Силни напори за модерни колективни договори, во кои професорската плата не е под  републичкиот просек, вратени меѓучивечки односи, соживот на вработените. Ова се само дел од низата барања кон кои се стреми Независниот синдикат на образование и наука. Ваквите и низа други реформи во образованието се неопходни, смета првиот човек на Синдикатот Томислав Гиевски. И тоа пред се, за како што вели, да се врати атрактивноста на професорската професија. 

„Во моментов, има недостиг на професори по многу предмети. Во изминатите 10 години најмногу се чувствуваше во руралните средини, но, сега овој проблем се појавува и во поголемите градови. Ако овој тренд продолжи, ќе треба да се запрашаме за неколку години кој ќе ги пополни овие работни позиции. Да, можеби  ќе се најдат работници, но дали ќе бидат компетентни“, смета првиот синдикалец Гиевски.  

Според него, причината за дефицитот е повеќеслојна. Пред се ги истакнува условите за работа и работчнките права, непривлечките наставни програми за запишување на факултети за создавање на наставен кадар, како и постојаната миграција.  

„Работничките права се најглавен фактор кој довеле до ситуациајта. 30 години имаме ерозија на непочитување во секторот образование. Денеска вработените во секторот образование се соочуваат со еден сериозен проблем а тоа е закон за работни односи. Најголем проблем е непочитувањето на законот за минимална плата. Во државата таа изнесува 18 000 денари, а во секторот образование за најнизок степен на сложеност со новото покажување е 11 500 денари. Тоа е голема разлика. Почетна плата под републички просек. Ние сме едиснтвена држава во Европа каде државата го вреднува трудот со почетна плата под републички просек“, смета Гиевски.  

Според него, во моментот има стипендии за мотивирање на учениците за дасе запишат на одредени смерови. Тоа го гледа единствен начин повторно да се врати атрактивноста на професијата бидејќи како што напоменува, во многу држави најквалитетните студенти ја образуваат младината. 

„Мигарцијата е доста значајна бидејќи голем дел од колегите кои се најавиле или пак воопшто не, заминале во странство. Таму работат општи работи во конфекција, угостителство, но, се позадоволни од Македонија како просветни работници. Интересот на студентите е се помал. Денеска гледаат каква е моменталната состојба дека политиката е навлезена во воспитно образовниот процес и заминуваат“, вели Гиевски.  

За настапите на Независниот синдикат на образование и наука во јавноста ги гледа како сериозен притисок до раководните органи, со цел да сфатат дека проблемите во секторот се големи.  Сепак, како што вели Гиевски, тие се оптимисти дека ќе пораснат во силна организација која ќе има волја за решавање на проблемите.