Даноците се неизбежен, иако се непосакуван дел од нашите животи. Некои од најчестите даноци вклучуваат данок на доход, данок на дивиденда, данок на имот и данок на промет, меѓу другото.

Некои земји наплатуваат даноци и за работи како наследство, долгорочни и краткорочни капитални добивки, како и акцизи и премии за осигурување, пишува Euronews.

Меѓутоа, дали би платиле данок за нездрава храна? Што е со данокот за името на бебето? Или данок колку пати ќе го пуштите казанчето во тоалетот? Овие и неколку други чудни даноци може да ве натераат да застанете и да се запрашате - дали е ова реално? Да секако, го има и тоа.

Ова се некои од најчудните даноци во светот:

Данок за боровинки

Данокот на боровинки се плаќа во американската сојузна држава Мејн, држава позната по боровинки. Како резултат на големото производство, државата Мејн воведе данок на боровинки, којшто во моментов се наплаќа по три центи за килограм диви боровинки. Ова главно се прави за да се спречи прекумерната берба на овошјето, што би било штетно за економијата на државата. Овој данок се дели помеѓу преработувачот и овоштарот.

Меѓутоа, Комисијата за диви боровинки во Мејн неодамна се откажа од ова. Во образложението како причина ги наведува зголемувањето на каматните стапки, трошоците за работна сила и инфлацијата, што се заедно ги јадат профитните маржи од боровинки. Слично на тоа, климатските промени, нестабилноста на цените и зголемената конкуренција се исто така предизвикуваат загриженост.

Комисијата побарала привремена едногодишна пауза за данокот на боровинки за да ја застане индустријата повторно на нозе.

Данок за роботи

Данокот за роботи е јужнокорејски данок што е во сила од 2017 година. Тој ефективно ги намали даночните олеснувања за вложување во роботиката, како еден начин да го забави губењето на работните места предизвикани од воведување на роботите во индустријата. Овие загуби на работни места не се штетни само за работниците и нивните семејства, туку и за владата како целина, намалувајќи ги даночните приходи бидејќи, се разбира, роботите не плаќаат даноци.

Адам Пенингтон, адвокат за вработување во адвокатската фирма Стивенсонс, напишал на својата веб-страница:

„Од перспектива на работодавачот, заменувањето на луѓето со роботи на работното место има голем број значајни предности. Роботот нема да поднесе тужба за неправедно отпуштање или дискриминација, ниту пак вработениот робот би барал сметководителите да пресметаат посебни даночни поволности и месечни плати. Роботот би можел да му овозможи на претпријатието да генерира многу повеќе приходи без да се грижи за регулативите и заштитата што би спречиле да се покренат тужби против нив“, напиша тој и продолжи:

„Се плашам дека во не толку далечна иднина, помалку квалификуваните вработени ќе се соочат со најголем дел од отпуштањата бидејќи нивните работни места ќе бидат преземени од роботи, додека вработените со повисоки квалификации, вештини и искуство, исто така, веројатно ќе бидат отпуштени.

Данок за подригнување на крави

Данокот за подригнување на кравите кратко траеше во Нов Зеланд, првично предложен од поранешната премиерка Џасинда Ардерн. Ова главно било  предложено за да се намалат емисиите на стакленички градини, како што е метанот, во кој земјоделската индустрија обично игра значајна улога.

Меѓутоа, уследиле остри критики, бидејќи земјоделците во Нов Зеланд веќе биле значително поефикасни на ова поле од нивните колеги во повеќето други земји. Критичарите, исто така, истакнаа дека наметнувањето повеќе даноци за емисиите на земјоделците, без јасен план или ефективни алатки за тоа како да се намалат, веројатно ќе предизвика губење на работни места, повисоки цени на храната и помали приходи од извоз.

Ова довело до тоа, Нов Зеланд неодамна да го укина данокот за подригнување на кравите, при што министерот за земјоделство Тод Меклеј изјавил:

„Владата е посветена на исполнување на нашите обврски за климатски промени без затворање на фарми за крави. Нема смисла да се испраќаат работници и производството во странство, додека земјите со помали емисии на јаглерод ја произведуваат храната што му е потребна на светот“.

„Затоа сме фокусирани на изнаоѓање практични алатки и технологија за нашите земјоделци да ги намалат нивните емисии на начин што нема да го намали производството или извозот“, рече тој.

Данок на чипс

Данокот на производи за јавно здравје во Унгарија, колоквијално познат како данок на чипс, е данок на разновидна нездрава храна богата со сол, шеќер и други состојки кои вообичаено се сметаат за нездрави. Ова било наметнато за да се поттикне населението да направи поздрав избор, како и да се намали дебелината кај тинејџерите.

Воведен уште во 2011 година, тој доаѓа во форма на акциза од четири проценти за пакувана храна и пијалаци, вклучувајќи слатки, зачини, безалкохолни пијалаци, чипс и овошни џемови.

Други земји, како што е Мексико, исто така имаат данок на нездрава храна. Конкретно станува збор за данок од осум проценти што бил воведен во 2013 година на производи, вклучувајќи слатки, преработена храна базирана на житарки, путер од јаткасти плодови и грицки, сите класифицирани како несуштински (неесенцијални).

Индија, исто така, има данок на маснотии во некои држави, вклучувајќи ги Керала и Гуџарат, којшто се однесува на храна како хамбургери и пици.

Бери Попкин, истражувач на политиката за храна од Универзитетот во Северна Каролина,како што објави Vox, вели:

„Можеби трошиме пет до седум проценти од нашиот буџет за храна на слатки напитоци, но трошиме уште 15 до 20 проценти на нездрава храна. Ако земеме земја како што е  САД, од 33 до 57 проценти од калориите што ги добиваат адолесцентите се од нездрава храна“.

Данок за име на бебето

Шведскиот данок за име на бебиња е данок за необични имиња за бебињата, особено оние што се значително потешки за изговор.

Родителите треба да платат околу 770 долари (717 евра) за овие имиња. Некои имиња како „Алах“ и „Икеа“ се целосно забранети, додека други по малку необични имиња како „Лего“ и „Гугл“ сè уште се прифатени. Не се дозволени имиња како Веранда, Металика и Супермен.

Имињата на шведските деца мора да ги одобри  Даночната агенција на земјата пред детето да го достигне својот петти роденден.

Неколку други земји, исто така, имаат ограничувања за одредени имиња на новороденчињата, при што Јапонија и Франција имаат закони против срамните или понижувачките имиња, додека Нов Зеланд забранува употреба на какви било официјални титули како имиња.

Данок за испирање на тоалетот

Данокот за испирање на тоалетот е данок наметнат од американската сојузна држава Мериленд,а се однесува на бројот колку пати жителите ќе пуштат вода во тоалетите, а парите собрани од уредбата одат за обновување на заливот Чесапик, којшто бил тешко погоден од растот на колониите на алги кои живеат исклучиво од фосфор и азот. Износот на данокот што се применуваше во 2004 година беше прво 30 долари, за да се удвои во 2012 година. Euronews