Фала му на Господа што не беше повреден ниеден патник од автобусот што деновиве за малку ќе се струполеше од главната улица кон веслачката водена патека - во реката Треска на Матка. Но, големо чудо е што досега не се случила некоја поголема несреќа, бидејќи веќе Маттка не може да ја издржи инвазијата на „армијата“ која ова место го напаѓа со сите антиеклошки средства и се чини дека има намера што побргу да го уништи. Чуден менталитет на луѓето кон нешто што е реткост во светот. Поради ова, во последниве можеби две децении, Матка веќе не е дел од гордоста на скопјани. Матка е смо дел од бледите спомени на генерации скопјани, кои ова место го имаа како свето, не само поради црквите, туку и поради единствената природа во светски споредби, клисура, кањон со ретки пеперутки, со белоглавиот орел, со алпинистичките карпи, со свежината на воздухот, со можноста да се оладиме, да се освежиме, да роматизираме, да се капеме, да весламе ....

Откако почна на се да се гледа низ призмата на парите, многу вредности се девастираа (пустошење, уништување, разурнување, уривање). Во таа девастација низ призмата на парите се направи, место добивка, огромна загуба. На Матка и се случува истото што му се случува и на Охридското Езеро и на Маврово: поход на освојувачите во трката за профит, со дозвола на власта со превез, ама само на едното око.   

Таму каде што физиката не дозволува поголемо оптоварување, се прави токму спротивното, се товари и просторот и патиштата со тежина што не можат да ја издржат, се напаѓа природата со средства што не се дозволени ни со „воените конвенции“, едноставно се фаќа за гуша таа природа и се дави. Се фрлаат огромни количества отпад, се возат мотори, се влегува со платформи во езерото и што е најтрагично, никој не презема ни акција ни одговорност.

Нависитна е чудно како можеше да се уназади нешто што беше место на кое се одеше за оддишка на душата, за олеснување, враќање на волјата за живот. Веројатно одговорот треба да се бара во воспитанието, во културата, но и во нешто што не е пристојно ни современо да се каже, а тоа е целта на се отстранат многу загрижените чувари на природата, да се остане сам, да се дивее, да се држи на што поглемо отстојание скопската култуа и што побргу да се избришат спомените на старите скопјани на ова единствено место. Тие што ја имаат моќта над ова место, немаат никаква емоција спрема него, немаат однос, немаат жал, единствен мотив им е да покажат сила од која кулурата се плаши и бега и со болка им ја остава на располагање таа светост природна христијанска и византиска и оптштоцивилизациска.

Така на тој терен комотно се чувстуваат разни насилнички групи, агенции кои со автобуси ги носат туриститие до последниот сантиметар на можното движење. Така се сотрени голем број ендемични видови, исчезна Белоглавиот орел, кој е реткост во светов, а имаше крила секое по 3 метри.

Неверојатно е колку насилно се напаѓање Матка, како да се се сака да се освои како територија, и да се стават граници на владеење. Тоа сите го забележуваат.

Плаформите не се изведни, иако пред две-три години медиумите дигнаа голема врева поради нивната инсталација во езерото со цел на нив да се отворат кафеани и загадувањето да биде уште поголемо.

Значи, едно светско наследство какво што е Матка да се гледа низ призмата на прифитот е голем криминал во обид, кој теба да се регулира со казнани одредби од кривичниот закон, бидејќи тоа наследство „не е наше“ тоа е и на идните генерации, на кои неммае право да им го одземеме. Но, за тоа што не е наше лично, не не боли ни душата ни срцето, тоа е карактеристика на тврдокожци.

Неколку податоци за Матка

Матка — кањон на реката Треска, зафаќа површина од околу 5.000 хектари. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропаси со длабочина до 35 метри.

Од вкупно 1000 видови растенија, 20% се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). Во месноста Матка се откриени два нови видови вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови  балкански ендемски мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.

Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски“, наречен според трагично загинатиот алпинист. Паркот е составен од три пештери (Врело, Убава и Крштелна), како и една подводна пештера (Подврело)

Културно-историско наследство во кањонот Матка

Поради особеностите на самиот терен и тешката пристапност која нудела поголема сигурност, во минатото во кањонот Матка биле изградени поголем број цркви и манастири и останати сакрални објекти. Поради големиот број цркви и манастири, Матка го носи и името „Света Гора“. Денес постојат повеќето цркви од средновековниот период, поголемиот дел се зачувани во целост, а некои се во урнатини или постојат само нивните темели. Во кањонот Матка постојат следниве цркви и манастири:

Манастир „Успение на Пресвета Богородица“

Манастир „Свети Никола“ Шишевски

Манастир „Свети Андреја“

Црква „Свети Спас“ со остатоци од ранохристијанските цркви „Света Троица“ и „Свети Ѓорѓија“

Црква „Света Недела“ (во урнатини)

Освен верските објекти, високо во кањонот Матка, стојат и остатоците (ѕидините) од некогашната средновековна крепост „Марков Град“. Таа била изградена како збег за населението и манастирските цркви, во времето на доаѓањето на Османлиите.

Овие податоци ретко кој ги има прочитано, иако се наоѓат во сите енциклопедии. Но и да се прочитани, нема да ја намалат алчноста за профит. Профиот не почитува природни вредности, тој мотив доведе до климатски катастрофи на кои денеска целиот свет е сведок.  

Прометот на туристи мора да се регулира

Се разбира дека и овој случај со лизгањето на автобусот на Матка никого нема да возбуди, македонскиот металитет се заснова на паролата „секое чудо за три дена“, ќе се маскира  со малку бетон и така истата замка ќе остане да демне за некој следен случај во многу блиска иднина.

Ако некој сака да ја зачува Матка од изумирање, решението на проблемот е следено:

Матка мора да добие посебен режим на посетеност, (да се ограничи бројот на автобуси што ќе влезат во кањонот, не мора сите туристи да ја видат Матка за време на викенд, посетата мора да се распореди на сите денови во неделата, да не се земаат предвид желбите на туристиите, односно на операторите, туку можноститие на локалитетот), овој режим на движење и на број на туристи да се истакне на видно место и да се објави во сите медиуми, да се воведе строга еколошка контрола/полиција со ингеренции да казнува со високи казни за фрлање отпад. Веднаш, итно и неодложно да се исфрли таа фолата на превозни средства од која веќе ни водата не е видлива на тоа мало вештачко езеро. 

Веднаш итно и неодложно да се тргнат железните платформи забодени во карпите на езерото за да недојде до некое трагично уривање.  

Вакви примери на режим на движење има на секаде во светот што се однесуваат на вакви ретки природни локалитети.  Најблизок пример на кој можеме да се сетиме  е островчето Локрум во непосредна близина на Дубровник. На него туристите можат да престојуваат од 07 до 19 часот, а ако некој го исушти последното бротче за Дубровник, одговорноста паѓа на него. Секоја паметна ЗЕМЈА го прави тоа, а секоја непаметна и остава на стихијата, на случајнбоста, на алчноста за профит по секоја цена. Но кој е тоа „земја“? Едноставно - никој! Во оваа држава никој нема персоналитет што носи лична одговорност, се е некако колективно, „државата“, „власта“, „министерството“, „општината“ ... – никој лично, никој одговорен.

Затоа и Матка ја газат како никој и еден ден никој нема да биде одговоен за ништо, како што се актуелните примери што се тркалаат по медиумите.