Ние, долго време сме ја гледале Грција како земја со која сме имале спорови, а секогаш масовно сме итале на нејзините брагови. Кон Грција брзале и се натпреваруваат кој ќе стигне побргу и најголемите патриоти во најзатегнатите времиња.

Сепак, во време на затоплување на односите, ситуацијата драстично се менува. Се разбира топлата атмосфера во секое време можат да ја заладат националистички екстремисти, кои многу пати им имаат нанесено штета на гостите од Макдонија со оштеување на нивните автомобили, но такви изолирани појави има секаде во светот, па и кај нас, како на пример убиството на хрватскиот ракометар, или вандализмот на хравтските и српските младинци во охридскиот хотел. Таквите појави мораат да се жигосаат, сторителите да се стават на столбот на правдата и на срамот, а срдечноста меѓу граѓаните и народите да се шири и да се растура во неизмерни количини.

Туристите, сигурно дека се ориентираат спрема своите желби и интереси, па така, мораме да признаеме, дека  грчките брегови се примамливи за нас, убавината на Егејското море, како дел од Средоземното, Медитеранот ) што во превод значи „средина на Земјата“), потоа нејзините острови, храната, музиката и културниот однос на домаќините.     

Во оваа патеписна репортажа ќе одвоиме неколку податоци за кои туристите можеби и не се толку запознаени, а ред е да ги знаат за земјата во која толку често летуваат.

Бреговите на Грција

Освен континенталниот дел, Грција има на 1400 острви, од који најголеми и најзначајни се Крит, Евбеја, Лезбос, Родос и Крф. Брегот е многу раширен, со должина од 13.676 km, што ја става Грција на 11. место во светот.

Рељефот е главно планински, а највисокиот врв е на планината Олимп, со надморска висина од 2.917 m.

Земјата не е многу погодна за развој на земјоделството, освен во неки долини покрај реките.

Историја и култура

Современа Грција се смета за колевка на модерната европска цивилизација. Грција е татковина на современата демократија, на филозофијата, на олимписките игри, на европската  литература и историографија, на политичките науки, на важни научни и математички принципи, на географијата, на уметноста (посебно на драмските форми - комедијата,  трагедијата) а и на скулптурата.

На листата на светското културно наследство на УНЕСКО се наоѓаат дури 18 грчки локалитети.

Грција е членка на бројни међународни економски, политички и воени организации. Таа е една од оснивачите на Организацијата на обединетите нации 1945, членка на  НАТО од 1952, а на Европската унија од 1981. Од 2001. е дел од Еврозоната.

Економија

Во економска смисла, Грција се вбројува  во високоразвиените држави, со висок животен стандард. Грција е десетата членка на Европската заедница од 1. јануари 1981. године, со што почнува периодот на нејзиниот растеж. Почнуваат големи вложувања во индустријата и во инфраструктурата, поддржани од средства од Европската унија и растечкие приходи од туризмот, бродарството и угостителството. Сето тоа го има нагло подигнато животниот стандард на земјата.

Богата е со боксит, манган, никел, цинк, барит, сумпор,   сребро и др. Има развиена обоена металургија, прехрамбена, текстилна, хемијска, електротехничка, фармацевтска индустрија, бродоградба, кожна и дрвна индустрија. Исто така има и неколику нафтени рафинерии.

Потоа има развиен риболов, па донекаде и земјодлесто. Најмногу се одгледуваат маслинки, тутун, памук, грозје и некои видови овошје. Грчката економија ја крепат и значајни странски инвестиции, но и државните вложувања.

Грција го усвои еврото како своја валута 2001. година и успешно ги организира Летните олимписки игари во 2004. во Атина.

Економски ралации со Македонија

Што се однесува до економските ралации со Македонија, Грција е наш најважен трговски партнер и најголем странски  инвеститор во нашава земја. Грчките банки речиси секоја недела отвораат нова експозитура некаде на  Балканот.

Туризам

Но, најголем адут на Грција е туризсмот. Оваа гранка учествува со над 20% во бруто домашниот производ. 2018. година Грција имала преку 31 милион гости, 2019. околу 28 милиони.

Сообраќај

Природните услови, свртеноста кон моретпридонеле за развој на поморскиот сообраќај, а во последните  децении и на патниот и на авиосообраќајот.

Вкупната дужина на патиштата изнесува околу 117.000 km, од кои 107.406 km се асфалтирани. Дочжината на автопатиштата изнесува над 1030 km.

Кујната

Најчести состојки на грчката кујна се говедското, јагнешкото, пилешкото и свинското месо. Рибата и морските плодови се конзумираат на острвима и во големите  градови. Не смее да се заборави ни маслиново масло. Традиционалното грчко јадење е „сувлаки“ (раженче од јагнешко или свинско месо, со билни додатоци и помфрит).

Рестораните нудат богат избор јадења. За Грците не е  непријатно да влезат во кујната на ресторанот и да изберат нешто по желба од многобројните лонци со храна.

Население

Грција има околу 10 милиони Грци. Таа е најчиста  етничка држава на Балканот. Грците се 98% од населението, а другите етнички малцинства се Турци, Роми и Бугари (единствено признати национални малцинства) како и Албанци и Македонци, који не се признати. Од самиот почеток, односно од времето кога Грција е прв пат населена, пред околу 7.000 години, до ден денешен, Грците се трудат да докажат дека се луѓе од посебен ков.

Близина на плажите

Грција, како морска дестинација, ни е географски најблиска земја, но емотивно, тоа никој не може да го негира, најблиско ни е „нашето море и проморје“ – хрватското и црногорското, но пократките патишта побргу не водат кон Грција. А, богами и цените. Во Грција можете да помините најевтино, затоа што има разни комбинации на пансион, полупансиони, „олинклузив“, кампови, а и да спиете и на плажа никој нема да ви рече ништо.  

Границата

Единствено што не чини тоа е границата. Таа треба да се тргне веднаш. Да се ослободат луѓето од чекање, од губење од броените часови за одмор, да им се овозможи побрзо пристигнување на плажите, а тоа ќе значи и поголема фреквенција на грчките граѓани во Македонија, не само во пограничните казина, туку и во другите градови, особено во Скопје во кое одамна се нема чуено говор на грчки туристи, а во бившата, тогашниот „Словенија –спорт“ во ГТЦ имаше најголем промет од сите спортски продавници во Југославија, токму од грчките граѓани.

Не теба никој да се кара со соседите, затоа се викаат соседи, зашто седат тука до нас, па ако ни се слоши, првото апче што ќе го побараме ќе биде од нив, а и тие од нас.