На 10 ноември на УКИМ беше одбележан „Светскиот ден на науката“. Овој ден никогаш не бил и македонски ден на науката, зашто Македонија речиси и да нема наука, според нејзинто учество во светскиoт „инпакт фактор“. Најголемиот дел од науката се подразбира да излегува од универзитетите и од институтите, тие да партиципираат во светските научни гласила со инпакт фактор, таа наука да има светски признанија и верифкацији. Но, отсуството на македонските универзитети на Шангајската листа - го потврдува заклучокот.
Македонија има само една манифестација и тоа повеќе за млади, значи не на некои висока научни дострели туку на патенти - „Макинова“. Нивните идеи и тудот се за поздравување, особено што самите се финансираат и се мачат да докажат дека нивниот пронајдок може да биде економски исплатлив, но ретко кој ќе најде производител што ќе го стави во својата производна програма. Од високата наука во светот од Макеоднија - нема ништо.
За надминување на тој комплекс, Македонија паѓа во малограѓански занес, па се задоволува со саеми на „научни достигнувања“ - кромидијади, пастрмалијади, питијади и дгуги „јади“...
Што е многу трагично, Македонија веќе нема класичен простор за саеми, по узурпирањето на сајмиштето во скопска Автокоманда, односно по претворањето на овој простор во огромен трговски центар, за кој тврдам дека нема економска исплатливост и дека наскоро ќе почне да се бори со ликвидноста. Економијата не се развива со пронајдоци што само ја подобруваат технолгијата, туку со високотехнолошки луда - чипови, нови материјали, авиони, ракети, CNC машини, роботи ...
Најголемите и најразвиени земји својот степен на развој го имаат достигнато токму врз основа на научните дострели, применувајќи ги во своите индустрии, потоа продавајќи им ги на другие земји, наплаќајќи голмеми суми од продажбата и со тоа држејќи ги во постојан колонијален однос, со надградба и со резервни делови, со лиценци, франшизи итн.
Еден од најголемите пронајдоци (што спаѓа во интелектуалната сопственост и од кој профитира неговиот измислител Бил Гејтс е Windows- от, оперативен компјутерски систем, без кој светот веќе не може да го замисли своето постоење и напедок. Овој пронајдок го смени животот и работата на целиот свет, предизвика револуција во животите на сите и на се, во економијата посебно. Од овој пронајдок американската економија го полни буџетот со огромни милиијарди долари од данокот на наплатата на авторските права.
Науката е присутна во напредокот од почетокот на светот. Огромен пресврт светот доживеа со пронаоѓањето на парната машина во 18 век, што доведе до индустриска револуција , заменувајќи ја мануфактурата со машинско сериско производство, кое денес прерасна во хиперпроизводство, што ги намали светските природни резерви и ја загади животната средина. Но, од таа иста наука се очекува, и нејзина задача е, да најде лек за болната природа, да ја излечи за да го спаси човечкот род од исчеснување. Тоа нема да трае кратко, но е почнато со пронаоѓањето енергија од обновливи извори, сончеви панели, ветерници, водата и биомасата.
Човекот направи вештачката интлигенција со помош на софтверот, чиповите, но таа не може да работи сама за себе и од себе, туку е исто така рожба на науката што ја има измислено човекот, како единствено свесно суштество надарено со највисока интелигенција, говор и емоции, кое има дарба со комбинација на алгоритмите да го движи светот напред. Така се постигнаа неверојатни достигнувања како истаржувањето на вселената, превозот, медицината, вакцините, хемијата, машниството итн.
Се разбира дека секоја паметан држава ја ситумлира/субвенционира својата наука, грижливо чувајќи ги тајните за пронајдоците и извезувајќи ги скапо, особено во воената индустрија.
Ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, на „Светскиот ден на науката“ не кажа ништо ново со нејзините зборови дека „довербата во науката го поттикнува развојот и затоа, рече, „мора да градиме доверба кај граѓаните и во општеството за науката што ја продуцираме – тоа е наша задача и обврска“. Тоа е една изјава на ниво на излитена флоскула, но што да рече сиротата, и самата знае дека нејзината и нашата држава за науката „мува не ја лази“. Македонија не може да се пофали со ниеден пронајдок или техничко-технолошки дострел во високата наука. Единствени брендови со кои можеме да се пофалиме се производите од земјоделството, би рекле од природно потекло, виното, тиквите, лубениците, пиперките, доматитие, кои и така се’ помалку се садат, па последниве години во големи количини се увезуваат по високи цени, ја билдаат инфлацијата, а народот живее се посиромашно. Некои техничко-технолошки достели што се наоѓаат во употреба во некои странски земји се многу малку и се инвестиција на приватниот капитал кој, пак, реинвестира во сопствените лаборатории и љубоморно ги чува тајните од конкуренцијата.
„Јавната“ наука е сведена на притачки стап. Има научници/професори кои на државните универзитети имаат инвестирано свои пари за да ја дооформат факултетстката лабораторија за да си ја олеснат работата и да го завршат својот долгогодишен трнлив пат за да докажат само една хипотеза што ја имаат поставено пред можеби неколку децении.
Развиените (паметните) земји во светот се повеќе ги зголемуваат вложувањата во истражувања, зашто знаат дека можат да бидат конкурентни само врз основа на нови начучни достигнувања. Земјите што го немаат тоа стануваат нивни зависници. Проблемот е во тоа што Западот многу брзо измислува нови генреации машини и апарати и разна друга технологија што предизвикува морална амортизација (машни кои не се физички амортизирани, се заменуват со нови затоа што се подобри, побрзи, посовремени) неразвитените мораат тоа да го следат, затоа што во спротивно заостануваат, не се конкурентни и ја губат трката, односно пропаѓаат во бизнисот.
Земјите во развој инвестираат помалку од 1 процент од нивниот БДП. Во оваа група е и Македонија со инвестирање во истражување и развој од 0,3 проценти од БДП.
Издвојувањето за наука во ЕУ расте, и се движи околу 3 % од БДП, што е неколку десетини пати поголем од нашиот. За да може да се држи чекор со развиениот свет, нашата држава ќе мора да ја зголеми својата посветеност на истражување и развој. Да, можат да се бараат и инвеститори од странство во нашата наука, но тогаш таа наука нема да биде наша, нема да имаме целосен суверенитет и пак ќе зависиме од странските „сили“. Науката, секаде во светот, се држи во тајност додека не излезе на виделина. Дали сте забележале дека еден авто-модел цело време се држи под покривка додека официјално не се промовира? Затоа Македонија може да бара помош од ЕУ во создавање услови за работа на нашата наука, но потоа да го одврзе кесето и да истури големи пари поддршка и стимулација на соипственити проекти.
Но, буџетот за науката предвиден за оваа година е еден од најниските во последните години. Македонија веќе со години ја запоставува и ја маргинализира научноистражувачката дејност, која се финансира исклучиво преку билатерални и/или меѓународни иницијативи.
Науката е основа на економијата и движечка сила на развојот, универзално, а и посебно. Науката е таа што може да создаде нови работни места, и да ги задржи своите деца дома, а не да трагаат по наука и да работат на модерни машини во странските земји. Последните податоци велат дека се’ повеќе македонски студенти одат да студираат во странство. Околу 1.500 студенти од Македонија секоја година ја напуштаат земјата за да посетуваат универзитети во други земји, при што повеќето одат во Словенија, Германија, Турција, Италија, Бугарија, Србија, Хрватска, Холандија, Австрија и други.