Михаил Гаревски, анкета: „Впечатоци од земјотресите“ – не треба да се плашиме од секој земјотрес!

Најголемиот експерт за земјотресно инженерсто, сега директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП) и поранешен долгогодишен директор на ИЗИИС, проф. д-р Михаил Гаревски, преку социјалните мрежи спроведува анакета со наслов „Анкета за Скопскиот земјотрес 1963 година“. Тој, за Анторис, вели дека досега вакви истражувања преку масовни интервјуа, преку интернет, не се правени ниту за скопскиот земјотрес, ниту за некој друг што се случил потоа. Не се направени ни пошироко на Балканот.

Михаил Гаревски, анкета: „Впечатоци од земјотресите“

„Затоа, мислам дека овој начин на сознавање - како се однесувале граѓаните за време на земјотресот или во случај на други земјотреси, во иднина ќе ни служи како искуство за менаџирање на ктастрофи, за управување, за намалување на ризикот од повреди на граѓаните, односно за избегнување жртви. Благодарение на интернетот, мислам дека и другите колеги ќе ја преземат оваа идеја и ќе ја употребат во своите истражувања.“ вели Гаревски.

Колку е епицентарот поблиску, толку ризикот е поголем



  • На интернет пласиравте анкета во која граѓаните ќе можат да се изјаснат за доживувањата и за впечатоците во моментот на скопксиот земјотрес и потоа. Што е идејата, што сакате да добиете од анкетата?


- Анкетата за скопсикиот земјотрес ми е могу важна. Неодамна доживеавме земјотерес во регионот Лерин-Битола со релативно повисока магнитуда (силина на земјотресот м.з.) од 5,4 степени. Најголемиот дел од граѓаните на Македонија, особено во регионот Охрид-Битола-Прилеп-Ресен беа многу вознемирени. Јас, како градежен инженер и експерт по земјотресно инженерство, од моето 44-годишно искуство од следењето на земјотресните циклуси, препорачав ѓраѓаните да спијат мирно, бидејќи немаше ризик, особено што епицентарот беше оддалечен 30 километри од Битола. Ризикот е многу поголем ако епицентарот е блиску до градот, четири до пет километри, а магнитудата поглема од 5.4 па нагоре. Тогаш сигурно ќе има и урнатини на многу слабите објекти, па дури и жртви.

Мене ми е многу важно граѓаните да бидат информирани за овие работи и да прават разлика. Затоа, јас, на фејсбук, поставив два прашалника: едниот е за неодамнешниот битолски змејотрес, а другиот е за скопскиот од 1963. Од оваа анкета очекувам да дознаеме повеќе за рекациите на граѓаните од овие региони, од кои ќе заклучиме колку тие знаат соодветно да се однесуваат за време на земјотрес.


  • Можете ли да наведете некој пример за несоодветно однесување на луѓето во време на замјотрес?


- Па, еве, на пример, теоријата за заштита од земјотрес „триангл оф лајв“ воопшто не се препорачува од официјалните агенции. На граѓаните треба да им се каже дека така не треба да се постапува. Втората „пикни се под маса и засони се“ се препорачува кога живеалиштето е од квалитетна градба. Затоа, од анкетата очекуваме да извлечеме интересни залучоци, ќе дознаеме дали останале присебни или почнале да бегаат без да преземат било какви мерки за заштита. Потоа, ќе дознаеме дали се сеќаваат дали имало или немало бучава, што е важно во одредувањето на дистанцата на епицентарот.

„ Не треба да се плашиме од секој земјотрес!“



  • Што ве интересира за скопскит земјотрес?


- Можеби оваа анкета е последна шанса да се соберат уште повеќе детали за скопскиот земјотрес, бидејќи луѓето што го имаат доживеано се се’ помалку. Најинтересно е тоа што запис од некој техники иструмент, справа, во Скопје за скопскиот земјотрес - нема. Има од другите сеизмолошки подалечни станици, но тие можат да ја одредат магнитудата, но не и други важни карактеристики. Ние зборуваме за скопскиот земјотрес и го оценуваме со магнитуда од 6,1.

Потоа, има прашање дали беа еден или два земјотреса и за која временска разлика се случија. Станува збор за два многу силни земјотреса. Јас паметам дека по вториот земјотрес паднаа некои згради, а ние малку зборуваме за тој, вториот. Според моја оценка, вториот бил „автершок“. Но, правиме напори да дознаеме точно после колку време се има случено и точно со колкава магнитуда.


  • Дали по скопскиот земјотрес е зголемена сеизмичноста на скопскиот регион, бидејќи од тогаш Скопје има доживеано многубројни помали земјотреси?


- Не, не е така. Интересно е тоа што по скопскиот земјотрес многу повеќе се зборува и се стравува од земјотреси. Пред тоа, јас кога бев дете, никој не зборуваше за земјотрес! Ќе повторам дека со анкетата ќе видиме колку има потреба од објаснување на жителите за да бидат подговтвени за некаква соодветна реакција, иако тоа е многу тешко, зашто реакциите во тие моменти се инстинктивни и ретко кој може да ги контролира. Но, сакам да препорачам, граѓаните, жителите, да не се возбудуваат, да не се плашат од секој земјотрес. Ако нема бучава, тогаш тоа е далечен земјотрес и тогаш воопшто нема основа за страв. Да напомнам - и од локално епицентално подрачје може да нема бучава но таквите земјотреси се најчесто со мали магнитуди.

Масата не може да ве заштити ако падне згарадата



  • Дали систематизацијата на одговорите од анкетата што ја спроведувате за скопскот земјотрес ќе биде публикувана и во која форма?


- За да се сумираат резултатие од оваа анкета, ќе треба сигурно една година. А ќе биде објавено во меѓународни списанија. Но, првичните резултати и анализи ќе бидат објавени во медиумите по еден месец. Ќе ги следиме светските искуства. На пример, сме читале за „citizen seizmology“ (граѓанска сеизмологија) во која се наведува интеракцијата меѓу граѓаните и сеизмолозите. Тука новинарите се многу важни да придонесат за поголема синергија меѓу граѓаните и сеизмолозите. Современиот свет, преку интернет, експресно разменува информации од оваа сфера, па така граѓаните многу бргу и лесно се информирани за тоа каде се случил земјотресот и со која силина бил. Веднаш се прави мапа, благодарение на исказите на луѓето.

Ќе се консултирам и со институциите, особено со Министерството за образование и наука, со Министерството за транспорт и врски и со Центарот за управување со кризи.


  • Препорака, дали во време на земјотерес треба да се засолниме под маса или на некое друго место и зошто во некои упатства стои таа препорака?


- Масата не може да ве заштити ако падне згарадата. Препораката за масата важи за сигурните згради, градени по современите асеизмички принципи и за претпоставката дека нема да се урне при тој земјотрес. Но, може да заштити од паѓање на некој шкаф и на друг мебел што можат да ве повредат, или да падне цел преграден ѕид и да ви нанесе уште потешки повреди , па и со смртни последици.


Скопските земјотреси со магнитуда под седум степени



  • Од кои земјотреси треба да се плашиме, а од кои не?


– Земјотрес со М=5, за новите објекти, по однос на оштетувања на објектите и да се случи дури со епицентар  на неколку километри од некое место за живеење е безопасен. Но, секој жител ќе го почувствува и делува многу вознемирувачки. Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен  е разурнувачки, но само за неквалитетните градби. Земјотресите со над 7 - 7,5 - 8 степени се опасни и страшни и ако се во близина на населено место, има огромни материјални штети и огромен број жртви. Тогаш некои предмети летаат и се „однесуваат“ како куршуми! Тоа е поради тоа што забрзувањето е многу силно. Но, за среќа скопското епицентрално подрачје, според должината на раседите, генерира земјотреси со магнитуда под седум степени. Затоа на жителите што живеат во зградите градени по големиот скопски земјотрес од 1963 година им препорачуваме да не бегаат во време на потресот. Ризикот да се повредат при панично однесување е многу поголем, бидејќи веројатноста да им се урне зградата е мал. Исклучок е регионот Пехчево–Берово на кој има магнитуди поголеми од седум. Во овој регион се уште има микро-тремори, но магнитуди поголеми од пет не се регистрирани подолг период.  Речиси никој досега во анкетата, што е во тек, не одоговорил дека успеал да избега пред да заврши земјотресот. Што значи - не вреди да бегаш, треба да бараш, ако не си во паника, место за да се засолниш.

Од студијата ќе произлезат препораки дали можеби жителите што живеат во стари објекти, што не се градени според модерните асеизмички правила, треба да го напуштат објектот, но не секогаш човекот во тие моменти е свесен што треба да прави, се однесува инстинктивно. Да завршам со заклучокот: граѓаните да не се плашат, да бидат смирени и колку што е можно присебни. Воедно, масовно ги повикувам да се приклучат на анкетите бидејќи во анкетата е одговорот дали граѓаните на СРМ се доволно информирани како треба да се подготват за земјотресот.

Бране Стефановски