Македонија не е имуна на климатските промени. Со текот на годините, земјата доживеа забележителни промени во нејзините климатски модели, што доведе до негативни ефекти врз земјоделските практики.
Едно од клучните влијанија на климатските промени во северна македонија е промената на температурата и шемите на врнежи. Зголемувањето на температурите доведе до зголемена стапка на испарување, што резултира со почести суши. Овие суви периоди може да имаат катастрофални ефекти врз приносот на земјоделските култури, да ја загрозат безбедноста на храната и да влијаат врз животите во руралните средини. Дополнително, непредвидливите обрасци на врнежи и екстремните временски настани, како што се интензивните бури или поројните поплави, претставуваат предизвици за земјоделците при планирањето и управувањето со нивните земјоделски активности.
Климатските промени, исто така, предизвикаа промени во сезоните на растење во регионот и ја променија соодветноста на одредени култури. потоплите зими и раните пролети ги нарушија природните животни циклуси на растенијата, што доведе до неусогласеност помеѓу цветањето и опрашувањето. ова може негативно да влијае на продуктивноста на културите кои се потпираат на специфични опрашувачи. понатаму, промените во режимите на температурата и врнежите направија одредени области помалку погодни за традиционалните култури, истовремено отворајќи можности за нови сорти кои се поотпорни на променетите услови.

За професорот Живко Јанкуловски, земјоделието е носечки столб на една земја. Во Македонија, земјоделието бидејќи спаѓа во групата на економски мерки како трета економска мерка која помага во БДП.
Според Јанкуловски, државата мора да им се помогне на земјоделците и стручно и научно, создавајќи им услови за работа.
„Тоа е најголемата причина зошто земјоделството оди во надолна линија. Со своите ресурси да им помогне државата во проблемите со климатските промени и напредните технологии кои треба да се воведат да се добие поголема продуктивност. Кај нас, земјоделството во поголем процент е на отворено и климатските промени влијаат повеќе. Ние немаме голем процент на пластеничко или индустриско производство. Во светски размени се издвојуваат дури 210 трилиони долари за справување со климатските промени. Во Македонија, околу 60 насто државата им ги плаќа осигурувањата, а 40 треба тие самите. Сметам дека има проблеми и со осигурителните компании, бидејќи периодот на осигурување не е адекватен. Треба да се разговара за тоа прашњае. Треба државата да ги усогласи недоразбирањата меѓу нив. Државата треба да ги организира сите состојби за да се осигураат осигурувањата и за правилно да се искористат субвенциите„, вели професорот.
Во услови климатските промени бидат навремено дочекани со адекватен одговор од земјоделците и ако се создадат тие специјални ресурси за пречекување климатските промени, сликата смета дека би била поинаква.
Македонија се има обврзано дека дека до 2030 година ќе ги намали или ќе справи со климатските промени. И дека ќе ги намали ресурсите од CO2 за 30 насто. Досега немаме ништо направено. Ако тие климатски промени ги прифатиме со добри економски и стручни мерки и подготвеност на какво било невреме ќе овозможиме одржливо земјоделско производство“, дециден е Јанкуловски.
Ќе нема кој да ги предвиди климатските промени
Ангелко Ангелески е од последната генерација на агрометеоролози кој веќе 38 години работи во УХМР. За краток период заминува во пензија. Стравува дека засега нема никој на повидок дека некој може да ја наследи оваа работа за поврзаноста меѓу земјоделието и метеорологијата.
„Примивме агрономи изминатите неколку години, но, секој агроном не е агрометеоролог. Бидејќи тој треба да се изгради, образува и надоградува во текот на кариерата. Проблемот е во ограниченоста на кадрите кои се образуваат како метеоролози за нивното вработување. Тие се ограничени да се вработат или во УХМР или на аеродормот. На аеродромот влегувањето е многу тешко, а во УХМР е ограничен бројот на кадрите. Многу метеоролози останаа невработени, а се дипломирани. За жал, веќе во овој период ние се наоѓаме во старосна структура и за 6 години ќе останеме со 5 луѓе квалификувани метеоролози. Потребата од метеоролози ќе стане многу алармантна“, вели Ангелески.

Неговиот став е дека земјоделците се немоќни пред промените на температурите и климатските промени.
„Со оглед на тоа каква пролет имавме, се изменија временските услови многу, тоа е глобален проблем на цела планета. Промените кои настануваат драстично го менуваат целиот тек на земјоделското производство, бидејќи тоа е фабрика на отворено и земјоделието зависи од временските услови. Какви се временските услови – кои култури ќе се садат кога ќе се сеат културите - диктира времето. Сите култури се погодени. Пролетта е најлош период. Во пролетта до април имавме празни акумулации, стравувавме за земјоделието, она што се случи со натпросечните врнежи во април, мај и јуни, ги наполнија и акумулациите, но и направија и пореметување на пролетното производство. Сите сеидби и расадување веќе доцнеа и целото производство се одложи за следен период“, вели Ангелески.
Од почетокот на септември,започна со спроведување на ИПАРД 3 програтата. Државата и македонските земјоделци ќе имаат на располагање нови 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство. Тоа претставува зголемување од 37 милиони евра во однос на ИПАРД 2 програмата со која земјата имаше на располагање 60 милиони евра,