-„Ние им помагаме на луѓето да си го вратат животот во своја сопственост“, оваа мотивациска порака стои на насловната страница на бизнис програмскиот курс „Господин нов живот“ (Mr.New Life) што опфаќа повеќе од 10 различни стадиуми. И во продолжение уште една јасна порака: „Изберете програма: Стекнете знаења засновани на напорна работа и долгогодишно искуство. Научете, имплементирајте и започнете да заработувате.“ Ова се дел од мотивациските пораки наменети за луѓето кои се заинтересирани да научат и совладаат дигитални вештини преку бизнис програмскиот курс „Мистер њу лајф“.
.jpg)
За тоа што навистина претставува „Мистер њу лајф“ (Mr. New Life), колку време постои, што значи да се помине оваа програмска обука, колку слушателите успеваат да ги совладаат материјалите и што понатаму, за Анторис зборуваме со нејзиниот основач, Интернет маркетинг и Фејсбук консултант, Мирко Чешелкоски- човекот кој целиот свој живот го посветил на дигиталниот маркетинг и стана препознатлив и надвор од границите на нашата земја.
-Мистер њу лајф е едукациска платформа што постои повеќе од три години, но не е нова, бидејќи е еволуција на една претходна програма која реално постои од 2012 година. На почетокот е креирана во форма на обука за бизнис и маркетинг, потоа прераснува во Универзитет за интернет, бизнис и маркетинг и сега еволуира во „Мистер њу лајф“ – програма преку која луѓето не само што учат, туку и веднаш го применуваат наученото. Тука не зборуваме само за едукација туку и за бизнис модел- студентите уште во првите недели од едукациската програма практично го спроведуваат наученото. Значи станува збор за бизнис програма, не сакам да се нарекува академија, бидејќи е многу повеќе од тоа. Бизнис програмата има 10 различни стадиуми-на некој начин како Универзитет за онлајн маркетинг, за онлајн бизнис, го започна разговорот Чешелкоски.
Нашите студенти- топ играчи во компаниите
„ Ние, ги учиме и обучуваме луѓето кои сакаат да влезат во светот на дигиталниот маркетинг, како тоа да го направат, како да ги совладаат потребните вештини и како на почеток да се вработат за голема плата, односно што треба да направат. Почнуваме од биографијата, односно како да подготват сиви, што треба една индивидуа да каже на интервјуто за да биде токму таа избрана меѓу стотици други кандидати, и секако да биде примена. Потоа, како и што треба да исполни откако ќе биде вработена за да биде меѓу најдобрите, односно да биде топ играч во компанијата која ќе ја вработи. Во основа со стекнатото знаење од нашата програма би требало да напредува, да му се зголемува приходот како вработен, но и да придонесе за профит и за заработката на компанијата“, објаснува овој реномиран консултант.
И додава: „Значи на курсот се учи како да рекламираш, како да изградиш бренд, да работиш со клиенти, да мислиш како претприемач или пак да се вработиш за плата од над 1000 евра.“
Платформата на „Мистер њу лајф“ е огромна-снимени се сите материјали, објаснува информатичкиот експерт.
Програмата е достапна на македонски, српски, албански, англиски делумно на турски и сега на шпански. Покрај Македонци, програмата ја следат и луѓе од сите поранешни југословенски држави и низ цела Европа, Канада, Австралија во сите временски зони и плус двапати неделно следат онлајн предавања во живо.
Инаку во моментот, како што објаснува Чешелкоски, нудат 10 различни начини на онлајн работа и заработка. Додека курсот го посетуваат илјадници студенти од кои 50 отсто се во Македонија, а 50 отсто од ексју пазарите, или како што вели соговорникот –„наш балкански народ низ светот“.
Дигитален маркетинг- забрзан бизнис
Факт е дека дигиталниот маркетинг во суштина е забрзан бизнис што во денешно време му е потребен на секој стопански субјект. Тоа претставува огромно поле каде луѓето кои ја поминале оваа програма можат да ги наплатат стекнатите вештини.
Секоја фирма од најмала до милијардерска има потреба да го прошири своето влијание на Интернет. На социјалните медиуми, Фејсбук, инстаграм, тик- ток, уверува Чешелкоски.
„Значи не говориме за оние меки вештини, туку малку подлабоко. Е сега, луѓето сакаат да постигнат нешто преку ноќ, но тоа не е можно. Меѓутоа, може да заработат некој мал приход уште од вториот месец. За инспирација можам да кажам дека лани имав луѓе кои со нашата програма постигнале од 50 000 до 100 000 евра за една година. Тоа не е пар тајм работно време од два до три часа на ден, или одвреме навреме за викенд, туку сериозна, максимална посветеност на работата од 10 -12 часа на ден - дисциплинирано, одговорно со навреме сработени задачи.“
Слушателите на програмата, на почеток стартуваат со еден од 10-те различни курсеви, но тие како наши партнери ја добиваат целата бизнис енциклопедија наеднаш. Не велам студенти, бидејќи слушателите можат да влезат во бизнис со нас, но не се обврзани да соработуваат со нас, иако менторската поддршка продолжува.“
Репрограмирај го својот ум за успех
Според Чешелкоски, за разлика од други програми кај нив сите слушатели на почеток го поминуваат курсот: репрограмирај го својот ум за успех. Тој вели дека тоа е психолошки концепт во кој секој сам треба да си ги преиспита јаките и слабите страни- да си го исчисти умот на хартија за да може да се фокусира на она што после треба да го направи. Значи да се сфати концептот, да го смени начинот на размислување –„затоа што она што го учиме му треба на секој бизнис, на секој човек“.
За репрограмирање на умот тој ја препорачува книгата: „Како да стекнете пријатели и наклоност на луѓето“. Објаснува:- Кога ќе се прочита, сфаќаме дека во начинот на однесување не применуваме едноставни секојдневни постапки кои ги знаеме, иако имаат огромен ефект. Преку оваа книга ќе научите како да бидете омилени на децата, на сопругот, на фамилијата, и на сите луѓе околу вас. Ќе научите да ширите некоја неверојатна енергија, а не ви треба ништо дополнително, бидејќи се имате во вас, уверува Чешелкоски.
Акцентот во програмата е ставен на дисциплината, упорноста и квалитетот. Понатаму е многу важно да се следат инструкциите- што пак на некој начин претставува континуирана дисциплина во работата.
„Значи нашите студенти, партнери учат како да го зголемат кој било бизнис или да изрекламираат кој било производ и услуга на интернет.“
Овде се наметнува и прашањето: Што се случува доколку посетителите на бизнис програмата не останат партнери со „Мистер њу. Лајф“, дали ќе успеат да се снајдат со стекнатите вештини? Чешелкоски е директен:
-Секако. Затоа што, прво оваа програма за едукација и бизнис ја купуваат и фирми како пакет од 5000 евра во кој покрај програмите добиваат и специјална стратегија за производната програма на самата компанија, како да „нападне“ за да добие повеќе клиенти, корисници, купувачи. Ваквиот тип на индивидуални стратегиски програми се интересни и барани особено од компании од Бугарија и ексју земјите. И да не бидам погрешно сфатен и во Македонија има голем интерес, но факт е дека само пет до 10 отсто од луѓето во земјава имаат свои компании. Тие можат да си ја купат програмата и да си обучат свои луѓе, кои ќе го водат маркетингот, продажбата и профитот.“
Изложеностa на компаниите клуч за профит
- Секоја компанија која сака да го зголеми профитот во денешно време, најважно е да има поголема публика.На пазарот постојат фирми кои имаат просечни производи, а продаваат многу повеќе отколку фирми кои имаат идеален производ, ама никој не знае за нив. Клучот е изложеност, предлага Чешелкоски...
-Слободно можам да кажам дека стопанствениците со поддршка од нашата програма може да научат како да подигнат огромна гледаност на социјалните мрежи (од 50 000 до 100 000 публика). Тоа е како да имате своја приватна телевизија.
Прво со изучување на програмата човек може да се вработи во индустријата за дигитален маркетинг за плата- тоа е минимално излезно решение. Нашите партнери можат стекнатото знаење да го понудат на надворешни фирми, како консултанти. Како дел од нашата стратегија ги учиме да понудат пробен бесплатен период од 10-15 дена кај одреден стопански субјект, за да се види ефектот од нивното знаење за маркетинг.
Студентите можат да работат и директно со нашата фирма- да ги релкламираат производите, едукациската програма и ако има реализација добиваат процент (affiliate marketing).

Друга работа – можат да научат како онлајн да купуваат на големо од познатите онлајн дистрибутивни маркети, како Алиекспрес, Тему, од бројни магацини и саеми и да ги продаваат на Интернет за поголеми цени. Значи користејќи ја бизнис програмата можат дигитално да продаваат и да рекламираат производи и едукации и да си отворат свој бизнис. Или едноставно кажано не ги прекинуваме комуникациите .
Потоа, имаме курс каде луѓето можат да научат како да соработуваат со американски транспортни компании, во моментот соработуваме со преку 40 (порано работевме со околу 200) кои имаат дефицит од возачи.
Денес има многу бизниси кои не може да напредуваат ако не се изложени на социјалните мрежи. Еве и конкретни позитивни примери. Користејќи ја нашата програма швајцарски бренд за козметика со патентирана лажичка за шминкање, од нула, стигна до милиони во продажба, пред да го купи милијардерска фирма.
Во Македонија пак продавници со женска гардероба онлајн продале и до 500 производи на ден. Други ученици направиле 800 нарачки на кожни паричници само во една банка.
Имајќи ги предвид сите овие позитивни искуства, Чешелкоски гордо додава дека на повеќето на кои им бил ментор имаат свои агенции за маркетинг и работат и на американскиот пазар и тука во Македонија и управуваат со буџети на други фирми. „Се разбира зборувам за луѓе кои максимално се посветиле и им останува програмата засекогаш.“
И за крај, зошто да го одберат „Мр.њу лајф“ место друга едукативна академија?, Чешелкоски вели- зашто тука учиме реален бизнис, правиме реални бизнис проекти, работиме со клиенти од цел свет, како и со холивудски продуценти, рекламиравме филмови на врвни продуценти.
И заклучува: -секој што ќе го остави егото настрана, засука ракави и ги следи лекциите секој ден, по два до три часа, концентрирано и континуирано месец до два, и е подготвен секојдневно да учи, да слуша луѓе кои направиле нешто, секако ќе постигне завидни резултати.“