Работодавците сакаат вработените да се вратат во канцелариите, но досегашните пристапи не се покажаа ефикасни. Вработените не ги дочекуваат ваквите иницијативи со ентузијазам. Американската компанија Robin нагласува дека работодавачите мора прво да ги разберат реалните потреби на своите вработени и да им понудат соодветни решенија, пишува Netokracija.
Затоа, Robin, како компанија која развива платформа за хибридно работење, спроведе истражување и ги откри конкретните причини зошто вработените претпочитаат работа на далечина и најде начини да ги мотивира да се вратат во канцеларија.
Истражувањето во кое учествуваа околу 600 вработени го покажа јазот помеѓу бројот на денови кои работодавците сакаат вработените да ги поминуваат во канцеларија и подготвеноста на вработените да ги исполнат тие очекувања.
Така на прашањето: Колку дена неделно во вашето претпријатие е задолжителна работата во канцеларија? Резултатите покажуваат дека кај 19 отсто од работниците задолжително е едн ден неделно да работат од канцеларија. Два дена работа од канцеларија обавуваат 14 отсто од испитаниците, а три дена 22 отсто.
Додека од 45 отсто од испитаниците се очекувало да доаѓаат во канцеларија најмалку четири дена во неделата. Меѓутоа, само 24 отсто биле подготвени да ги исполнат ваквите барања, што покажува со колкави предизвици се соочуваат работодавците.
Инаку, компанијата Robin пред две години ја презеде хрватската агенција Flow and Form која се занимаваше со дигитални решенија за оптимизирање на просторот за живеење и работа.
Зошто вработените не сакаат да одат во канцеларија
Истражувањето уште еднаш потврдило дека главните причини зошто вработените мразат да се враќаат во канцеларија се сведуваат на губење време за патување, помала продуктивност и нестимулирачка атмосфера во канцеларијата, како и отежнување на грижата за децата и домашните миленици. Меѓутоа, тие решија да го истражат ова прашање малку подлабоко.
Патувањето до работа е клучна пречка за работа од канцеларијата. Загубеното време за да се стигне до работа (29 проценти), потрошувачката на гориво (14 отсто) или пари за друг вид сообрајќај и стресот ги фрустрираат вработените.
Враќањето во канцеларија по работа на далечина во периодот на пандемискиот бум, кај многумина луѓе (29 отсто) го иницира сознанието дека се многу поефикасни кога работат од дома. Резултатите од истражувањето на Robin велат:
-Без разлика дали се работи за наоѓање идеално биро со соодветна опрема или талкање низ канцеларијата барајќи слободен простор за одржување на состанок, испитаниците забележале дека работата од канцеларија станува се помалку привлечна. Поконкретно, 76 отсто од вработените веруваат дека би биле попродуктивни во канцеларијата доколку целата потребна опрема е лесно достапна на нивните бироа.
-Значи што ги спречува вработените да доаѓаат на работа во канцеларија?- Според 20 отсто, скапиот паркинг; 32 отсто поради потрошувачката на гориво; 41 отсто изгубеното време во патување и 46 отсто сметаат дека се попродуктивни работејќи од дома.
Канцеларија без колеги
Иако беа центар на социјална интеракција, бесплатни закуски и можности за социјализација, вработените повеќе не ги сметаат канцелариите за пријатна работна средина. Тие се жалат на нивото на бучава што им пречи на работата и на недостатокот на време за колегите и пријателите.
Покрај тоа, вработените се разочарани кога ќе пристигнат во канцеларијата кога таа е целосно празна. Координирањето на распоредот за пристигнување во канцеларија стана важна, но и предизвикувачка задача за работодавците. Тоа го покажува и истражувањето на Робин, според кое 31 процент од испитаниците сакаат да знаат кога некој е на работа. Ова го покажува и изјавата од вработен во финансиска компанија Vox:
„Кога доаѓам во канцеларија и гледам многу колеги, но никој од мојот тим, немам никаква корист од одењето во канцеларија, напротив – губам време патувајќи до работа. Наместо да седам на моето биро, јас седам на бирото во канцеларијата.
Покрај тоа, јасно е дека денес е сè потешко да се постигне здрава рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Поради оваа причина, испитаниците наведуваат дека трошоците за згрижување деца и оставање миленичиња дома ги обесхрабруваат да дојдат во канцеларија. Но, иако 71 отсто од испитаниците имаат деца, а 79 отсто имаат домашни миленици, тие истакнале дека тоа не е пресуден фактор за да работат од дома.
Совети за доброволно враќање во канцеларија
Наметнувањето често и задолжително работење од канцеларија предизвикува незадоволство кај вработените, а методите кои всушност можат да ги привлечат вработените во канцеларијата се скапи.
За почеток, од Robin велат дека присуството во канцеларија треба на вработените да им понуди искуство што не можат да го реплицираат дома. На прашањето што би ги мотивирало почесто да ја посетуваат канцеларијата, вработените рекле дека тоа би биле канцелариски поволности (41 процент) како бесплатен ручек и дружење и присутност на колегите. Канцеларијата треба да им обезбеди на вработените многу повеќе од само место за работа.
Би помогнале и субвенциите за патни трошоци (39 проценти), како и некои други лични трошоци како додаток за ручек во канцеларија. Понекогаш дури и таквите поволности не се доволни за да ги поттикнат вработените редовно да доаѓаат во канцеларија. Клучен фактор се луѓето, посочуваат тие.
Како присуството на претпоставените влијае на вработените
Третина од испитаниците сакаат да знаат кога нивните колеги ќе дојдат во канцеларија, а исто толку потврдиле дека се помотивирани да дојдат во канцеларија кога знаат дека таму ќе бидат нивните претпоставени (35 отсто).
Без разлика дали се работи за дневен список или фиксен распоред, од клучно значење е на вработените да им се понуди систем што ќе им овозможи да ги планираат и координираат пристигнувањата за да знаат однапред кој друг ќе биде во канцеларија тој ден.
Различна организација на работниот простор
Канцеларијата, исто така, треба да им понуди на вработените различни простории каде што можат да го поминуваат своето време на различни начини. На пример, иако сигурно ќе им треба простор за редовни состаноци, подеднакво е важно да се обезбеди опуштена средина каде што ќе можат да се релаксираат, да се дружат или едноставно да уживаат во шолја кафе.
Овој пристап ја олеснува заедничката работа, што на крајот го подобрува нивното севкупно работно искуство.
Иако продуктивноста може да биде тешко да се дефинира, таа игра клучна улога во изборот на работна средина. Ако некој вработен чувствува дека може да биде попродуктивен надвор од канцеларијата, помала е веројатноста да одлучи да остане во канцеларија тој ден, вели Робин.
Развивањето стратегија на работното место која вклучува висококвалитетна опрема, ефикасен систем за организација на работниот простор, беспрекорни резервации на сала за состаноци и лесен пристап до потребните ресурси, ќе создаде средина каде што вработените не само што сакаат да поминуваат време, туку и ќе можат да работат најдобро.
Одговорност на претпоставените
Сите, од извршниот директор до помладиот колега, можат да имаат корист од работата од канцеларија, нагласуваат од американската компанија. Иако наведуваат дека работодавачите треба едноставно да им ја објаснат на вработените важноста на меѓусебната соработка и работењето од канцеларија, тие исто така треба да прифатат дека секогаш ќе има вработени кои работат само од дома.
Тоа, нагласуваат, е природно во современиот начин на работа.
Меѓутоа, кога вработените се во канцеларија, одговорност на лидерот е да ги негува односите, да ја поттикнува соработката и да промовира чувство за култура, заклучува Robin.