Слободно можеме да кажеме дека нафтата е една од нашите животни супстанци. Колку ли теории, пронајдоци и патенти се развија на база на други алтернативни извори, па дури и на атомската енергија, нафтата е таа од која зависи светот, односно светската еконимија и животот на сите жители на планетава. Тоа го гледаме и го чувствуваме и сега во овие тешки години од почетокот на војната во Украина, па во Газа и сега во Иран.

Нафтените кризи се тесно поврзана со геополитика, со војните, односно конкретно и најмногу со тоа „црно злато“.

Само можеме да се тешиме дека актуелнава криза не е ни прва ни последна, па ако преживееме ќа и го видиме крајот, се разбира, сите се молиме тој крај да дојде што поскоро, заено со крајот на воените конфликти.

Македонските граѓани, тогаш граѓани и државјани на Југославија, од крајот на Втората светска војна прв пат осетија нафтена криза во 1973 година. Тогаш Арапските земји (членки на OPEC) воведоа ембарго кон САД и кон западните сојузници. Причината беше поддршката на Западот за Израел. Тогаш цената на нафтата се зголеми 4 пати, што предизвика голема економска криза во САД и Европа проследен со инфлација, па дури и економиите влегоа во рецесија.

Втората нафтена криза зафати 2 години  (1979–1980), а причината беше Иранската револуција. Падот на шахот Мохамад Реза Пахлави, кој беше соборен со Исламската револуција во 1979 година во Иран, доведе до прекин во снабдувањето. Цените пак нагло пораснаа и предизвикаа глобална инфлација.

Третата нафтена криза ја зафати планетава со Заливската војна во 1990–1991. Тогаш, Ирак, под водство на Садам Хусеин, го нападна Кувајт. Последиците, како и обично - краткорочен и брз скок на цените.

Четвртата криза траеше многу долго, од 2003 до 2008.

Војната во Ирак 2003 создаде нестабилност, а цената на барелот во 2008 година достигна рекорд од над 140 долари.

Петтата риза настапи за време на COVID-19 во 2020 година. Таа криза беше многу специфична, не настана поради војна, туку поради вирусна пандемија што го блокира целиот свет и огромен број активности, па дојде до затворање на производството на огромен број индустриски гранки, како и на нафтата и нафтените деривати. Дотогаш речиси непознатиот израз „лок даун“ доби голема популарност, а значеше затворање, изолирање, или прекин на работата и движењето, најглемиот дел од светот се најде во каратнин. Тогаш дојде до драстичен пад на побарувачката, па мног компании ставија клуч на вратата.

Поради намалената побарувачка на нафтата и дериватите  драсично поевтинеа. Тогаш нафтената индустрија доживеа шок, намалување на производството, но како што слбееше ефектот од пандемијата цените растеа.

Настапи шестата енергетска криза по 2022, по почетокот на руската агресија врз Украина. Санкциите кон Русија, еден од најголемите извозници на нафта, доведоа до намалена понуда, раст на цените, а последиците беа, и се’ уште се, глобална инфлација и се поголемо осиромашување на ранливите категории во сите земји, особено на европскиот континент.

Во сета оваа историја има и една позитивна страна, а тоа е потрагата на науката за начини за користење на обновливите извори на енергија, како сонцето, ветерот,  водата и биомасата, но по се изгледа дека тие ја немаат таа слиа за да бидат „достојна“ замена за нафтата, па можеби и затоа таа црна течност го има добиено епитетот „црно злато“. 

Цената на нафтата зависи и од политиката на земјите членки на организацијата ОПЕК, која често знае да биде рестриктивна во зависност од политичките влијанија, а како последица на сето тоа се јавува инертното покачување на осигурувањето на превозниците, танкерите што проаѓаат во опасните води најмногу во Перскскиот Залив. Тогаш осигурителните компании драстично ги зголемузваат цените на осигурителните полиси, што на крајот, како и секогаш, го плаќаат крајните потрошувачи.

Значи, секогаш овие флуктуации имаат силно влијание врз светската економија, инфлација, рецесија и враќање назад на општочовечкиот развој со децении, уназадување и трошење огромни финансиски средста.

Македонија е целосно зависна од увозот на нафта, што има големо влијание врз трговскиот биланс, кој секогаш е негативен. Нафтата на светските берзи се купува со долари, па нашиот денар е во позитива кога американскиот долар е во надолна линија, но многу често се случува обратното, па тогаш и трговскиот дефицит расте само по основа на увозот на нафта, односно на деривати.  Тоа е една од големите болки на македонската економија, која од осамостојувањето се држи на стаклени нозе, нема економски раст, фалбите за раст од 2- 3% на БДП се навистина „храбри“, па можеме да речеме дури и лажни. На Македонија и е потребен континуиран раст од најмалку 5 проценти годишно, за да може барем по една деценија да се почувствува подобрување на животниот стандард.

Секое поскапување на нафтата повлекува поскапување на гасот и на струјата, енергенси кои влегуваат во инпутот на производството и така ги билдаат цените. Субвенциите за ранливите категории го товарат буџетот, а секој товар е на сметка на обичниот граѓанин кој во овие години навистина е дотеран до питачки стап, што го потврдуваат податоците не само на нашата туку и на европската статистика.