На „Инвеститорскиот ден“  склучени најмногу трансакции годинава. Вчера на Македонската берза се одржа „Инвеститорски ден” на кој се склучија вкупно 262 трансакции што е најголем број на склучени трансакции во еден ден годинава.

На „Инвеститорскиот ден“  склучени најмногу трансакции годинава

„Инвеститорискиот ден“ се организира втора година по ред, а на овој ден сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници ( банки и брокери) во износ на остварен промет до 10.000 евра.

Вчера на „Инвеститорски ден“ на Берзата се склучија вкупно 262 трансакции што претставува најголем број склучени трансакции во еден ден на тргување во 2021 година. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 216 трансакции, додека просечниот дневен број на трансакции во 2021 година е 84, соопштија од Македонска берза.

 

Според берзанското соопштение, вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции вчера надмина 640 илјади евра, односно изнесува околу 40 милиони денари што е зголемување за повеќе од 45 проценти во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во 2021 година. Допоолнително на „Инвестицискиот ден“  во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 432 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година.

Во иницијативата „Инвеститорскиот ден” вклучени се осум од вкупно десет членки на Берзата (Еурохаус, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија) и Централниот депозитар за хартии од вредност. Иницијативата има поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.