и тешкотии.
Општество кое гласно бара избор, општество полно со групи, од кои секоја има свој начин на спасување, своја варијанта на економска филозофија, нема да даде мир на ниту едно поколение се додека секој не се определи и не подлегне да ги издржи условите на избор.
Потребата за решителност создава големи тешкотии кај адолесцентите. Тука има уште еден проблем што го истакнува Мид - митот за бесконечните можности. Индустриските и историските промени, замената на луѓето со машини, прифаќањето на луѓето на работни места каде што ракуваат со машини, се само еден пример за историски промени кои го одржуваат жив нашиот мит за бесконечните можности, посочува Мид, како една опасност.
Иднината не е светла
Искуството на Маргарет Мид од заедничкиот живот со племињата на Нова Гвинеја ја научи дека ниту сиромаштијата ниту големите несреќи не можат да ги загрозат членовите на овие заедници. Тоа не ги натерало грчервито да се држат за своите животи и да се плашат за натамошното постоење. Никој никого не побрзува низ животот, ниту некој некого казнува ако се развива побавно. „Надарените или напредните се задржуваат сѐ додека и најбавниот меѓу нив не фати чекор со нив“. Ниту во личните односи нема многу грижи – љубов и омраза, љубомора или одмазда или тага – сето тоа е прашање на недели“.
Сите награди ги добиваат оние кои лесно го прифаќаат поразот и со насмевка се свртуваат кон некоја друга цел“, е резултатот од набљудувањето на Маргарет Мид.
Денес, во западната цивилизација, парите се многу важни за задоволување на сите желби на младите - од посакуваните фустани до забавата. Денес парите се најлесниот канал преку кој може да се оствари родителската власт.
„Тој пат е толку лесен, што заканата за скратување на џепарлак, одземање пари за забава или дел од облеката го зазеде местото на камшикување и осуда на „леб и вода“, кои некогаш беа омилени дисциплински мерки. Така, децата секоја цензура на своето однесување, било да е тоа морална, религиозна или социјална, ја доживуваат како економска закана, како контрола врз трошењето“, пишува Мид.
Така, Мид многу свои текстови и предавања посвети на предвидување на иднината и последиците што ќе ги снајдат луѓето. Не само нервозите и анксиозноста од кои постои и „економска анксиозност“, туку и загриженоста за климатските промени, пандемиите и глобалните конфликти, создаваат доминантно чувство кај луѓето кое не предвидува светла иднината. Многу истражувања покажуваат дека повеќето Американци и Европејци веруваат дека животот ќе се влоши во следните 30 години. Така, некои се свртуваат кон „технолошки спас“ што значи нови производи за широка потрошувачка и технолошки иновации за да ги решат проблемите.
Побрзо, поголемо, побогато
Клучната критика на Маргарет Мид е културна критика ориентирана кон иднината. Напредокот денес е „побрз, поголем и побогат“. Ако иднината не донесе 'се повеќе и повеќе', таквата иднина воопшто не изгледа светла.
На многу начини, нејзиниот живот беше репер за борбата за поинаква, поотворена иднина. Таа ги уживаше привилегиите кои во тоа време им беа достапни на елитните бели жени. Таа на свој начин создаде простор за поинаква иднина преку односите што ги градеше со луѓето околу себе.
Таа пишуваше за иднината на семејството и сексуалноста, но и за иднината на науката, вселенските патувања, животната средина и глобалниот мир. Мид и нејзиниот тогашен сопруг, антропологот Грегори Бејтсон, биле неочекувани учесници во серија значајни состаноци за кибернетика помеѓу 1946 и 1953 година. Таму, многу научници се собраа да разговараат за нов јазик на информации, повратни информации и невронски мрежи, со основна цел за повторно обединување на науките.
Увидите од тие конференции го отворија патот за светот во кој живееме денес:
-манипулација со информации,
-интерес за „контрола“ на животната средина,
-развој на паметни градови.
Визијата на Маргарет Мид за иднината е фундаментално различна иднина од онаа во која многумина се чувствуваат заробени денес. Ниту Мид ниту Бејтсон не сакаа да кажат детали како би можела да изгледа таа иднина на комуникации и слушање. Тие само знаеја дека тоа ќе биде поинаков свет. Ако повнимателно ги читате современите антрополози, ќе видите дека тие самите повикуваат на уште една Маргарет Мид денес. Иако поминаа 100 години од објавувањето на „Созревањето во Самоа“, овој пристап кон иднината сè уште е потребен. Мид потсетувала дека луѓето треба да бидат поинакви затоа што веќе се поинакви. Треба само да ги отворат очите за можностите и да не веруваат дека е исправна само една алтернатива и неа слепо да ѝ припаѓаат
