Меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по ковид“во Скопје

– Прва годишна меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по ковид“, во организација на Министерството за финансии ќе се одржи на 6. и 7. септември во Скопје.   Конференцијата, како што информира министерот за финансии, е замислена како платформа за развој и дебата за економски политики, со акцент на транспарентноста и инклузивноста. На конференцијата  министрите ќе ги презентираат своите приоритети во рамки на буџетските планирања за претстојната годинa, со што ќе се зајакне и самиот процес на буџетско планирање.

 

Во рамки на дводневната конференција експерти и министри од дома и странство, меѓу кои потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, директорот на европскиот оддел при Меѓународниот монетарен фонд Алфред Камер, помошникот на генералниот секретар на ООН и директор на УНДП на Бирото за политика и поддршка на програмата Хаолианг Ксу и регионалната директорка за Западен Балкан на Светска банка Линда Ван Гелдер и други ќе дебатираат и разменат искуства, во рамки на шест панели:


  • -Глобални и регионални предизвици и изгледи за закрепнување и раст;

  •  -Макроекономски политики и јавни финансии во пост-пандемични времиња;

  • - Добро управување и социјална кохезија;

  • -Јавни и приватни инвестиции и конкурентност;

  • -Паметна и зелена економија и

  • -Човечки капитал и инклузивен раст.


Целта на конференцијата е да се поттикне синергија на идеи и иницијативи од носителите на политики и политички претставници, меѓународни партнери, претставници на цивилното општество и академијата и други експерти за подобрување на дијалогот на економски и финансики теми со национален и регионален контекст, што потоа би биле искористени во процесот на креирање макроекономски политики, јавни финасии и структурни реформи. Конференцијата ќе биде во хибриден формат, со физичко присуство во хотелот Хилтон во Скопје и онлјан на нова дигитална платформа – www.seff.mk.