Едукативниот центар се појави како потреба на „Сивус“ за спремен и професиоанлен кадар кој може да почне да работи на проекти. Од друга страна, акцелераторот, пак, како потреба за специјализирани програми и програми за поддршка на стартапи. 

Како што објаснува Весна Ивановска, генералниот менаџер на едукативниот и развоен центар, голема е важноста за   вклучување на студентите во стартап надоградбата, со цел да видат кои се нивните можности за започнат со стартап и начинот на кој функционира, потенцирајќи ја големата разлика од традиционалните компании. 

За стартапите, вели дека се мали и динамични организми на кои постојано им фалат 5 луѓе. А немаат пари за да ги ангажираат. Затоа овие луѓе се првата борбена линија да покажат што знаат. Напоменува дека растењето на овој претприемачки мајднсет е најтврда бизнис вештина претприемачки да размислувате.  

„Ние сме компанија која го примени стартап еко системот. Всушност,  екосистем не постои. Кога мислиме на еко систем, мислиме за саморастечки систем кој создава вредност. Ние сме екосистемот. Тоа не е надворешен ентитет, ние заедно го правиме екосистемот. Ако треба да зборуваме за екосистемот составен од конкретни компании стартапи и студенти, можам да кажам дека „Сивус“ се доказ дека доколку навремено ја сфатите таа релација знае да даде резултати“, вели Ивановска.  

Нејзиниот став во однос на неформалата едукација е дека во „Сивус“ тоа прашање е затворено уште пред 15 години. 

„Уште тогаш започнавме да развиваме уникатен модел, кој денеска може да го наречеме работа или симулација на реални проекти, комерцијални проекти. Вистината е дека овој претприемнички однос кон учењето и иновациите е во ДНК на „Сивус“. Многу малку се знае дека пред 15 години кога се приклучив кон компанијата, имаше свој департмент, нешто што во тоа време беше авангардно. Да имате мал департмент во кој работат математичари, антрополози, социолози, психолози, кои во тој момент истражуваат за тоа време футуристички концепти. Нешто што денеска го нарекуваме вештачка интелигенција. Тогаш се истражуваше како можност некој од компанијата да се доедуцира на таа тема. Откако памтам, во компанијта циркулираше големо знаење кај индивидуалците и мантрата беше кој како знае да го пренесе знаењето на колегите, факултетите“, се сеќава Иваноска.  

Вака сигурни во успешноста на концептот, се создаде и едукативниот центар, кој со денешната терминологија, претставува спин оф компанија. 

„Нашата перспектива на работата на реални проекти е дека тоа воопшто не е лесно. Тој процес е многу комплексен и скап. Образованието е скап процес. Тоа значи и добар процес. Скап е бидејќи имаме студенти кои се многу ентузијастички и старт ап кој е многу ентузијастички и кој сака да заврши работа. Ние тука со трикови и магии, со координатори да ги испегламе сите очекувања од двете страни и да создадеме нова вредност. Нема поголема ефикасност од учење преку конкретен проект. Ве држи свесен за клиентската страна и дава практично знаење која ниедна лабораторија нема да ви го даде“, посочува Иваноска.  

Статистичките податоци кои ги сподели Иваноска говорат дека дури 170 000 професионалци од ИТ секторот ќе и бидат потребни на Европа. Меѓутоа, напоменува дека тие мора да имаат флуидни професии и познавање и од маркетинг и од програмирање. 

„За тоа неформата едукација е битна. Не може да завршите три факултети. Неформалната едуација е она што на сите бизниси им треба, а најмногу на стартап еко системот. Колку побрзо сфатиме дека мора да имаме флуидна специјалност која ќе циркулира во зависнсот од тоа каде сакаме да се позиционираме, ќе му веруваме и ќе го преферираме неформалното образование“, вели Иваноска.  

Според неа, концептот на живи проекти е битен и како компанија ќе се трудат да го  усовршуват и ќе експериментираат уште порадикално во иднина. Со оглед на тоа дека Академиите на „Сивус“ се многу популарни помеѓу младите генерации, но, и за оние кои сакаат да направат промена во кариерата, ја прашавме Иваноска дали компанијата планира проширување на капацитетите?

„Ние сме свесни за нашата голема улога во ИТ еко системот и во образованието во Македонија. Но, не правиме компромиси. Бројката на студенти кои ја примаме и ја имаме секогаш ќе биде согласно нашиот капацитет, а тоа е квалитетот што можеме да го испорачаме. Она што го правиме како проширување е кон нови пазари. Тоа е пазарот во Србија каде и многу Македонци слушаат онлајн, со оглед на тоа дека имаме и англиски групи. Свесни сме за потребата и трендовите, ќе се трудиме да бидеме респонсивни, но, не, по цена на квалитетот, посочи Иваноска.