Матија Дедиќ, еден од најважните џез-пијанисти во регионот, синот на легендарните Арсен Дедиќ и Габи Новак, повторно е актуелен, пред се благодарение на успешниот албум „Ladies“, кој им е посветен на жените, дамите, кантавторките и силни вокалистки, кои го одбележаа неговиот приватен живот и кариерата. На албумот се собрани 16 жени, од Габи Новак, преку Сара Ренар, Лана Јањанин, Тамара Обровац, сестрите Ивана и Марија Хусар, Тамара Обровац, Реми, Леа Деклева..., до неговата ќеркичка Лу, со кого сними особено успешен сингл „Задњи сати љета“... Прилично ангажираниот Матија продолжува да создава и да патува, без оглед на пандемиските околности врзани за короната и зимските околности... - Поседувам КОВИД-пасош па се е во ред на границата. Има една случка, кога требаше да отпатувам за Сараево, авиокомпанијата ден претходно ме извести дека летот е откажан. Така, немав директен лет за Сараево, но организаторите успеаја да ми набават нов билет Загреб – Франкфурт - Софија. Патувањето со автомобил од Софија до Скопје трае околу пет часа. На бугарско-македонската граница снема струја, а граничарите немаат сопствен агрегат. Еден господин со ЛЕД светилка ми пријде и ми рече: „Дедиќ, добредојде во Македонија“, напомнувајќи колку е за него важен Арсен. Тој рече и дека има овластување да ме запише на хартија, а подоцна и во компјутер, но дека имаме еден проблем, а тоа е што рампата е на струја. Струјата дојде за еден час, што беше добро за мене, бидејќи можеше да дојде следното утро, па дури и подоцна. Само за споредба, кога патував во Аргентина, патувањето траеше 13 часа, а за Калифорнија 11 часа. Ова беше интересно патување бидејќи, кога сето тоа ќе се собере, ми беше како да патувам во Аргентина.

Дали ова значи дека ништо не може да те изнервира, без разлика што се непредвидено може да се случи на патување и истото да го искомплицира?

- Сè уште сакам да патувам и тоа ме прави среќен, а многумина ми велат дека би бил добар едукатор. Всушност, затоа ја избрав џез музиката бидејќи не сакам ништо предвидливо. Генијално е кога не знаеш што ќе се случи и кога сето тоа е импровизација.

Минатата година објавивте одличен и интересен албум „Ladies“. Како дојдовте до идејата и концептот за реализација на албумот на кој учествуваат шеснаесет женски вокали?

- Шеснаесетте од нив на албумот беа избрани затоа што најмногу настапував со нив. На пример, почнав со Тамара Обровац во 1997 година, со Лидија Бајук и групата „Дивас“ во 1998 година... Нашите заеднички настапи што ги имавме сите овие години се многу повеќе од само настапи, луди патувања, смешни и тажни настани, заеднички појадоци и ручеци... Сето тоа цврсто не поврзуваше и во сите овие ситуации најдобро можев да ги запознаам сите овие големи личности, кои не можам да ги заборавам до крајот на мојот живот. На албумот се мајка ми Габи Новак и мојата ќерка Лу, потоа Сара Ренар која отсекогаш ми била драга, Тена Водопија, Лана Јањанин, Ивана Хусар Млинац, Весна Писаровиќ, Марија Хусар Римац, Лидија Бајук, мајка и ќерка Маја Вучиќ и Гита Хајдархоџиќ, Реми и Леа Деклева - соработка која е своевиден омаж на Оливер Драгојевиќ. Прво ги избрав дамите, а потоа што ќе снимаме. На пример, со некои од нив не сум снимил ништо досега. Албумот „Ladies“, благодарение на мојата ненормална духовитост и проникливост и видовитост, беше реализиран на начин што го составив како лего коцки. Се грижев за се, како и за условите и времето во кое живееме. Се е подеднакво важно во самата организација, од самото издавање на плоча, но и размислување како албумот најдобро може да се промовира. Денес е тешко повеќе од три лица да одат на пат, оти организаторот на концертот не би се согласил на сцена да има повеќе луѓе...

На албумот се наоѓа и песната „Задњи сати љета“, која ја сними со ќерката Лу. Лу со своето пеење таа ги изненади и воодушеви сите, а доказ за тоа се социјалните мрежи.

- Тоа лирикс-видео имаше 43.000 прегледи за само дванаесет дена. На мојот видео канал, кој содржи снимки - соработки со музички великани, треба да прегледам добро и детално, да видам дали имам вкупно 43.000 прегледи. Ќе одвојам време за тоа еден ден. Така, Лу ме „соши“, но и баба и и сите други колешки. Таа беше изненадување на албумот. Лу докажува, што ме прави особено среќен, дека никогаш нема да каже: „Знаеш ли кои се моите баба и дедо?“ Ова и е трет пат како пее, како снима во многу изминати години. Работи многу, вежба и се усовршува, но не е човек кој сака да се експонира. Затоа сум горд што имам ваква ќерка. 

Иван Беќковиќ